Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Уставен суд

3 posters

Go down

Уставен суд Empty Уставен суд

Пишување by трендафил Вто Апр 28 2020, 17:13

Конечно Уставниот суд се разбуди од зимски сон. Ги расони одлуката на владата и тие како и другите избрани функционери, судии, пратеници и друго да земаат минимална плата додека трае пандемијата и последиците од неа. Дали се работи за договорена одлука на власта со уставните? За рамнотежа поништена е одлуката за надоместоци за СЈО, а колку толку нормална одлука е таа обичните вработени во јавниот сектор да ги добијат заслужените надоместоци, за минат труд, опасност на работа и слично.
За многу поважни прашања, на пример уставноста на промена на уставното име после неуспешен референдум уште чека на одлука.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11228
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставен суд Empty Re: Уставен суд

Пишување by Dino Вто Апр 28 2020, 18:30

Se kazano.
Уставен суд Img_2051

Dino

Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Уставен суд Empty Re: Уставен суд

Пишување by defo Сре Апр 29 2020, 13:39

Одлуките на уставните судии се за во ѓубре реално, уште еднаш покажаа дека се расипани копилиња избрани од некој дијамантски тефтер. Така да немам коментар, идиотски е сега донирањето пари, стварно е лицемерно. 


П.С  Неколку пати реков дека она со СЈО е грешка судииве на душа ќе ги носат околу 50 вработени таму, дел трансферирани од други одели и едници.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3528
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Уставен суд Empty Re: Уставен суд

Пишување by трендафил Сре Апр 29 2020, 18:25

За волја на вистината судската власт е независна и не може владата да ги одредува платите на судиите. Владата сакаше да ги укине давачките од буџетот кон пензискиот, здравствениот фонд и другите кои добиваат пари од доприносите од плата. Персоналниот данок и така ќе се врати во буџетот. Уставниот суд не забрани кој сака да биде солидарен со владата што потроши 120 милиона евра повеќе од приходот (се задолжи) за првите 3 месеци во кои немаше давано пари поради пандемијата, може тоа да го направи и сега. Слично мислам за новата верзија на апликацијата поврат на повратот (повраќање на квадрат) на ДДВ која е направена да ги збуни луѓето, па и некој што не сака да и донира пари на власта. Пари според мене не се донираат на државен буџет, туку на добротворни организации (Црвен крст на пример) или директно на лица на кои помошта им е потребна. Фали уште фондот за здравство да отвори телефонска линија за донации, а тоа право да им се скрати на болни во чие лечење фондот не сака да учествува.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11228
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставен суд Empty Re: Уставен суд

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот