ЗЛАТЕН ПОНЕДЕЛНИК

Go down

ЗЛАТЕН ПОНЕДЕЛНИК

Пишување by TRAJCHE on Пет Јун 22, 2018 8:01 pm

МАКЕДОНИЈА
Грција в понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО
Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија.


Прегледи:
1210
22 јуни 2018, 16:06
Сподели
Сподели
Ова го откри самиот Никос Коѕијас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос.

Министерот за надворешни работи на Грција, рече дека минатиот петок, пред потпишувањето на договорот, без да биде обврзан, испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, во кое го известува и ги поставува предусловите со кои треба да биде поврзана поканата за членство, односно оние услови што ги предвидува самиот договор.

Во однос на новите писма, Коѕијас потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот беше ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските.

- Во мојата дипломатска канцеларија ги имаме од завчера подготвени писмата. Одбрав да ги потпишам самиот во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред. За да има напредок потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постојат тешкотии, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ. Нема да биде добро да се случи такво нешто." , изјави шефот на грчката дипломатија.

avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 196
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗЛАТЕН ПОНЕДЕЛНИК

Пишување by трендафил on Пет Aвг 03, 2018 1:35 pm

Ако Грција не се противи сега на нашето членство во ЕУ и НАТО, кој друг се противи. Затоа што поканите се под знак на прашање и доколку референдумот не биде изигран или фалсификуван нема да имаме покани и покрај писмата.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗЛАТЕН ПОНЕДЕЛНИК

Пишување by PRVOBOREC on Пет Aвг 03, 2018 2:02 pm

Се противите вие, дпмне-офците затоа што влезот во НАТО и ЕУ ќе го означи вашиот крај. Криминалите кои ги градевте на псевдопатриотизмот ќе се урнат како кула од карти. И нема потреба да се фалсификува референдумот, народот ослободен од вашите закани и уцени ќе го поддржи договорот со Грција за просперитет на идните генерации.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 363
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗЛАТЕН ПОНЕДЕЛНИК

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот