Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВИЕ СЛИКАТЕ НО .....

Go down

ВИЕ СЛИКАТЕ НО ..... Empty ВИЕ СЛИКАТЕ НО .....

Пишување by osa Вто Сеп 18 2018, 22:19

Вие сликате, но власта го има списокот, од кого да се плашиме!?

Ако активистите на „бојкотирам“ можат да ги фотографираат гласачите, единствено што можат, е да ги објават тие фотографии и немаат механизми за одмаздување. Со нивните закани јa поттикнуваат власта да им одговори со контрола на гласачките списоци, а секако дека власта има и механизми за закани и одмазда. Тогаш, од кого би требало повеќе да се плашат гласачите? Ова е штетата што си ја прават на себе „бојкотирачите“.


Пишува: Арбен Зеќири

Активистите на коалицијата „бојкотирам“ со нивните јавни закани дека ќе ги снимаат и фотографираат гласачите на референдумот, би му наштетиле не само на демократскиот процес во земјата, туку и на нивната цел. Сакајќи да ги заплашат граѓаните, посебно граѓаните од македонско етничко потекло со фотографирање и објавување на „предавниците“, отвораат пат за една уште поголема закана за граѓаните и демократскиот процес на гласањето. Изгледа забораваат дека веќе не се на власт, и дека партијата што ја поддржуваат, односно којашто неофицијално ги поддржува, ВМРО -ДПМНЕ, е исто така во опозиција и дека немаат механизми за заплашување, уценување и корумпирање на гласачите.

Меѓутоа, тие забораваат дека со нивните закани предизвикуваат контра-реакција кај партиите во Владата или кај коалицијата што го поддржуваат гласот „За“ на референдумот на 30 септември. Дури, забораваат дека заканите од власта се секогаш посериозни од тие на опозицијата и дека обичниот граѓанин или не се плаши од никого, или, се плаши од тие што имаат механизми на одмазда…а тие механизми се секогаш кај власта. Така што, во последниот случај, власта поседува механизми што можат да се употребат законски, без јавно кршење на законите, и секако без „упаѓање во очи“. Ако македонската опозиција, било да е формална или неформална го има механизамот на фотографирање и снимање, власта и коалицијата „За Европска Македонија“ има друг механизам за контрола врз гласачите, а тоа е гласачкиот список.

Официјален организатор на Референдумот е Собранието на Република Македонија, право на жалба има организаторот на Референдумот, што значи пак Собранието, а референдумот како процес го спроведува Државната Изборна Комисија во којашто мнозинството членови се од власта. Еден од членовите на опозицијата (Движењето Беса) е од партијата што го поддржува Референдумот. Во изборните совети, општинските изборни совети се исто така делегирани вработени од државната администрација. И доколку Владата или коалицијата „За“ референдумот посака да им возврати на снимањето и фотографирањето на гласачите, многу лесно можат да влијаат на изборните совети што доаѓаат од администрацијата и да ги контролираат во гласачките списоци гласачите што излегле на гласање и тие што бојкотирале.

Ако се најдеме во ситуација едната страна да врши притисок преку фотографирање а другата преку механизмите на власта, тогаш административците или нема да бидат заплашени, или ако се плашат, ќе бидат исплашени од власта затоа што од неа им зависи работното место. И граѓаните, или не се плашат од ниедна страна, или, ако се плашат, тоа ќе биде од власта и нивниот одговор ќе биде: „Подобро власта да знае дека сум излегол на гласање и да сум „раат“ со нив, а опозицијата може да си ги задржи сликите и нема што да прават по тоа прашање бидејќи немаат никаков механизам за одмазда!“.

Логично е дека опозицијата со своите фотографии никого не можат да избркаат од работа, никого не можат да деградираат на пониско работно место, никого не можат да затворат, на никого не можат да му монтираат никаков процес, итн. Ако власта реши да одговори на заканите од опозицијата, има големи можности да ги направи овие работи. Власта нема потреба да извади камерман или фоторепортер на улица, но многу лесно, без многу врева и без кршење на законот може да изврши контрола врз избирачкиот список. И доколку власта го направи тоа, многу лесно може да се оправда: не испровоцираа овие од бојкотирам со нивните закани и ВМРО -ДПМНЕ што е против Договорот за референдум нема никаков пристап до списокот на тие што гласале, а со новите правила набљудувачите немаат можност ниту да ги конторлираат гласачките списоци ниту да се мешаат во процесот, туку имаат право само да набљудуваат. И што е најлошо, ВМРО-ДПМНЕ не е застапена во процесот и нема ниту набљудувачи за барем оддалеку да гледа што се случува.

Е, ова е втората и најголема грешка што ја направија со своите политички натегања. Како резултат, со нивните закани активистите за бојкотирање на Референдумот нема да заплашат никого, туку како последица од тие закани може да постигнат да ја испровоцираат власта да им врати со ист јазик. Така што бојкотирачите не само што нема да постигнат да ги запрат гласачите, туку и ќе ги заплашат нивните потенцијални поддржувачи и ќе ги натераат да излезат на гласање затоа што самите ја испоровоцирале темата за опасноста и им пратиле порака: внимателно, затоа што и власта ве „следи“, и тоа официјално и многу лесно. Освен што и штетат на својата кауза, на овој начин активистите на „бојкотирам“ го загрозуваат и демократскиот процес со фотографирањата, снимањата, контролирање на списоците, следењето и заканите кон гласачите. На секоја опозиција низ светот и одговараат слободни и демократски процеси, тие работат највеќе за тие процеси да бидат такви, само кај нас, неформалната „опозиција“ предизвикува недемократски методи, ја заматува водата и му штети на процесот, и на себе.




_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот