Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ ИСПЛАШИВТЕ ,ЗАТОА НЕ ......

2 posters

Go down

СЕ ИСПЛАШИВТЕ ,ЗАТОА НЕ ...... Empty СЕ ИСПЛАШИВТЕ ,ЗАТОА НЕ ......

Пишување by osa Пет Jул 27 2018, 16:16

Полицијата ги „лови” ширачите на омраза на социјалните мрежи
26.07.2018 | 17:44МакедонијаПрочитано: 4085
Секторот за компјутерски криминал во МВР од денеска собира докази од социјалните мрежи за говор на омраза. Наредбата до МВР ја испратиле утрово со напомена да им биде одговорено веднаш, а прв под лупа им е фејсбук профилот на Миленко Неделковски, велат извори од обвинителството за тв24.



Но, не само објавите од Неделковски, се анализираат и коментарите во кои се повикува на омраза кон грчките граѓани, по катастрофалните пожари.

„Се обезбедуваат докази во законска форма, секторот за компјутерски криминал и форензика треба тие материјали да ги собере во електронска и писмена форма и да ни ги достави, за да продолжиме со предистражната постапка.“ - вели анонимен извор од обвинителството.

Нашите извори брифираат дека овој предмет е во рацете на обвинител, кој докторирал на тема говор на омраза. Водителот Неделковски на својот фејсбук профил продолжи со објави во кои ги правда своите ставови кон грчкиот народ, но во телефонски разговор не сакаше да ја коментира предистрагата на обвинителството. Иако јавноста е поделена каде е границата меѓу говорот на омраза и слободата на изразување, правниците порачуваат дека првото дело има строго определени елементи кои го разликуваат од правото на слободно изразување.

„Прво треба да се анализира целта и намерата на оној кој што ја пишува пораката, а целта е да поттикне насилство. Не треба да се гледа само целината, туку целиот контекст што бил напишан и да се следат последиците од ваквото ширење на говор на омраза“ - вели Павлина Зефиќ, адвокат.

Говорот на омраза е опфатен во членот 319 од кривичниот законик, според кој затворската казна се движи од 1 до 5 години, а ако говорот предизвикал и насилства може казната се движи и до 10 години. Но, казнувањето на повиците на омраза во кои има и закани дека ќе се изврши некое кривично дело поради различна припадност, е опфатено и во членот 144- односно загрозување на сигурноста. И тука казната е од 1 до 5 години.

Пожарите во Грција поттикнаа низа апели за поддршка и помош во Македонија, но и расистички и ксенофобични коментари.

https://www.24.mk/policijata-gi-%E2%80%9Elovi%E2%80%9D-shirachite-na-omraza-na-socijalnite-mrezhi

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

СЕ ИСПЛАШИВТЕ ,ЗАТОА НЕ ...... Empty Re: СЕ ИСПЛАШИВТЕ ,ЗАТОА НЕ ......

Пишување by Kalinda Пет Jул 27 2018, 16:20

Вие се исплашивте !
Ние не шириме омраза .
Со нас се беше поинаку.
Сега имате диктатура
и режим .
Но сами избравте.
Уште кратко .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот