СМС ПОРАКИТЕ НАЈАВУВААТ КРАЈ НА .....

Go down

СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Empty СМС ПОРАКИТЕ НАЈАВУВААТ КРАЈ НА .....

Пишување by osa on Пон Jул 15, 2019 12:37 am

[size=30][size=30]На кој начин СМС пораките го најавуваат крајот на врската?[/size][/size]
Датум: 14 јул 2019
Автор: Наталија Наумовска


Понекогаш на едниот партнер му е потребна мала пауза, одредено дистанцирање и желба некое време да поминува во друштво на пријателите, членовите на семејството или едноставно за да се занимава со некое хоби. Дали секогаш е изводливо да се биде јасен и директен?


СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=38&loc=https%3A%2F%2Fwww.kafepauza.mk%2Fzivot%2Fna-koj-nachin-sms-porakite-go-najavuvaat-krajot-na-vrskata%2F&referer=https%3A%2F%2Fgrid

СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Na-koj-nachin-sms-porakata-go-najavuva-krajot-na-vrskata
Психолозите велат дека желбата за прекин на врската – привремена или трајна – може да се препознае по промените во стилот на пишување на СМС-пораките.


СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=21&loc=https%3A%2F%2Fwww.kafepauza.mk%2Fzivot%2Fna-koj-nachin-sms-porakite-go-najavuvaat-krajot-na-vrskata%2F&referer=https%3A%2F%2Fgrid

Во овие пораки обично поретки се прекарите, слатките зборови и бројните симболи со кои порано сте си разменувале виртуелни бакнежи, прегратки и насмеани лица.
Текстот покажува дека е испратен повеќе како обврска, а не од задоволство.



СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=39&loc=https%3A%2F%2Fwww.kafepauza.mk%2Fzivot%2Fna-koj-nachin-sms-porakite-go-najavuvaat-krajot-na-vrskata%2F&referer=https%3A%2F%2Fgrid


Првиот знак е дека пораките стануваат сè пократки


Сите се различни, но кај повеќето луѓе кога ќе се појави потреба да се оддалечат од партнерот или кога сакаат да ја прекинат врската, тоа се покажува преку избегнување на долгите разговори и долгорочните договори и планови.

Пораките покажуваат намалена заинтересираност


На прашањето „како си“, се одговара со „добро“, а нема дополнително прашање од типот: „како помина денес на состанокот“. Секако, треба да се земе предвид дека можеби партнерот е зафатен тој ден, но ако ова се повторува од ден за ден, време е за „сериозен разговор“.

Рутинскиот редослед на испраќањето пораки се менува


Секогаш кога ќе се случи нешто важно, може да е тоа расправија со родителите или унапредување на работа, обично таа информација сакаме да ја споделиме со најблиските.
Ако партнерот сè повеќе и почесто се потпира на пријателите и ако прво со нив ги споделува возбудливите вести тоа може да биде знак дека квалитетот на љубовната врска многу опаднал.
Затоа, ако ви стигне порака: „моите веќе знаат“, вреди да се запрашате дали приоритетот на известување е променет случајно или пак претставува несвесен знак за нешто посериозно.
Тоа не значи дека секоја промена од овој вид истовремено треба да ја доживувате како аларм, но убаво е да се има на ум дека самиот прекин на врската е многу тежок и овие суптилни сигнали можат да го олеснат процесот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14643
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Empty Re: СМС ПОРАКИТЕ НАЈАВУВААТ КРАЈ НА .....

Пишување by osa on Пон Jул 15, 2019 12:40 am

interesno ,no i tochno ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14643
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Empty Re: СМС ПОРАКИТЕ НАЈАВУВААТ КРАЈ НА .....

Пишување by Bosonoga on Нед Jул 21, 2019 10:22 am

premnogu tochni fakti vo objasnuvanjeto ....
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 703
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

СМС ПОРАКИТЕ  НАЈАВУВААТ КРАЈ НА ..... Empty Re: СМС ПОРАКИТЕ НАЈАВУВААТ КРАЈ НА .....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот