Божиќна мисирка

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Божиќна мисирка

Пишување by Гостин on Саб Мар 07, 2015 10:45 pm

Ова би одело супер со македонско црвено...


Состојки
1 мисирка (3,5-4 кг)
М а р и н а д а
250 гр маргарин на собна температура
1 мала киска магдонос
80 гр крупна сол (мелена на машинче)
1 лажица мешан сув зачин
1/2 лажиче оригано
1/2 лажиче босилек
1/3 лажиче лук во прав
1 рамно лажиче црн бибер
1 рамно лажиче црвен пипер
по малку куркума, енибар, гарам масала, мускатно оревче, сумак, мајоран
1 помал лимон (сок и кора)
З а п о л н е њ е
1 мала главица кромид
4-5 чешниња лук
1 помал лимон
внатрешните органи од мисирката
Уште
6-8 ленти сланина
2 чаши вода
1 коцка за супа
1 преполна лажица густин




Мисирката се спрема ден предходно со маринада. Во маргаринот се ставаат сите зачини, солта и кората од лимон. На крај sе додава и лимоновиот сок. Се убаво с емеша.
Мисирката се мие и се бришe од водата. Се одделува внимателно кожата од месото.
Се премачкува поткожно насекаде со маринадата. Потоа, се премачкува и во внатрешноста и насекаде одозгора. Внатре се ставаат мисиркините органи, чешнињата лук нелупени, кромидот исечен на 4 и излупен само од горната лушпа и лимонот на половина. Едната половина лимон се става на самиот отвор за да ја држи полнетата содржина.

Се засекува кожата над самиот отвор на мисирката и низ него се провнуваат накрсно нозете.
Така спремена се витка со фолија и се остава на ладно (во ладна просторија или во фрижидер) да стои отприлика 12 часа.

Другиот ден, пред да се печи, се остава на собна температура да поседи половина час.
Во 2 чаши вода се раствора една коцка за супа и се тура на дното на пекачот.
Се облепува одозгора насекаде со лентите сланина, се посипува со една или две лажици маслиново масло и се става да се печи на температура од 160- 165С, онолку часа колку што е тешка. Значи, за секој кг по 1 час.
После час и пол печење, откако сланината ке се собери и излизга (таа што ќе остани не ја тргајте) повремено (на секои 15-20 минути) полевајте ја одозгора со течноста од пекачот.

Готовата мисирка пред служење оставете ја да одмори некои 45 минути за да можи убаво да се сечи. Кај нас иако одморена, сепак се исече во навала и без стручност, но тоа не не спречи со задоволство да ја изедиме.

Пред да се послужи мисирката, соберете го сосот од пекачот во помал огноотпорен сад, загрејте го и додадете го нишестето растворено во малку вода. Мешајте додека згусти уште некои 2-3 минути и сосот послужете го заедно со мисирката.

Ова е мојата прва мисирка која сум ја јадела и воедно правела. Прогуглав многу начини и искористив од сите по нешто, а зачинив со се што во моментот помислив дека ќе е вкусно. Гости што беа поканети на ручек ги пречекав со „или ќе јадиме добро или ќе мачкаме нешто на лепче“ : ) Јадовме ДОБРО и ете, со задоволство го споделувам изгугланиот рецепт на мој начин : ) Потребата да е сочна и вкусна беше повеќе од задоволувачка.



http://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0/#ixzz3TjquYWOU

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот