Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

NOVA GVINEJA

Go down

NOVA GVINEJA Empty NOVA GVINEJA

Пишување by Flora Нед Окт 28 2018, 09:09

Imeto samo kazuva za cveketo.

Нова Гвинеја е повеќегодишно растение со неколку поголеми цветови и крупни листови. Името го добива според името на островот од каде што потекнува. Во услови на климата која владее кај нас може да нарасне во висина од 20 cm до 40 cm. Има долгнавести листови прошарани во различни нијанси, а цветовите имаат пет ливчиња кои може да бидат бели, црвени, розови, виолетови и портокалови.

Цвета од крај на февруари до доцна есен, а ако се чува дома ќе цвета и во зима, но сепак ѝ е потребен период од 2 месеци за да има бујни цветови и следната сезона.

Најдобра температура за одгледување е од 18 до 25°C. Ако се чува надвор треба дасе избере полусенковито место бидејќи силните сончеви зраци ќе ја оштетат. Во домашни услови најдобро е да се чува до прозор, но подалеку од провев.

Треба редовно да се полева, но да не се претерува бидејќи може да се појават болести како жолтило на листовите или трулење на коренот. Помеѓу две полевања треба земјата да се остави малку да се просуши. Полевањето на растението е од горе, а не смее преку листовите.

Како прихрана за да се забрза цутењето, доволно е на пролет и во лето да се додаде водорастовливо ѓубриво еднаш неделно и тоа 2 грама ѓубриво, а во есен и зима по 1 грам на литар. Треба да се внимава да не се става повеќе ѓубриво од потребното бидејќи е осетлива.

Нема голем корен и не мора да се сади во големи саксии, а најпогодни се со дијаметар од 14-16 cm. Најдобро е тоа да се прави во супстрат на база на тресет за собни растенија. не треба премногу да се притиска земјата во корено бидејќи на растението му е потребен доволно воздух.

Нова Гвинеја се размножува во рана пролет со резници, а размножувањето со семе е потешко бидејќи бара соодветна температура, посебна влажност и други услови.

Резниците со должина 8-10 cm се земаат од матичното растение и се држат во вода додека да почнат да пуштаат коренчиња. Садот со вода треба да биде покриен со целофан кој е прицврстен со ластиче и со дупчиња во кои ќе се стават резниците. Кога резниците ќе пуштат коренчиња, треба да се пресадат во мали саксии со пречник 10 cm. Потоа треба редовно да се залеваат и еднаш неделно да им се става благ раствор со ѓубриво.

NOVA GVINEJA Nova_gvineja

http://sezadomot.com.mk/napis1722.htm

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот