СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by osa on Пон Јан 12, 2015 6:01 am

sekojdnevno slushame za site nastani doma i vo svetot , no i za site sportski nastani od domashna i svetska scena
jas mnogu sakam rakomet ,kosharka i normalno najmnogu go sakam MESI I NEYMAR ,a kaj se oni ,tamu e i ubaviot fudbal
eve moznost da zboruvame za sportot i sportskite nastani .....
avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Гостин on Пон Фед 02, 2015 11:31 am

Малку за тенисот...

Ѓоковиќ победник на Австралија Опен



Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) е победник на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во финалето во Мелбурн го совлада Енди Мареј (Велика Британија) со 3-1, по сетови 7-6, 6-7, 6-3 и 6-0.

Во меч кој траеше два часа и 40 минути, по неизвесните првите два сета кои беа решени во тај-брејк, Ѓоковиќ ја презема иницијативата во третиот сет, а во четвртиот беше надмоќен не дозволувајќи противникот да не освои ниту еден гем.

За српскиот тенисер ова беше петти трофеј од Австралија и вкупно осми од големите турнири, има уште два од Вимблдон и еден од УС Опен.

Во финалињата на Мелбурн, Ѓоковиќ по трет пат го победува Мареј, претходно поуспешен беше во 2011 и 2013 година.

Британецот кој го запиша 16.пораз во кариерата од Ѓоковиќ, и покрај четирите финалиња, останува без трофеј од Мелбурн.

http://24vesti.mk/gjokovikj-pobednik-na-avstralija-open

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Гостин on Саб Фед 07, 2015 2:12 pm

Понекогаш забораваме на боречките спортови, но и таму имаме солидни резултати. Вероника Костовска стана европска шампионка.

Кадетката Костовска стана европски првак во карате



Репрезентативката на Македонија во карате, во кадетска конкуренција, Вероника Костовска, го освои златниот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори.

Во дисциплината борби, во категоријата до 54 килограми, Костовска во походот за златниот медал, што е нејзин најголем успех во досегашната кариера, ги совлада Марина Кинореро од Шпанија, Кимберли Нелтинг од Луксембург, Матијана Нелис од Португалија и Ивет Горанова од Бугарија, додека во големото финале со убедливи 5:0 ја победи Французинката Гвендолин Фелипе.

На Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори кое се одржува во Цирих, Швајцарија, Македонија учествува со 35 натпреварувачи.

http://vesti.mk/read/news/4553673/1711409/kadetkata-kostovska-stana-evropski-prvak-vo-karate

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Гостин on Нед Фед 08, 2015 8:13 pm

Солиден успех на македонските претставници на Европското првенство во кадетска и јуниорска конкуренција во карате во Цирих.

ЕП, КАРАТЕ: ЗАБОРСКИ СО СРЕБРЕН МЕДАЛ, ПЕНДАРОВСКА И РАДИЧЕВСКА “БРОНЗЕНИ“ ВО ЦИРИХ



Во категоријата до 76. килограми македонскиот натпреварувач на Европското првенство во кадетска и јуниорска конкуренција во карате во Цирих (Швајцарија) дојде до сребрениот медал.
Заборски успеа да го освои второто место зад Италијанецот Антонио Де Стефано, а пред Швеѓанецот Лудвиг Ингемансон и Алехандро Молина Аренкон кои дојдоа до бронзата.
Моника Пендаровски го освои бронзениот медал кај јуниорките (“кумите“) во категоријата до 53 кг., зад Французинката Андреа Брито на првото и Ајла Махмутовиќ од Босна и Херцеговина на второто место.
Да потсетиме кај кадетките во категоријата до 54. кг (“кумите“) Вероника Костовска дојде до златниот медал. Да додадеме уште дека Сара Радичевска дојде до третото место во категоријата до 50 кг. за натпреварувачки до 21. година. Во оваа конкуренција првата позиција ја зазема Софија Будербан (Франција) и втората Гема Озуна Моралес (Шпанија).
Резултатите на останатите наши натпреварувачи:
Кадети “кумите“ -57 кг (деветто место, Бојан Димов)
Јуниорки “кумите“ -48 кг. (петто место, Христина Ристиќ)
Јуниори “кумите“ -55 кг. (деветто место, Шкелќим Рамадани)
Јуниори “кумите“ 76 кг. (седмо место, Андреј Ристески)
У21 “кумите“ -60 кг. (петто место, Горан Николовски)
У21 “кумите“ 84 кг. (петто место, Емануел Ристевски)

http://tip.com.mk/ep-karate-zaborski-so-srebren-medal-pendarovska-i-radichevska-bronzeni-vo-tsirih/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Гостин on Вто Мар 17, 2015 6:56 pm

Шарапова и Ѓоковиќ во осминафиналето на Индијан Велс

Втората тенисерка на светот, Марија Шарапова (Русија) и првиот светски рекет во машка конкуренција Новак Ѓоковиќ (Србија) имаа успешни настапи ноќеска на турнирот во Индијан Велс, САД.

Шарапова во два сета со 6:4 и 6:3 ја победи Викторија Азаренка (Белорусија) во меч од 3. коло.

Таа во следната фаза ќе се сретне со бранителката на трофејот Флавија Панета од Италија која беше поуспешна од Саманта Стосур (Австралија) со 6:4 и 6:2.

Ѓоковиќ до 4.коло стигна по победата над Алберт Рамос (Шпанија) со 7:5 и 6:3.

Следен противник на Србинот ќе биде домашниот тенисер Џон Иснер.

http://plusinfo.mk/vest/18679/-sharapova-i-gjokovikj-vo-osminafinaleto-na-indijan-vels

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by tmoro on Пет Мар 27, 2015 9:25 pm



Ево малку баскет,ееее какви тројки  давав јас на времето...слободни фрлања од 10-10,да си се пофалам самиот

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by osa on Пет Мар 27, 2015 9:31 pm

tmoro напиша:

Ево малку баскет,ееее какви тројки  давав јас на времето...слободни фрлања од 10-10,да си се пофалам самиот
a si igral vo nekoj tim ?
p.s. taka be tmoro  pishi neshto vo sport ,da prochitame ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Kalinda on Пет Мар 27, 2015 10:30 pm

Ова го викате патриотизам ?
Македонија игра фудбал ,
вие ни буква да напишете?!
avatar
Kalinda

Број на мислења : 426
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Гостин on Вто Јун 30, 2015 10:26 am

Струмица добива нов одбојкарски клуб - Виктори волеј

Градот Струмица од наредната сезона ќе има уште еден одбојкарски клуб во нашата земја. Станува збор за ОК Виктори волеј, клуб кој ќе се натпреварува во женските шампионати, а потоа ќе се вклучи и во машката одбојка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Гостин on Нед Jул 12, 2015 11:40 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТ И СЕ' ЗА СПОРТСКИТЕ ВЕШТИНИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот