Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

DETOKSIKACIJA

2 posters

Go down

DETOKSIKACIJA Empty DETOKSIKACIJA

Пишување by IVA Чет Сеп 20 2018, 13:20

Da, ama digitalna koja isto taka vlijae na naseto zdravje.

Дигитална детоксикација: Како да го избегнете стресот од социјалните мрежи?

Во време кога смартфоните се составен дел од нашите животи, спуштањето на телефоните без проверување на мејлови, твитување или допаѓање на фотографии се чини како невозможна мисија. Во продолжение прочитајте седум совети на експерти, за тоа како да го избегнете стресот предизвикан од социјалните мрежи.

Сите тие информации кои ни се на дофат, како и комуницирањето со кого било во кое било време, но и константното гледање во екранот, едноставно мораат да имаат негативни последици. Ако доживувате непотребен стрес, ви предложуваме да ги прочитате овие совети од експерти.

1. Бидете свесни за заразните проверувања на социјалните мрежи

Ако забележите дека сте влегле во рутина, во која постојано ги проверувате социјалните мрежи на патот кон работа, обидете се телефонот да го замените со интересна книга или едноставно погледнете околу себе и посветете го вниманието на околината.

2. Оставете го телефонот

Не мислиме дека треба да го оставите дома, бидејќи така можете да пропуштите важни повици и пораки. Меѓутоа, ако сте на ручек, оставете го телефонот во торба или на маса. Не го носете ниту во тоалет со себе.

3. Избришете некои апликации

Ако константното проверување на социјалните мрежи влијае на вашето расположение, размислете за бришење на апликациите на одреден период. Дури и краток одмор од седум дена може да ви помогне.

4. Држете ја главата горе

Сите се движиме и гледаме во телефоните, но дали мораме да постапуваме вака? Ако сте тргнале дома или дури патувате некаде, оставете го телефонот во торба.

5. Планирајте активности со кои не можете да користите телефон

Најдете си хоби. Одете во кино и оставете го мобилниот дома, или одете во спа центар. Излезете во природа, прошетките докажано го намалуваат стресот.

6. Направете група со поддршка

Соберете го друштвото и сите исклучете ги телефоните на една вечер, за да можете сите да се концентрирате едни на други. Дружењето со блиските пријатели го зголемува нивото на хормонот на љубов, а стресот поради социјалните мрежи константно го блокира лачењето на хормонот на среќа.

7. Телефонот не ви е пријател

Кога одите да јадете, не носете го со себе и телефонот, освен ако не очекувате некој важен повик. Во поголемиот дел од случаите тој повик и не постои, туку само многу пати се користи како изговор. Поради тоа, оставете го телефонот и разговарајте со вашето семејство за време на ручек.

https://kajgana.com/digitalna-detoksikacija-kako-da-go-izbegnete-stresot-od-socijalnite-mrezhi
IVA
IVA

Број на мислења : 366
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

DETOKSIKACIJA Empty Re: DETOKSIKACIJA

Пишување by misterija Пет Сеп 21 2018, 14:56

На сите дефинитивно ни треба една добра технолошка детоксикација, нарочито на децата...алармот одамна е вклучен, а ние како зомби не реагираме воопшто....отидовме јабана, влеговме во зачараниот круг на самоубиство, на самоуништување.

Треба под итно да почнат со градење на установи во кои ке се детоксицираме, наместо да ни перат желудец на токсикологија, нека ни го чистат умот...

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот