Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

HRANA

2 posters

Go down

HRANA Empty HRANA

Пишување by Flora Пон Сеп 10 2018, 12:45

Ne e samo da znaes da gotvis, treba da znaes i sto treba da jades.

КАКВА ХРАНА ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ СПОРЕД ВАШАТА ВОЗРАСТ?

Од 20 до 30 години

Коските кај мажите растат до 25 години, а кај жените до 22. Поради овој факт, се препорачува јадење на млечни производи поради потребата од калциум. На луѓето на возраст помеѓу 20 и 30 години исто така им се препорачува да избегнуваат алкохол колку што можат, затоа што тој може да влијае врз квалитетот на кожата, косата и ноктите. Можеби најважно од сѐ е тоа што на оваа возраст треба да се избегнуваат драстичните диети и наместо нив да се создаде навика за здрава и балансирана исхрана.

Од 30 до 40 години

Во овој период од животот луѓето чувствуваат поголем замор и почесто имаат недостиг од енергија. Наместо да се одлучат за кафе и други видови стимуланси, треба да јадат сушено овошје, поточно сувите сливи кои се најдобри за енергетски поттик. Многу е важно да се зголеми внесот на свежо овошје (препорачливо јаболка), како и додатоците на исхраната, како што се витаминските таблети. За да се избегне здебелувањето, се препорачува избегнување на шеќери и нездравите масти.

Од 40 до 60 години

Во овој поодминат период од животот веќе е можна појавата на анемија, па нутриционистите препорачуваат јадење црвено месо, квалитетни но не препечени парчиња, заради внесување повеќе железо во организмот. За балансирање на хормоните се препорачува соја, а за зачувување на квалитетот на кожата, поголем внес на зеленчук и овошје. Поради фактот што метаболизмот значително забавува на оваа возраст, се препорачува избегнување на слатките, затоа што калориите од шеќерот бргу се претвораат во масни наслаги, кои потоа е многу тешко да се согорат.

Над 60 години

Првото нешто што се случува над оваа возрасна граница е падот на имунолошкиот систем. За подобра превентива, се препорачува зголемен внес на пробиотици. За да не дојде до дехидрација (која со себе може да повлече повеќе здравствени проблеми), треба да се зголеми конзумацијата на вода. Особено се препорачува незасладен чај. Потребно е да се внесува многу овошје и зеленчук, а во целост да се избегнуваат сувомеснатите производи.

http://samozdravje.mk/kakva-hrana-treba-da-jadete-spored-vashata-vozrast/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

HRANA Empty Re: HRANA

Пишување by Bosonoga Пон Сеп 10 2018, 13:14

Super toa ama nekoi ne mozat da jadat sto treba pa mora da jadat sto imaat.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

HRANA Empty Re: HRANA

Пишување by Flora Вто Сеп 11 2018, 12:12

Ova e za tie sto imaat. Very Happy

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

HRANA Empty Re: HRANA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот