Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

Go down

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА Empty СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

Пишување by osa Пон Jул 02 2018, 19:43

Предавници и коцкари, наместо пратенички прашања, меѓусебни навреди
Jul 2, 2018 497 0

Пратеничките прашања на денешната собраниска седница се сведоа на лични препукувања и дисквалификации. Почна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски, со обвинувања за предавство, а во ист стил одговори премиерот Зоран Заев.

Говорите предизвикаа реплики од координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, првпат премиерот се послужил со навреди кон пратеници од опозицијата, додека координаторот на СДСМ Томислав Тунтев оценувајќи дека во говорот на пратеникот имало говор на омраза и ширење нетолеранција најави покренување постапка во врска со Етичкиот кодекс на Собранието.

Од друга страна, пратеникот на Движењето БЕСА побара одговор од премиерот Зоран Заев за тоа како ќе се викаат Албанците на документите откако беше потпишан договорот со Грција.

Заев одговори дека поради мултиетничноста на државата ќе пишува Македонско, граѓанин на Република Северна Македонија.

Инаку, опозицијата втор пат беше присутна во седницата за пратенички прашања. Тие меѓу друго, поставуваа прашања, кои повеќе беа критики и обдинувања, за економијата, земјоделството, бројот на вработени во јавната администрација, но и за бесбедноста во државата.

https://tv21.tv/mk/?p=182953

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот