Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПЛУСКАВИЦИ

Go down

ПЛУСКАВИЦИ Empty ПЛУСКАВИЦИ

Пишување by Luxor Сре Мар 07 2018, 17:49

(ФОТО) Имате проблеми со плускавици? Решете го проблемот со едноставни трикови!

Со мерак си купувате нови чевли, а со уште поголем ги обувате и чекорите полни со самодоверба, но…
Веќе после извесно време чувствувате дека кожата на нозете е надразнета, односно ви се направил плускавец кој можеби, од триењето на кожата со чевелот, пукнал и крвари…
Едвај чекорите и си мислите што и како понатаму.Но, има неколку едноставни решенија за тој проблем.Особено ако кожата ви е чувствителна и редовно ви се прават плускавици и рани…
Плускавците се повреди на површината од кожата кои најчесто се јавуваат поради триење. Кожата се здебелува и станува помалку чувствителна од околната кожа.
Спортистите, готвачите и музичарите обично се изложени на поголем ризик за појава на плускавци. Ова се најефикасните домашни лекови со кои можете да се ослободите од нив.

ПЛУСКАВИЦИ Lek-za-pluskavici
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ПЛУСКАВИЦИ Empty Re: ПЛУСКАВИЦИ

Пишување by Luxor Сре Мар 07 2018, 17:51

Еве што треба да направите:

-Земете кора од органски лимон и ставете го врз раната, потоа фиксирајте со газа и завој и така оставете преку ноќ.
Следното утро отстранете ја облогата. Плускавецот ќе исчезне за неколку дена.
-Пробајте го и следниов едноставен но многу ефикасен метод: потопете парче леб во оцет и нанесете го како облога врз плускавецот.
Покријте со газа и фиксирајте со завој. Оставете преку ноќ, а наутро отстранете.
-Исто така, можете да го примените и рицинусовото масло пред спиење. Одлично го регенерира епителот, па наутро ќе бидете изненадени со резултатите.

– И последно нешто што скоро секоја домаќинка го има во својот дом – масло од кантарион. Исчистете го раздразнетото место и нанесете од маслото. Оставете малку да се исуши и облечете чисти чорапи. Веќе после неколку часови ќе почувствувате олеснување. Раната ќе зарасне а и’ во истите чевли повеќе нема да ви се прават плускавици.

http://ekran.mk/2018/03/07/foto-imate-problemi-so-pluskavitsi-reshete-go-problemot-so-ednostavni-trikovi/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот