МИТРОВДЕН

Go down

МИТРОВДЕН

Пишување by EVITA on Чет Ное 09, 2017 12:55 am

Денес е Митровден-за многу години, вечно име и вечна слава

Митровден

Ден на Свети Димитриј Солунски
Датум 26 октомври/8 ноември

Митровден (лок. Митроен) — голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој се празнува на 8. ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.


Светиот великомаченик Димитриј, кој живеел во Солун, во 3. век. Тој бил син на градоначалникот, кој долго време немал деца и по долги молитви, добил син, кого го воспитувал според христијанските верувања. По смртта на татко му, Димитриј бил назначен за градоначалник на Солун. Во тоа време, христијанството не било признаено како државна религија, па царот Максимилијан го советувал Димитриј да постапува сурово кон христијаните, но тој ги подучувал нив како да се чуваат од паганите. За тоа дознал царот и кога дошол да се увери во вистината, Димитриј воопшто не одрекувал дека е христијанин, туку јавно ја презрел паганската религија на царот, поради што бил затоврен. Со него се поврзани многу чуда, особено поврзани со одбраната на Солун од непријателите. Поради тоа, овој светец се смета за заштитник на Солун.


Освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди. Вечерта пред празникот се прави „заслуг“ (од заслужување) или „кана“ (од канење), при што поблиските се канат со лепче или со некој друг предмет. На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако прзникот падне во ден кога се пости. Исто така, на гости се оди и следниот ден, претпладне. Инаку, сите луѓе кои се викаат Димитар, Димитрија, Диме, Митре или некоја друга варијанта, на овој ден слават именден, кој се прави навечер.


Народниот обичај наложувал денес да се остане дома. Се верувало дека оној којшто денес нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови. Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник. За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април. Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

EVITA

Број на мислења : 220
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МИТРОВДЕН

Пишување by EVITA on Чет Ное 08, 2018 10:47 am

Za mnogu godini praznikot.

EVITA

Број на мислења : 220
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МИТРОВДЕН

Пишување by IVA on Чет Ное 08, 2018 12:25 pm

Cestit imenden na tie sto slavat,
avatar
IVA

Број на мислења : 342
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МИТРОВДЕН

Пишување by delta on Пет Ное 09, 2018 2:00 pm

aj cestito paterica/../.>,. kaj e rakijata/./<><?
avatar
delta

Број на мислења : 451
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МИТРОВДЕН

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот