Galeni mazi

Go down

Galeni mazi

Пишување by Bosonoga on Вто Јан 30, 2018 6:13 pm

Ke crknat bez nas mekuscite.

Мажите подолго боледуваат од грип бидејќи се разгалени

Терминот „машки грип“ стана сеприсутен, а беше вклучен и во речниците на Оксфорд и Кембриџ. Мажите потешко го поднесуваат грипот од жените, им треба подолго време да се излечат, а и поголем број од нив умираат од оваа болест, покажа едно најново истражување на Универзитетот Оксфорд.

На мажите во просек им се потребни три дена да се опорават од грип, а на жените ден и пол.

Најмалку едно истражување во изминативе шест години покажало дека мажите почесто се задржувани во болница во споредба со жените, но и дека поголем број од нив умираат.

Во речникот на Оксфорд, терминот „машки грип“ се дефинира како „состојба на настинка или слично помалку опасно заболување што го чувствуваат мажите, а се однесува на претерување и преувеличување на сериозноста на проблемот“.

Некои истражувачи потсетуваат на теоријата дека човечкиот вид би изумрел кога би морале мажите да раѓаат деца. Според оваа теорија, мажите брзо ја усвојуваат беспомошната улога на пациент и многу се потпираат на помош од другите додека не оздрават, односно дека се разгалени. Сепак, еден дел од истражувачите сметаат дека мажите навистина ги доживуваат вирусните респираторни болести поразлично од жените. Ист е и случајот со срцев удар.

Мажите најчесто имаат класични болки во градите, додека жените имаат „атипични симптоми“, како мачнина и кратко дишење. Така, можеби начинот на кој мажите реагираат на симптомите на настинка и грип е во склад со тоа како болеста влијае на нив.

Во најновото истражување, научниците тврдат дека вакцината против грип предизвикува посилна локална и системска реакција и создавање на повеќе антитела кај жените. Можно е тестостеронот да има одредена улога во тоа ошто реакцијата кај мажите е послаба.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 612
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот