ДПМНЕ СЕ ВРАКА ВО СОБРАНИЕ

Go down

ДПМНЕ СЕ ВРАКА ВО СОБРАНИЕ

Пишување by OPOZICIONER on Нед Апр 01, 2018 11:29 pm

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, после неколкучасовно заседаније на Извршниот комитет на партијата се огласи во јавноста и најави дека пратеничката група на партијата, на кој е тој претседател, ќе се врати во законодавниот дом на државата.

– Донесовме одлука учествувајќи во работата на Собранието жестоко да се бориме за секој предлог кој е во корист на граѓаните и да се спротивставиме против секоја штетна мерка, и антидржавна политика спроведувана од парламентарното мнозинство – изјави Мицкоски пред седиштето на партијата.

Тој претходно во интервју за Радио Слободна Европа најави, а сега и потврди дека прво нешто што ќе направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе биде покренување на прашање за доверба на Владата.

– Во финална фаза се преговорите за реформските закони при што е постигната согласност за поголемиот дел на закони, при што беа прифатени голем дел на наши забелешки и укажувања за подобрување на законите. По целосното финализирање кое што се надевам дека ќе биде готово во следните денови ќе инсистираме за тоа да се добијат и писмени гаранции – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дополни дека ова го бараат поради тоа што капацитетите на владејачката СДСМ, според него, се слаби па се плашат овие закони да не останат само на хартија.

– Во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ не беше во Собранието тие донесоа дузина клучни закони без било каква консултација со опозицијата, како што е примерот со законот за администрацијата, подотворајќи врата за партиски реваншизам и бркања од работа. Ќе порачам надвор од реформските закони ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ништо да помине кое ќе оцениме дека не е од корист на граѓаните – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека оваа Влада нема кредибилитет и дека нејзин заштитен знак се криминалот и корупцијата.
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 439
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот