Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ZORAN ZAEV

+11
TRAJCHE
osa
SHARENI
Zhane
Nebula
Albatros
Luxor
OPOZICIONER
Teo
трендафил
PRVOBOREC
15 posters

Страна 19 of 20 Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20  Next

Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by PRVOBOREC Сре Апр 27 2022, 16:21

Добар ден небањати. Кај ви исчезна в.д. пастирот после ставањето на црна листа и конфискацијата на имотот на неговиот и ваш господар Грујокио?

ZORAN ZAEV - Page 19 Img_1193

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Апр 27 2022, 16:27

Додека народот не разбере дека треба на клоци да ја избрка власта доколку во разумен рок не го исполни ветеното, ќе биде овака. За жал ништо различно не е никаде во светот. Ретко во која земја во која владее либерализмот нема парламентарна демократија во смисол пратениците да бидат претставници на народот, а не на партиите. Практично парламентите се партиски акционерски друштва.

Штом Заев му честитал на Макрон, треба да значи дека овој е непријател на нашата земја
Чудно Заев бил изгледа пријател и со Макрон. Ваљда се спријателиле после француското вето за членство на Македонија во ЕУ. Ајде овде да напишам и дека кратенка на нашата земја во НАТО е НМ. Како да сме автомобил, затоа што и по предавничкиот Преспански договор ова е само автомобилска ознака, а во сите други случаи се користат кратенките според ИСО стандардите МК или МКД. Секој што не е многу будала знае дека Македонија има право на вето за сите одлуки во НАТО, па и на оваа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by TRAJCHE Сре Апр 27 2022, 20:42

Чудно Заев бил изгледа пријател и со Макрон. Ваљда се спријателиле после француското вето за членство на Македонија во ЕУ.

A Zmicko koga se sprijatelil?


https://vistinomer.mk/mickoski-go-brani-makron-ovo%D1%98-go-demantira-svo%D1%98ot-branitel-i-toa-vo-istiot-den/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 682
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Саб Апр 30 2022, 16:50

И во НАТО одевме во јато заедно со Албаинија и Хрватска, Македонија беше најдобро рангирана, но сепак не стана членка додека не го смени името под странски диктат и додека не прифати да врши притисок врз мојот идентитет со бришење на најголемиот дел од историјата што го поткрепува. Со тоа намерно или од незнаење се изврши поделба на тие што си останаа Македонци и тие со опашка северна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Јун 22 2022, 20:25

Со францускиот предлог гледаме дека сите во Македонја не гледаат како педери (како карактер) кај кои се може да помине. Се потврдува дека тоа што еден будала може да го расипе, илјада паметни тешко може да го потврдат. Не знам дали власта ќе се држи на зборот што го дала на странците или еднаш ќе го послуша народот наместо силеџиски да наметнува одлуки.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by PRVOBOREC Вто Jул 19 2022, 19:01

Браво господине Заев. Центар за македонски јазик во Грција.

https://makedonski.gr/

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by osa Вто Jул 19 2022, 19:44

PRVOBOREC напиша:Браво господине Заев. Центар за македонски јазик во Грција.

https://makedonski.gr/

ete vaka se saka narodot svoj ...ete vaka se raboti za dobroto na narodot svoj ...bravo g-din Zaev

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Вто Jул 19 2022, 21:35

Македонците во Грција, јкои не постојат за Заев и неговиот наследник Ковачевски сами го имаат формирано центарот. Владата и понатаму не признава Македонци и македонски јазик освен на територијата на Република Македонија, која сега се вика Северна после неуспешниот референдум организиран од СДСБГ и ДУИ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Bosonoga Вто Jул 19 2022, 22:29

Ako Zaev ne go sklucese prespanskiot nemase da postoi ni centarot za makedonski jazik. Sto ne go otvorija koga dpmneovskite crepovi bea na vlast. Patrioti ste samo na Halkidiki.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Jул 20 2022, 11:42

Центарот за македонски јазик си го отворија сами Македонците во Грција која за разлика од вашите бугарски браќа од бугарскатра неофашистичка власт ги почитува пресудите на европскиот суд за човекови права. Будалите од македонската влада за да ја протуркаат бугаризацијата признаваат дека Бугарите во Македонија немале човекови права иако до сега Македонија нема ни една тужба за непочитување на права од некој Бугарин што живее во нашата земја, а Бугарија не почитува 19 донесени пресуди за кршење на правата на Македонците во Бугарија. Ако нема Македонци во Бугарија како што тврдат СДСБ и ДУИ, како тоа има 19 пресуди за кршење на нивните човекови права? Не држи ни тврдењето дека Бугарите не можеле да внесат Македонци во УСтавот. Може да го сменат и тоа да го дозволат. Како тоа не им текна на предавниците од власта и да побараат реципроцитет. Всушност нема реципроцитет за ништо. О Преспанскиот договор и Протоколот со Бугарија личат на капитулација потпишана по тотален пораз. За да пристапиме во имперјачостички организации во изумирање. Според поранешниот британски премиер Тони Блер на пример, но секој паметен гледа дека следна водечка сила на светот ќе биде на чело со Кина.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Luxor Сре Jул 20 2022, 12:18

Центарот за македонски јазик, влезот во НАТО, признавањето на МПЦ, историски највисока минимална и просечна плата, почеток на преговори со ЕУ, отворен Балкан кој веќе дава резултати, се тоа е заслуга на Заев.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Jул 20 2022, 14:18

Размисли зошто кога Ламбе Алабаковски се појави во јавност е пречекан со овации, а единствениот политичаре од власта што собра храбростр да се појави во јавност на Галичката свадба со свирежи. Тоа зборува за тоа колку Македонци се спремни да станат Бугари поради зачленување во ЕУ. Не се потребни анкети.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by SHARENI Сре Jул 20 2022, 14:45

Zosto siris lazni vesti za Pendarovski. Site mediumi koj objavija osven tie na dpmne priznaa deka svirezite bile montirani. So lagi nema da dokazes nisto.
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Jул 20 2022, 21:53

Погледни му ја фацата на Претседатело. Не ти треба тон за да урврдиш кој ја зборува вистината.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Сре Сеп 07 2022, 18:17

Судот им ја потврди казната на терористите од Смилковското Езеро. Да потсетам дека поранешниот премиер лажеше дека има бомби (криминално снимени разговори) по кои тие се невини. На таа лага се налепија доста лекоумни граѓани на Република Македонија, што поради таа и серија на други лаги дојдоа во ситуација да бидат нарекувани северџани.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Чет Сеп 08 2022, 09:05

PRVOBOREC напиша:Добар ден небањати. Кај ви исчезна в.д. пастирот после ставањето на црна листа и конфискацијата на имотот на неговиот и ваш господар Грујокио?

ZORAN ZAEV - Page 19 Img_1193
Сакаш ли да кажеш дека Макрон со една кацига го купи Заев за да му наложи на Ковачевски да го прифати францускиот предлог за бугаризација на Македонија. Иако бугаризацијата на средниот век дури сега гледаме дека била завршена уште во 2019 година, со Заев како лидер на марионетската власт.
Што мислиш, дали Македонија ќе имаше успешемн референдум за независност во 1991 година ако педери како карактер беа на власт или ЗОран Заев не ќе сакаше да му се одвои Муртино во друга држава од таа на Јелена од Горњо Милановац.
Што ќе беше ако педери (како карактер) беа на власт и кога ЕУ ја донесе срамната Лисабонска декларација според која нашата држава не смее да го има зборот Македонија во името.
Зошто денеска државата не положи венец на гробот на Никола Кљусев кој беше премиер во времето на осамостојувањето? Дали Борис Трајковски е позаслужен за Македонија од Кљусев?
Да потсетам и дека Албанците го бојкотираа референдумот за независност, односно дека не сакаа независна Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by PRVOBOREC Саб Дек 17 2022, 15:40

ZORAN ZAEV - Page 19 Fklakh10

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Нед Дек 18 2022, 17:55

Безовразно е политичар да коментира судска пресуда што уште не е објавена. Не се работи за ослободителна пресуда, туку за враќање на предметот кај основниот суд поради повреди во водењето на постапката. Во првичната пресуда на исновниот суд имаше катастрофални повреди на постапката. Најзначајни се тие што одбраната често беше оневозможена да работи, судот утврди наводна штета без вештачење во вредност на набавната цена на опремата (без амортизација за повеќегодишната работа) и не зема во обзир дека истата е неупотреблива поради технолошка измена на телефонијата во Македонија.
Интересно е и кога еден амнестиран криминалец кој беше и претседаѕел на комисијата за судски реформи ги критикува судиите што тој ги реформирал и поставил во апелација.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Пет Дек 30 2022, 18:04


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Саб Дек 31 2022, 12:34

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЕКОЛНИОТ ПЛАН НА ЗОРАН ЗАЕВ Погодете кој се гледа во улогата на заеднички кандидат на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата!

Откако Плусинфо вчера ексклузивно откри што се случувало на состанокот во седиштето на СДСМ на 21 декември, на кој Зоран Заев и Венко Филипче дошле со намера да се пресметаат со Димитар Ковачевски, а си заминале со течење од ногавици, во последните 24 часа екипата на поранешниот премиер молчеливо се прегрупира за нова битка.

Во текот на вчерашниот ден се случи она што го очекувавме и што го најавивме. Освен спорадични напади врз авторот на овој текст на социјалните мрежи, Заевата пропагандна машинерија гласно го одмолча написот. Немаше деманти од учесниците на состанокот на 21 декември. СДСМ официјално не се огласи во врска со изнесените наводи дека поранешниот партиски лидер со сите сили се обидува да ги поткопа позициите на својот наследник Димитар Ковачевски и за таа мисија бара сојузници на сите страни, дури и во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо тоа, Плусинфо доби потврда од високо позициониран извор во албанскиот политички блок, кој вели дека во неговата партија за настапот на Заев на Бихаќка дознале пред десетина дена, што ќе рече веднаш по одржувањето на состанокот на раководствто на СДСМ. Изворот смета дека планот на Заев е во целосна координација со некои структури во албанските политички партии.

Од два независни извора блиски до раководството на СДСМ добивме објаснување зошто во планот на Заев е предвидена елиминација на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски и кој би можел да биде кандидатот за оваа функција што заеднички би го поддржале ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Но, за тоа подоцна.

БИЗНИСМЕН Има ли бизнис-империјата Заеви причини за загриженост?

Најважното прашање, кое бара поширока експликација, е зошто Заев одненадеж е толку загрижен за состојбите во СДСМ и во државата и зошто ризикувал да настапи со план, во ситуација кога лесно можел да претпостави дека ќе биде одбиен. Дополнително прашање поврзано со ова е каква врска имаат Американците со драмата во СДСМ.

Како што е познато, Зоран Заев има релативно долг стаж во политиката. Беше градоначалник на Струмица, беше лидер на СДСМ во опозиција обилно поддржан од меѓународниот фактор (најмногу од Американците) во периодот на борбата против режимот на поранешниот премиер Никола Груевски и потоа и самиот беше премиер безмалку пет години. Заев не е универзитетски професор (иако течно зборува англиски и неколку други јазици, на пример), не е лекар како неговиот најблизок сопартиец и сега натурализиран Струмичанец Венко Филипче и не е уметник. Тој е бизнисмен, трговец по вокација.

Општо е познато дека семејството Заеви има повеќе успешни бизниси, а нивните компании и имоти се раширени во повеќе земји на Балканот (главно во Србија и во Бугарија), а во поново време и во некои подалечни топ бизнис-дестинации, каква што е Дубаи, на пример. Во сето тоа, се разбира, нема ништо спорно. Напротив. Проблемот е во фактот што за време на своето владеење, Муртинецот ги прошири влијанието на бизнис-империјата Заеви и формалните и неформалните бизнис-партнерства со многу македонски компании и со нивните сопственици. Дел од нив се во сомнителни бизниси, а не е тајна и тоа дека дел од тие луѓе се корумпирани.

Новата американска амбасадорка Анџела Агелер, уште недојдена во Македонија, изјави дека една од нејзините први задачи ќе биде да ѝ помогне на земјава во справувањето со организираниот криминал и со корупцијата. Дека Амбасадата на САД не се шегува стана јасно кога во Македонија ненадејно се појави тим за санкции од Вашингтон. Прв пат се случува такво нешто во историјата на Македонија. Подоцна некои наши функционери, меѓу кои и секогаш „аналитички“ расположениот претседател Стево Пендаровски, објаснија дека станувало збор за дипломати кои воделе разговори со повеќе луѓе во Македонија. Пендаровски најави дека оваа мисија може да има врска со ажурирањето на црната листа на американскиот Стејт департмент, на која би можеле да се најдат и функционери од актуелната власт.

Нема начин во Македонија да се поведе остра борба со корупцијата и со организираниот криминал во Македонија, без да се отвори фронт со дел од актуелната политичка гарнитура на власт, но и со луѓе од бизнис-елитата. Дополнително, нема начин една таква борба да не ги засегне интересите на Зоран Заев, неговите конекции и партнерства и влијанието во локалните бизниси во Македонија, но и пошироко. Никој точно не може да каже колку длабоко и колку сериозно една жестока антикорупциска кампања би можела да ја погоди бизнис-империјата Заеви, но со голема сигурност може да се претпостави дека многу луѓе што правеле разни дилови со нив имаат сериозни причини да бидат загрижени.

ДЕЦИДНО Оливер Спасовски нема да игра за екипата на Заев

Тука лежи главниот мотив за обидот на Зоран Заев повторно политички да се факторизира и евентуално да се врати на бел коњ на политичката сцена. Инаку, тоа, самото по себе, не е нешто невидено во македонската политика. Овој феномен се случува, речиси законито, секогаш кога политичките лидери во заминување октроираат свои наследници. На Љубчо Георгиевски тоа му се случи со Никола Груевски. Откако Бранко Црвенковски во заминување го „црпна“ Зоран Заев и го постави на кормилото на СДСМ, се случи поделбата на „бранковисти“ и „заевисти“. Тогаш Заев не чекаше Бранко да се налути, туку прв тргна во офанзива против својот претходник. Сега тоа се случува меѓу Заев и Димитар Ковачевски, при што Муртинецот пак пука прв. Нели, Џанго пука прв…

Но, овој пат судирот во СДСМ може да биде многу посериозен од сите претходни. Влоговите се поголеми. А за исходот се заинтересирани и Американците. На состанокот на 21 декември на Бихаќка, Ковачевски прилично јасно и директно му соопштил на Заев дека му е позната агендата на Американците и дека САД во ова раководството на СДСМ и во Влада ќе има партнер во спроведување на тие приоритети. Вознемиреноста на Заев по состанокот јасно укажува на тоа дека не требало да му се „преведе“ пораката од Ковачевски, а тоа е дека оваа Влада нема намера да ги штити ни Заев ни луѓето со кои тој се договорал и создавал линии на влијание и конекции.

За успешно преживување на таа антикорупциска кампања – ако до неа воопшто дојде – на Ковачевски му се потребни единствено партиско раководство и стабилна влада. Не му се потребни Заев и младиот и надежен Филипче. Потребен му е Оливер Спасовски, на пример, влијателниот министер за внатрешни работи. Овој ресор ќе биде клучен за успешно спроведување на една таква кампања, во која темпото би го давале Американците.

Спасовски вчера се огласи во јавноста и во одговор на едно не многу коректно новинарско прашање, даде многу коректен, прецизен и интересен одговор. Имено, новинар го прашал министерот Спасовски „за коментар на новинарски текст во кој се пишува дека се подготвува промена на премиерот и на составот на Владата“. Прашањето не е прецизно, бидејќи во тој новинарски текст, на ова место и од овој автор, беше напишано дека „од кујните блиски до Заев се проширија шпекулации дека премиерот Ковачевски наводно испланирал брза реконструкција на Владата и при тоа бил со намера да ги отстрани министрите Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски“, како луѓе блиски на Заев.

Како и да е, Спасовски ја потврдил информацијата на Плусинфо дека не бил присутен на состанокот на 21 декември и одговорил на новинарското прашање:

– Сакам децидно да кажам дека оваа Влада ќе опстои до крајот на мандатот 2024 година. Лично јас, како човек кој долги години е во СДСМ и на силни и високи позиции, ќе направам сѐ да се сочува единството во партијата, да зајакне партијата и повторно промовирајќи ги тие вредности за кои што се залагавме во целиот овој период, да продолжиме напорно да работиме за реализација на значајни стратешки цели. Шпекулации, односно било какви тврдење кои се изнесуваат од наводни средби на кои што јас не сум присуствувал, воопшто не сакам да коментирам.

Веројатно и ова е доволно јасно и не треба да му се преведува на Заев. И Спасовски знае за приоритетите на Американците и останува беспоговорно во тимот на Ковачевски, спротивно на планот на Заев за брзи предвремени избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во наредните 8 години ќе ја делеле власта. Случајно или не, пред два дена Спасовски имаше средба со американската амбасадорка Агелер.

ЦИРКУЗ АДРИА Заев го предлага Заев за иден шеф на државата?

Да се вратиме сега на планот што Заев го образложил 21 декември, на состанок во Бихаќка, на кој покрај Филипче од Заева страна, присуствувале Димитар Ковачевски, Радмила Шеќеринска, Миле Зечевиќ и неколку други членови на најтесното раководство на СДСМ. Да повториме, ова се клучните точки од планот што го изложил Заев:

Одржување итни предвремени парламентарни избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе ја делат власта во наредните осум години. Премиер да биде победникот на изборите.
Eлиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата. Заев рекол дека на Албанците треба да им се овозможи 25-процентно присуство во Владата, но тоа да не биде ДУИ на Али Ахмети.
Eлиминација на претседателот Стево Пендаровски. Доколку СДСМ го добие премиерскиот мандат, идниот шеф на државата да биде од ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски стана претседател на Македонија во 2019 година, како консензуален кандидат на СДСМ, на ДУИ и на повеќе други политички партии. Следните претседателски избори во редовниот термин би требало да се одржат во 2024 година, значи заедно со парламентарните во редовниот термин. Но, ако се оди на предвремени парламентарни избори, на влада ВМРО – СДСМ и на елиминација на ДУИ на Али Ахмети, како што предвидува планот на Заев, логично е да се оди и на елиминација на Пендаровски и на предвремено претседателски избори.

Како што рековме на почетокот, два независни извора блиски до раководството на СДСМ на Плусинфо му кажаа кого планира Заев за заеднички кандидат на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата. Верувале или не, кандидатот е – Зоран Заев!

Редно е да го кажеме и тоа дека трет извор, исто така близок до раководството на СДСМ, тврди дека ова сепак е спин, насочен против планот на Заев.

ПРОФИТ Сите збунети, Мицкоски охрабрен

Спин или не, оваа тема уште еднаш води кон прашањето дали е можно Заев да е во договор со Христијан Мицкоски, кого наводно го држел „в рака“, како што се фалел. Во вчерашната објава кажавме дека Плусинфо ги провери овие наводи во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Таму добивме одговор дека немало средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев и разговори за поделба на извршната власт после изборите. Но, симптоматично е тоа што сепак имало обиди на Заев да му пристапи на Мицкоски. Не се прецизира за какви обиди станува збор.

Вчера Мицкоски се огласи на темата предвремени избори:

– Охрабрени сме што има пратеници од коалицијата во Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, кои праќаат јасни сигнали дека сакаат што побрзо да се стави крај на ова криминално и коруптивно владеење на оваа коалиција и дека се подготвени во парламентот да поддржат распуштање и организирање предвремени парламентарни избори. Добро би било и здраво ДУИ да помине мандат од четири години во опозиција. За нас прифатливо е да има брзи предвремени избори, а граѓаните ќе одлучат каква ќе биде идната влада. Да ги поддржиме тие луѓе кои дадоа вакви сигнали заедно, да изгласаме недоверба на оваа Влада и да одиме на предвремени избори.

Кои се тие луѓе што испраќаат сигнали засега не се прецизира. Дали се тоа оние 7 пратеници за кои кујната на Заев тврди дека се спремни да излезат од парламентарното мнозинство и да ја урнат владата на Ковачевски? Мицкоски категорично одбива да биде доведен во врска со Заев, но неговите коментари создаваат недоумици. Најбенигната претпоставка е дека тој сега јава на бранот на приказната за внатрешните превирања во СДСМ и се обидува да ја „бустира“ темата предвремени избори. Договорено или не, Заев сериозно му помага на лидерот на опозицијата да ги оствари намерите.

АНГЕЛИ И ДЕМОНИ Колку е долг фитилот на Заев?

Што е следно?

Нашите извори велат дека втората рунда на битката меѓу Заев и Ковачевски би можела да се случи во т.н. некрстени денови, од Божиќ до Водици. Периодот од раѓањето до крштевањето на Исус се смета за период опасен за луѓето, време кога се во движење разни „нечисти“ сили и кога починатите се во близина на своите домови. Во тие денови се фрлаат магии и се бркаат демоните и болестите.

Дали Заев и Ковачевски токму тие 12 дена ќе фрлаат магии и ќе бркаат демони? Тоа зависи од четири работи:

Прво, не се знае кога ќе се одржи првата наредна седница на Централниот одбор на СДСМ. Таа допрва треба да се закаже. Заев бил со намера својот план да го образложи на таа седница и да побара поддршка од поширокото партиско раководство. Затоа, не се знае дали ќе се случи една „сдсмовска Панорама“, пресметка како своевремено меѓу Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.

Второ, не е познато колку е долг фитилот на Заев и дали ќе се обиде во меѓувреме да тргне во напад на Ковачевски со помош на својата пропагандна машинерија. Во првите 24 часа по разоткривањето на планот на Заев, пропагандата на Муртинецот беше збунета и воздржана, веројатно во обид да се прегрупира и да ги подготви новите наративи. Заев сега е во непријатна ситуација. Тој не може да се огласи јавно, а да избегне да одговори на клучното прашање – дали е за вонредни или за редовни парламентарни избори. Ако се изјасни за вонредни, тоа ќе значи дека останува на својот план. Обратно, ако се изјасни за избори во редовниот термин во 2024 година, тоа би значело дека потклекнал и дека од превратот нема ништо.

Трето, не е јасно дали ќе има обиди за посредување за помирување помеѓу Ковачевски и Заев. Како што веќе пишувавме, еден таков обид завршил без резултат. Нашите извори сметаат дека предуслов да дојде до такво е Заев јавно да се откаже од својот план. Поучен од искуствата на други луѓе, Ковачевски тешко би прифатил некаков таен договор за ненапаѓање со Заев. А и Муртинецот, реално кажано, полага некакво природно право на поголемо внимание од човекот кого го назначил за свој наследник, па нема да си дозволи да биде понижен.

И четврто, не се знае дали амбасадорката Агелер би можела да направи обид на Заев дипломатски и со такт да му каже колку е саатот и да му го покаже местото. Нашите извори велат дека е мала веројатноста брзо да дојде до јавна средба меѓу Амбасадата на САД и Заев. Сепак, не треба да се отфрли таа можност.

Како и да е, вечерва сите ја чекаме Новата година и редно е и на актерите на оваа драма да им посакаме среќни и весели празници, многу здравје и повеќе ум, разум и такт во 2023 година. Ќе им треба.

https://plusinfo.mk/novi-detali-za-pekolniot-plan-na-zoran-zaev-pogodete-ko-se-gleda-vo-ulogata-na-zaednichki-kandidat-na-sdsm-i-na-vmro-dpmne-za-shef-na-drzhavata/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Саб Дек 31 2022, 12:39

Двајца министри на Ковачевски завчера на иста маса со Заев

Двајца важни министри во владата на премиерот Ковачевски завчера седеле на иста маса со екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Средбата се случила на настанот на кој Македонскиот олимписки комитет му даде скандалозна награда на Заев за непостоечка активност.

На масата според протоколот за кој биле информирани сите гости а кои го прифатиле и двајцата министри седеле Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета.

Симптоматично е што на настанот не бил ниту еден друг министер од владата на Ковачевски па дури ниту директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Оливер Спасовски и Славјанка Петровска кои важат за блиски соработници од времето кога министерката му беше шефица на кабинет на мкнистерот не важат за вљубеници во спортот ниту за спортисти и затоа е чудно зошто се појавиле на иста маса со Заев иако знаат дека во тек е ,,војна” меѓу него и премиерот Ковачевски.



Заев и Спасовски се меѓу главните ликови во сторијата за пресметката во СДСМ во која има битка меѓу две крила.

Засега никој не открива кои актуелни министри се во крилото на Заев.

https://www.expres.mk/dvajca-ministri-na-kovachevski-zavchera-na-ista-masa-so-zaev-foto/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Пон Јан 02 2023, 19:26

Чуден е молкот на СДСМ за овие тврдења дека навидно има судир помеѓу старото и нивото раководство на партијата. Гледам и почитуваните ботови на форумов молчат. Веројатмо чекате некој да победи па да почнете да го фалите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Вто Јан 03 2023, 13:39

Ајде да се обидам да испровоцирам дискусија. Дали почитуваните почитувачи на црпнат лидер ќе подржат и следен (и поранешен) лидер црпнат наместо од нива во село Муртино од улица во Будимпешта. Што би рекле негово враќање на бел коњ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by PRVOBOREC Сре Јан 04 2023, 18:14

PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил Саб Јан 07 2023, 11:36

Прво во Македонија немаме едно општество за сите, туку има дискриминација врз етничка основа. Ако Македонци на пример положоле правосуден испит и се запишале на академијата за судии и обвинители, по откривањето на тоа ќе им беше поништен правосудниот испит и ќе беа избркани од академијата, што би било нормално да се направи и сега. Добро е што Заев разбрал дека е ислужен политичар, отфрлрн и од тое што го донесоа на власт и дека нема шанси да се реактивира. Со неговите дела на сите ни е јасно дека Република Македонија како територија може да влезе во ЕУ, но услов е во неа да нема Македонци туку треба да се бугаризираме. Колку е добар Преспанскиот договор гледаме по тоа што во Грција е во процедура забрана за работа за изучување на македонскиот јазик со повикување на тоа дека според Преспанскиот македонски јазик не постои надвор од територијата на Република Македонија, што е најобична гнасна лага.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ZORAN ZAEV - Page 19 Empty Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 19 of 20 Previous  1 ... 11 ... 18, 19, 20  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот