Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Декоративни дрва

Go down

Декоративни дрва Empty Декоративни дрва

Пишување by Гостин Чет Мар 05 2015, 08:03

Зимзелени дрвја
СОБНА ЕЛА


Собната ела (Araucaria heterophylla синоним A.excelsa) води потекло од Норфолшките острови во близина на Австралија. На нејзините природни наоѓалишта таа е високо дрво кое може да достигне висина 60-70 метри, меѓутоа во собни услови достигнува висина 1-2 метри. Таа е вид кој не сака преместување, проветни места, ниту присуство на други собни растенија во нејзина близина за да не ѝ ја одземаат светлината која треба да ја добива од сите страни, за да има убав изглед.

Декоративни дрва Hortikultura.mk_sobna_ela_araucaria_3

Доколку нема доволно светлина нејзините гранки ќе се свиткаат, игличките ќе потемнат и ќе бидат без сјај. На араукаријата ѝ треба светлина и во зимските месеци. Температурата во просторијата не треба да биде пониска од 10°С. Полевањето како и ѓубрењето треба да биде умерено за растението да не изгуби во декоративноста. Инаку ова е единствениот иглолисен вид кој успешно се одгледува и развива во собни услови и особено ефектно делува во ентериерот.
Овој вид се размножува со врвни резници, поретко со семе и калемење. Резниците се земаат од едногодишни растенија, се ставаат во вода на неколку часа, а потоа се садат во песок во топли стакленици со висока релативна влага во воздухот. Откако ќе се ожилат се садат во саксии во кои има ливадска земја, вресовина, листовка и песок.

Декоративни дрва Hortikultura.mk_sobna_ela_araucaria_5

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Декоративни дрва Empty Re: Декоративни дрва

Пишување by Гостин Пет Мар 13 2015, 21:42

ЈАПОНСКИ ЈАВОР

Јапонскиот јавор (Acer japonicum) веќе станува неизоставен дел од секој двор, поради својот нежен изглед и фино назабени лисја. Овој вид на јавор води потекло од Јапонија, Кореја, Источна и Централна Кина. Расте како џбун и достигнува висина од 6-8 метри. Кога се одгледува во саксии достигнува висина од 1-3 метри. Ова растение има широк спектар на бои во различен период од годината и поради тоа најчесто се среќава во дворовите со што ја збогатува декоративноста во било кое годишно време.

Декоративни дрва Hortikultura.mk_japonski_javor_2

Тоновите варираат во зависност од периодот, а најчесто се преоди од светлозелена, портокалова, црвена и розе.

Со цветање започнува во април и трае до мај и е препознатлив по своите пурпурно црвени цветови. За правилен раст бара посебни услови, односно добро дренирана и почва богата со хранливи материи. Треба особено да се обрати внимание и на тоа каде се сади бидејќи овој јавор бара сенка и не поднесува ветровити места. Јапонскиот јавор е вид кој е задолжителен во познатите јапонски градини како битен елемент и е погоден за алпинетуми.

Се размножува вегетативно со резници и калемење. Со резници се размножува на тој начин што се зема резница со 4 листа рано напролет (зелени резници). Долниот дел од резницата се сече рамно, а горниот рез се сече косо. Долниот дел од резницата се натопува во фитохормон.

Јаворот се смета за дрво на интелегенцијата и има исклучителна симболика. Ако се одгледува во саксија тогаш земјата не смее да се исуши, но не смее да биде и премногу влажна. Пресадувањето треба да се врши на секоја трета година. Прихранувањето се врши кон крајот на април со ѓубриво кое бавно се разложува.

Декоративни дрва Hortikultura.mk_japonski_javor_4

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот