МИ СЕ ГАДИ ,АМА....

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

МИ СЕ ГАДИ ,АМА....

Пишување by osa on Чет Окт 05, 2017 5:31 pm

ТЕРМОНУКЛЕАРНО Миленко предвидува: После локалните, апсење на целото раководство на ВМРО!
Вие што сте уценети, интересите на вашето газе ги ставате пред интересите на еден цел народ, им пишува Миленко на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Плусинфо продолжува со поддршката на Миленко Неделковски, човекот кој се претставува како единствениот македонски дисидент и кој се жали на цензура. Воодушевен од првите два геста на објавување на дел од неговиот разговор со Мирка Велиновска на Јутјуб и од колумната на Стефан Влахов Мицов на порталот Дудинка, Миленко на Фејсбук напиша дека очекува покана да биде колумнист во „Слободен печат“.

За жал, поради говорот на омраза кој е дел од неговиот карактер и поради постојаните клевети, навреди и закани, Неделковски не може да се квалификува за колумнист во нашиот најтиражен и највлијателен дневен весник. „Слободен печат“ не е „Дневник“ на Дарко Јаневски. Да има Миленко малку култура на дијалог и некакви елементарни скрупули, верувајте, би го поканил за колумнист. Вака, засега. ќе мора да се задоволи со преобјавување на поенти од неговите колумни и од писанијата на неговите пајташи. И тоа е помош, нели?

Денеска објавувам поенти од неговата најнова колумна на Дудинка под наслов „Ако не си апсел, ќе те апсат“. Еве што пишува, меѓу другото, Миленко Неделковски:

(...) Три години минаа од кога започна стрмоглавиот пад на Никола Груевски и тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. (...) Уште тогаш напишав реченица која сè уште важи: „Ако не си апсел, ќе те апсат“. Крајно поразително е сознанието дека од тогаш наваму сè што кажа Зоран Заев се исполни. А спротивно, сè што кажа Никола Груевски – не!

(...) Да потсетам, сè што си кажа Заев се оствари. Дека од „надвор“ големите го спремаат. Дека има договор со албанските лидери на Косово. Дека ќе формира влада. Дека Албанците треба да имаат поголеми права. Дека тие од Смилковско не се виновни. Дека Никола Груевски ќе си поднесе оставка. Дека Никола Груевски веќе никогаш повеќе нема да биде премиер. Дека тој (Заев) ќе биде премиер...

(...) Зошто се повлековте? Зошто оставките на Мијалков, на Ставревски, на Груевски?! Што беше причината што нè оставивте на милост и немилост на овие не-македонци? Зошто попуштивте? Зошто го предадовте Парламентот...

(…) Само, ве молам, немојте со ступидните оправдувања дека ќе нè бомбардирале, дека ќе сме ја загубеле државата, дека Америка е силна и слични булшити...

(...) Значи, бидејки не е тоа, што е причината што си го напуштивте народот и менаџирањето на државата?! (…) Мене на друго не ми текнува, освен на уцена. Со што? Можам само да шпекулирам. Но, уцена е дефинитивно причината за овој ужас без крај.

(…) Во мое име и во името на македонскиот народ, „ви благодарам“. Затоа што вие што сте уценети (праведно или не), интересите на вашето газе го ставате пред интересите на еден цел народ, историја и држава.

(...) За да нема чудење во медиумите после локалниве избори, со време адаптирајте се на она што ќе следи!!! Симнување, расшрафување и топење на споменици. Прв на листата е Ќосето. Топење на восочните фигури и пренамена на објектот на Музејот на Револуцијата. Одземање и пренамена на зградата на ВМРО-ДПМНЕ (Вајт хаус). Апсење на комплетното раководство на ВМРО ДПМНЕ кое е процесуирано од СЈО...

Ете, така пишува сега Миленко Неделковски. Заклучокот донесете си го сами.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12124
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МИ СЕ ГАДИ ,АМА....

Пишување by osa on Чет Окт 05, 2017 5:34 pm

odamna kazav deka mora site kopilinja da platat za greshkite i zlodela shto gi napravile ....aj prestani Gero da go "prodavash " Zaev ,mnogu e odvratno ...veruvaj ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12124
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МИ СЕ ГАДИ ,АМА....

Пишување by OPOZICIONER on Пет Окт 06, 2017 8:14 pm

abe ova mnogu e gnasno ,lize kaj shto plukal milenko ,treba da se ignorira ,a ne da se preobjavuvaat negovi pisanija ,i on treba da si "lezi",kolku mnogu on vlijaeshe na izbornite rezultati ,i taka posle izborite, idioti koi ke "pobedea "so falsifikat i so vakvi idioti kako milenko , ni ja kroea sudbinata
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 248
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МИ СЕ ГАДИ ,АМА....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот