Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Односите со Бугарија

+10
defo
Albatros
alienmk
SHARENI
zozoti
PRVOBOREC
TRAJCHE
Nebula
OPOZICIONER
Luxor
14 posters

Страна 4 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Нед Сеп 04 2022, 10:43

Гледам дека поголем број на функционери на власта се прават будали (можеби не дај Боже и се) и не успеваат да направат разлика помеѓу две основни работи. Ни јас немам ништо против кога веќе е направена будалаштина и во Уставот е почнато набројување на сите етнички заедници да се внетнат таму и Бугарите, но за жал единствена брана против инстуционална бугаризација на македонскиот народ е неменување на Уставот и со тоа блокирање на патот кон ЕУ со т.н. француски предлог кој тоа го содржи. Инаку во се има и добра и лоша страна. Бугаризацијата што сака да ја спроведе СДСМ ќе ги направи т.н. северџани Бугари, па нема да прават притисок врз „обичните“ Македонци и да делат со нив исто име и на тој начин да го загрозуваат македонскиот идентиет. Македонци ќе си останат само тие со македонски идентитет од праисторијата до денес, вклучувајќи го и тоа дека амебите во Македонија не се грчки туку македонски. Во моментов два народа, македонскиот и одродените Македонци (т.н. северџани да нема забуна и кои се на пат да станат Бугари) имаат исто име, па два различни народа изгледаат како еден ист. Тоа ќе ја олесни и борбата со Грците кои го украдоа македонското име, па сега на пример грчко вино може да се продава како македонско, а македонско не. Да потсетам дека македонската влада на саемот во Белград им забрани на македонските винарии своето вино да го продаваат како македонско, туку како, ако се користи придавка северномакедонско.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Сре Сеп 21 2022, 09:13

Интересно ломотење на претседателот на историската комисија од бугарска страна во кое за нас Македонците не знаеме ништо за периодот пред 1944 година. Миожам да се согласам со него дека Македонците ги мразат Бугарите, но сигурно не очекува дека ќе сакам некој што сака да прави будала од мене. Знам доста за периодот пред 1944 година од директни сведоци, татко ми и дедо ми на пример кои ми кажувале за македонската историја од античко време до втората светска војна. Од дедо ми сум слуѓал на пример за АЛександар македонски повеќе отколку за татко му Филип, а од татко ми за Скопје во време на бугарската фашистичка окупација вклучувајќи го фудбалскиот натпревар според кој е снимен филмот Трето полувреме или за тоа како скопјани им доставувале храна и вода на евреите во Монополот каде бугарските фашисти не им давале ни вода ни храна.
Не велам дека нема празни глави македонски кои имаат вентил и примаат само информации кои се произведени од страна на авроатлантската меѓународна банда и нивните слуги во земјата. За жал западните земји во секој напад на Македонија се на страна на нашите непријатели. А има Македонци што секогаш се на западна страна наместо да бидат на македонска.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Сеп 27 2022, 20:51

Какви се односите помеѓу Македонија и Бугарија се виде најдобро на вчерашниот фудбалски натпревар кога нашите навивачи ја исвиркаа химната на Бугарија. Да не беше потпишан идиотскиот договор за наводно пријателство меѓу браќата Бојко Борисов и Зоран Заев, да немаше бугарско вето и уцени насочени против човековите права на Македонците сега и во Македонија, до такво нешто немаше да дојде. Целото лудило се гледа по изјавата на поранешниот бугарски репрезентативец дека навивачите ја исвиркале химната на своите баби и дедовци, а таа химна била во употреба во Македонија само во време на бугарската фашистичка окупација што ја добија нашите партизани на бојното поле. Тоа што некоја будала потпиша капитулација без никаква воена опасност очогледно народот не ја прифаќа. Ќе беше исвиркан и премиерот ако се појавеше на теренот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by TRAJCHE Вто Окт 18 2022, 17:29

Vreme bese da im se kaze dosta e!

Ова се отворени територијални претензии и говор на омраза, кој според сите меѓународни и билатерални договори на Македонија со ЕУ е основа за да се реагира – порача Османи .

- Иако досега се обидувавме да го игнорираме, затоа што целта на европратеникот е да ги искористи тие реакции за себепромоција, овој пат ги надмина сите граници на провоцирање и тука мора да реагира и бугарската држава бидејќи тоа се веќе територијални претензии и навредлив говор кон народ и тоа нема да го премолчиме. - изјави Бујар Османи МНР.

https://24.mk/details/makedonskoto-mnr-upati-pismena-nota-za-najnovata-provokacija-na-evropratenikot-dzambaski
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 682
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Окт 18 2022, 19:31

Има и друг проблем, одлуката на локалната самоуправа на Благоевград против отворањето на македонскиот културен центар во тој град. Во декларацијата комплетно се негира постоењето на македонската нација која се прогласува за вештачка творба на Коминтерната. Ново е дека сега се спомнува дека тоа се случило од 1934 година, а не во 1944 година, со што од Тито „вината“ се префрла на Ѓуро Ѓаковиќ, кој бил во тоа време лидер на КПЈ. Сепак се работи за напредон па со тек на време Бугарите ќе разберат дека вината за постоењњето на Македонците е на античкиот крал Каран и неговите наследници од кои најпознати се Филип Втори и АЛександар Трети.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Ное 01 2022, 15:52

Интересно мислење на бугарски професор. Вееројатно тие од СДСМ не можат да го разберат. Заев пред се. Ни Фон дер Лајен и другите од евроатлантската меѓународна банда исто така.

https://plusinfo.mk/makedoncite-se-makedonci-i-tochka-bugarski-profesor-bez-rakavici-a-protrese-makedonskata-tema-na-bugarska-televizi-a/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Ное 01 2022, 21:24

Чудна изјава на министерот Османи. Да го прекинеме кругот во кој сме влезени со Бугарија и да се вратиме во нормален колосек. Основна причина за ненормалноста не се кај нас, туку во ненормалните барања на Бугарија поддржани од евроатлантската меѓународна банда.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Сре Ное 02 2022, 11:32

Односите со Бугарија - Page 4 Pirinska

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Вто Ное 08 2022, 08:38

Познатиот научник македонист Горан Калоѓера, Хрват, не е симпатизер на ниту една македонска партија, се чуди зошто во Македонија никој не реагира на идиотските изјави кои во најголем дел се лаги на потпретседателката на Бугарија при посетата на Битола. Калоѓера вели дека нема „намера да ја оспорува глупоста на Јотова, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и да уништи сѐ што е македонско“. Да дополнам дека Бугарија во својата намера ја има поддршката од евроатлантската меѓународна банда и од марионетската македонска власт што таа ја има донесено во Македонија. Влада што смета дека нема Македонци во Бугарија и Грција и тоа го има потпишано во договорите со овие земји. Што би рекле се работи за тотални слепци или ментално пореметени луѓе, кои како ќе им напредува болеста ќе престанат изгледа да гледаат и Македонци во Македонија.

https://www.expres.mk/vladata-da-reagira-na-drskite-lagi-i-provokacii-na-jotova/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Ное 12 2022, 18:39

Чудно е што министерот Бугар Османов договара што да прави Македонија со Бојко Борисов кој нема никаква функција во Бугарија. Човек што не си поднесе оставка откако во својата земја два пати по ред ги загуби изборите, но нема достоинство и не си поднесе оставка. Не знам како може министер да се договара како да се изигра закон донесен без ниту еден глас против во македонското Собрание. Излегува дека одлуката на Бугар Османов е посилна од одлуката на Собранието. Во демократска земја веднаш би бил разрешен од премиерот. Кај нас изгледа има две причини што тоа не се случува. Првата дека и премиерот размислува како да ја изигра одлуката на Собранието, а втората дека за министри од ДУИ не одлучува тој туку Али Ахмети. Толку за демократијата во Македонија, земја што по неуспешен референдум си го смени името.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Чет Ное 24 2022, 11:56

https://www.expres.mk/dimitrov-napadot-na-boris-treti-vo-ohrid-brutalen-akt-na-omraza/

Што да напишам нза изјавата на претседателот на историската комисија од бугарска страна, ангел Димитров, дека нападот врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид е – брутален акт на омраза. Точно е, во Македонија мнозинството, сите освен тие некои албански партии (СДСМ, ДУИ ...) го мразиме фашизмот. Лично не ги мразам Бугарите. Ги жалам и им посакувам побрзо оздравување, затоа што мислам дека само будала може да мисли дека подобро од мене знае на кој народ му припаѓам. Истото го мислам и за евроатлантската меѓународна банда. Таму веќе нема масовна хистерија помеѓу луѓето против нас Македонците, туку тоа го прават политичките врхушки. Што не може да се каже за Бугарија или Грција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by alienmk Пет Ное 25 2022, 07:50


alienmk

Број на мислења : 382
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Пет Ное 25 2022, 08:33

Во времето кога не блокираше Грција со наводниот спор за името што СДСМ и ДУИ го заврѓија со Преспанскиот договор со кој освен името предадоа уште многу други работи, Европскиот парламент секогаш носеше одлуки дека Македонија треба да ги почне преговорите, но врхушката на ЕУ (евроатлантската меѓународна банда) секогаш тоа го блокираше. Во ЕУ не владее парламентарна демократија, туку одлучуваат лидерите на државите, при што секоја држава има право на вето, односно право на диктатура. Исто како кај нас, малцинството може да блокира демократска одлука на мнозинството со т.н. Бадинтерово мнозинство.
Денес во Охрид треба да има заедничка антитерористичка вежба на македонската и бугарската полиција. Ако тоа го поврземе со прогласувањето на патриотите што беа против Тиранската платформа и промената на името за терористи и се осудени заедно на преку 2 века затвор, изгледа дека оваа вежба е за тоа доколку македонската моментална администрација се одлучи за насилна бугаризација на Македонците, против тие што ќе се спротивстават ќе дејствува и бугарската полиција. За нив и партизаните по сегашна терминологија биле терористи.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Сре Ное 30 2022, 10:34

Бугарски историчари на „тркалезна маса“ договориле дека таму никогаш не владеел фашизам.

https://www.expres.mk/bugarski-istorichari-na-trkalezna-masa-dogovorile-deka-tamu-nikogash-ne-vladeel-fashizam/

Чудно е зошто тогаш имаат договорено со Заев во Македонија на спомениците на жртвите од времето на бугарската фашистичка окупација да не се избрише зборот фашистички, туку бугарски. Ако нивни војници и полицајци убиле некого, самите бараат бугарските злосторници да бидат забележани како фашисти. АКо на пример во Ваташа се избрише бугарски, фашисти се старешините на бугарската војска полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков. ЗЛосторството е извршено како подарок за шестиот роденден на тогаш бугарскиот престолонаследник Симеон Втори. Тоа е наследникот на цар Борис Трети кој потпишал дозвола името на неговиот татко да го носи бугарскиот фашистички клуб во Охрид, а името на неговиот дедо Фердинанд кој требаше да се отвори во Богданци, но власта соочена со паѓање на рејтингот по отворањето на првите два клуба сега за сега не дава дозвола за тоа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Дек 03 2022, 10:08

Еве неколку делови од интервјуто на кумановскиот градоначалник, Максин Димитриевски.

Во Куманово изобилува позитивниот дух но жал сите тие фрустрации што ги доживуваме како граѓани кога слушаме дека Куманово го ослободиле Бугари како ќе се чуствувате.Што ќе кажат нашите претци, баба ми е уште жива 94 години има и е жив сведок на историјата како ќе чуствува.Граѓаните се депримирани. Куманово е поинаков, многу граѓани работат за странски компании, донесоа сериозни пари.Се обидуваме да ја раздвижиме индустријата, отворивме нова индустриска зона, имаме две нови инвестиции, разговараме за уште една нова, во фаза е отворањето на новиот погон на Дрекслермаер.

Не постои заедничка историја со Бугарија.Постои посебна историја која можеби во одредени моменти се судира во делот на интересите и како се толкува.Секој нека си ја чита својата историја, взаемно да се почитуваме, да градиме добрососедски односи со соседите, и со другите развиени држави и да одиме напред.

Иницијативата за референдум би ја поддржал, ако дојде до референдум апсолутно ќе излезам и ќе се произнесам. Сметам дека е недозволиво да се менува генезата на македонскиот народ за да се членува за да се членува во одредена асоцијација па макар тоа да е ЕУ. Иако гледаме дека сме под постојан притисок, т.е убедување, никој директно на нас не врши притисок, но доаѓаат разни авторитети од ЕУ кои не убедуваат и ни го гарантираат македонскиот јазик а всушност македонскиот јазик и прашањето за јазикот се отвора во делот од преговорите како последно поглавје.


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Чет Дек 08 2022, 19:24

Слушнете како говореле Бугарите пред да почнат да го користат мајкедонскиот јазик.


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Дек 24 2022, 11:02

Историскиот негационизам не е европска вредност, туку е казниво дело

Историчарите и универзитетските професори тврдат дека бугарскиот историски негационизам е идентичен со радикалните доктрини и геноцидот на нацистичка Германија врз Евреите

Нашето општество во еден подолг период е сведок на постојано негирање на македонската историска самобитност, која има намера да го видоизмени вековниот континуитет на македонскиот народ. Ова негирање е својствено за бугарското општество и тоа е очигледно од изјавите на повеќемина високи бугарски политичари и општественици. Но бугарското ирационално негирање не е ограничено само на македонскиот народ туку и на одредени сегменти од бугарско минато, како што е бугарскиот фашизам или екстремниот бугарски национализам, кој се манифестира преку идејата за санстефанска Бугарија.

Историски негационизам и историски ревизионизам


Во минатото доколку ирационалното негирање на историските факти и настани беше типично за Бугарија, денес некои од чинителите во македонското општество како да се придружија во негирањето на македонскиот историски континуитет и самобитност. Во конкретниот пример кога се негира македонската автохтона историја станува збор за историски негационизам, а не за историски ревизионизам, два поима што честопати погрешно се изедначуваат. Историски ревизионизам, всушност, е академска реинтерпретација на историјата, односно ново видување на историските документи или извори. Кога се негира постоењето на македонскиот народ врз основа на фалсификување или искривување на историските извори станува збор за пример на историски негационизам, слично како што е негирањето на холокаустот. Во рамките на Европската Унија, како и во неколку други држави, историскиот негационизам е кривично дело, затоа што е говор на омраза.

Негационизмот како феномен

Ревизионистичката перспектива не негира одреден историски настан или процес, туку повеќе има цел да го оспори конвенционалното гледиште. Негационистичката перспектива, наспроти тоа, го негира самото постоење, ги занемарува утврдените историски норми и ја нарушува врската помеѓу настанот и историската реалност. Како конкретен пример на историскиот негационизам може да се посочат постојаните негирања на македонскиот народ и неговото историско минато, како и негирањата на бугарскиот фашизам и учеството на царска Бугарија во холокаустот.
Според историчарите и универзитетските професори, ваквото бугарско историско негирање е речиси идентично со радикалните доктрини што го негираат геноцидот на нацистичка Германија врз Евреите, Ромите или другите луѓе, опишувајќи го како обичен мит, лага или измама. Срцевината на оваа негационистичка идеологија е негирањето на постоењето на гасните комори, слично како што современото бугарско општество се обидува да го релативизира учеството на Бугарија во уништувањето на македонските Евреи или кога го негира постоењето на македонските национални особености.

Историскиот негационизам наспроти историските факти


Историскиот негационизам се карактеризира со фалсификување или искривување на историските извори и документи. Овој негационизам може да користи техники недозволиви во соодветниот историски дискурс, како што се претставување познати фалсификувани документи како вистински, припишување заклучоци на книги и извори што го известуваат спротивното, манипулирање со статистички податоци на серии за поддршка на дадената гледна точка и намерно погрешно преведување текстови.
Во изминатиов период имаше неколку обиди за дискредитирање на одредени македонски историски личности, со намера да се доведе во прашање македонското историско минато. Најочигледен е примерот со македонскиот национален деец Гоце Делчев, кому му се дава бугарски колорит. Но бугарскиот историскиот негационизам не е ограничен само на Делчев, туку напротив, во обидите да му се даде бугарски карактер на македонското револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век има обиди за претставување на Христо Татарчев, првиот претседател на Македонската револуционерна организација (МРО), како личност со бугарска национална свест, нешто што е спротивно од историската реалност.
Меѓу двете светски војни, Христо Татарчев објави голем број текстови во кои се очигледни неговите ставови за македонскиот народ и токму овие пишувања го доведуваат во прашање историскиот негационизам што некој се обидува да го наметне. Во 1930 година за весникот „Македонија“, Христо Татарчев го напишал следното: „Народ, кој го истрпи петвековното ропство; кој што се ослободи од фенерскиот духовен гнет; кој што ја разруши турската империја со своите епски подвизи и борби, не може да се откаже од својата историја и култура, како и од своето право на суштествување како нација. Македонскиот народ, кој четири децении се бори со извонредна посветеност, не може по никаква цена да ја направи таа жртва.“

Историскиот негационизам е кривично дело

Проф. д-р Емануела Фронза од Универзитетот во Болоња истакнува дека негационистичкиот феномен се манифестира во многу европски земји, предизвикувајќи аларм во колективната совест. Доказите за пертурбативната сила на негационизмот се рефлектираат и во силата и карактерот на реакцијата на него, реакција што се рефлектира во кривичните закони што го казнуваат негационизмот, донесени и од националните и од наднационалните управни тела. Наднационалните институции го осудуваат негационистичкиот феномен со помош на правни инструменти, кои го овластуваат, и опишуваат кривични пријави што државите можат да ги изречат за такво однесување, нагласува Емануела Фронза, експертка за меѓународно и европско кривично право.
Според неа, повеќето национални закони што го казнуваат таквото однесување се засноваат на ад хок норми. Алармантното оживување на епизодите на негационизам натера многу европски законодавни тела – меѓу нив Германија, Франција, Белгија, Шпанија и Австрија – да воведат нови нормативни инструменти насочени кон соочување со таквите феномени. Пред овие законодавни интервенции, актите на негационизам не можеа да бидат казнети во сите нивни различни форми, вели Емануела Фронза.
Негационизмот е изрично казнив во Германија, Франција, Австрија, Белгија, Шпанија, Португалија и во Швајцарија, но и во неколку други држави како што е Израел. Дополнително, Холандија го смета негирањето на холокаустот како злосторство од омраза – што е казниво дело, посочува Емануела Фронза.
Дополнително, Комитетот на министри на Советот на Европа усвои протокол во кој бара од земјите-потписнички да го криминализираат ширењето расистички и ксенофобичен материјал, како и расистички и ксенофобични закани. Протоколот конкретно го опфаќа и негирањето на холокаустот и другите геноциди признаени како такви од меѓународните судови, основани од 1945 година, со релевантни меѓународни правни инструменти. Протоколот исто така предвидува дека земјата-потписник, по негова дискреција може да го гони насилникот ако делото е извршено со намера да поттикне омраза, дискриминација и насилство. Во протоколот исто така се вели дека „Европскиот суд за човекови права јасно стави до знаење дека негирањето или ревизијата на јасно утврдените историски факти – како што е холокаустот –… ќе бидат отстранети од заштитата на членот 10 од членот 17 од Европската конвенција за човекови права“. Со други зборови, личностите ќе можат кривично да одговараат пред судовите и тоа нема да се смета за нарушување на човековите права, односно нема да се смета за нарушување на слободата на говор.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/istoriskiot-negacionizam-ne-e-evropska-vrednost-tuku-e-kaznivo-delo/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Јан 14 2023, 15:06

Денес Бугарите ја чевствуваат херојската смрт на Македонката Мара Бунева која на 13 јануари 1927 година го убила српскиот окупаторски обвинител Велимир Прелиќ и потоа се самоубила. За жал тогаш Србите кои се обидувале во тоа време да ги прогласат Македонците за Јужни Срби (сега СДСМ не претвори во северни, не Срби но со недефиниран идентитет кој треба да се договара со Бугарите). Бугарите го злоупотребуваат тоа што Србите сите Македонци што се бореле против нив ги прогласувале за Бугари, а СДСМ подоцна тоа го прави за сите што не биле комунисти или сега не се либерали. За жал во Македонија Мара Бунева е заборавена. Од СДСМ затоа што и тие ја сметаат за Бугарка, а од ВМРО од страв дека по повеќегодишна пропаганда (само Сорос има дадено повеќе десетици милиони за тоа) ако ја спомнат Бунева ќе бидат прогласени за бугарофили, наместо вистинските бугарофили  како Заев и наследниците.

https://www.expres.mk/svedoshtva-protiv-antimakedonskata-bugarska-propaganda-buneva-nikogash-ne-prozbore-na-bugarski-im-se-voshituvashe-na-makedonskite-revolucioneri/

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%91%D1%83%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B0

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Luxor Нед Јан 15 2023, 09:54

Го обвинуваш Мицкоски дека ја повампирува србизацијата на Македонија и македонците?

трендафил напиша:За жал тогаш Србите кои се обидувале во тоа време да ги прогласат Македонците за Јужни Срби

Односите со Бугарија - Page 4 Fmiux410
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6596
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Нед Јан 15 2023, 14:51

Актуелната Србија нема ист однос кон Македонците како нивните предци од Кралството Југославија и претходно Кнежевството Србија. За разлика од Бугарите или Грците кои немаат промена век и половина и стрикно ги поддржуваат насоките што им ги дале западните антимакедонисти кога им доделиле делови од Македонија. Република Македонија, т.н. северна според насилно променетиот Устав е на територијата што и била доделена на Србија.
Најупорна во негирањето на Македонците во Србија беше СПЦ, но и таа фала Богу, со новиот патријарх ја согледа реалноста. Дај Боже реалноста да ја видат и СДСМ и ДУИ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Пет Јан 20 2023, 16:33

Еве неколку податоци по претепувањето на секретарот на бугарскиот фашистички клуб во Охрид.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/natepaniot-ohriganets-za-koj-bugarija-reche-deka-e-zhrtva-oti-bil-bugarin-vo-dekemvri-e-faten-so-kokain-a-tie-shto-go-tepale-se-prijavuvani-za-narushen-red-i-mir-poveke-pati/

Синоќешната тепачка во угостителски објект во Охрид, во која тројца напаѓачи му ја скршиле вилицата на Х.П. , секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“, а за која бугарското МНР се истрча и кажа дека ќе поднесе протестна нота до нашата амбасада во Софија, по сè изгледа е дилерско-криминална пресметка.

Во архивата на МВР, тепаниот Х.П. се појавува како лице со кривична пријава, откако охридската полиција на 17 декември нашла кај него кокаин.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин“, стои во соопштението на СВР Охрид тој ден.

Но, и тепачите кои сношти му ја скршиле вилицата на дилерот Х.П., ѝ се познати на полицијата во градот. За нив има досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, во повеќе наврати.

Според очевидци во угостителскиот објект, синоќа околу 22.30 часот во угостителскиот објект најпрво се случил вербален конфликт. Веднаш штом влегле тројцата во локалот, Х.П. почнал да ги пцуе и навредува, по што овие го извадиле надвор и во свој стил, познат и на полицијата, и на охриѓани, го натепале и му ја скршиле вилицата.

Ни збор не се кажал за политика, за бугарски, за македонски идентитет, за јазик или говор на омраза на таа тема.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Пет Јан 20 2023, 19:11

Еве одговор и од бугарските браќа на северната ни власт. Кој ќе крене рака на Бугарин, ќе му ја исечеме раката. Даки се работи за нарко докер или зависник од кокаин кој должел на нарко дилери не е важно. Не знам ни како човек обвинет за поседување кокаин без проблеми замина во странство за лечење што може да се направи и во Македонија. Дали и Бугарите се амнестирани како едно друго, поголемо малцинство во Македонија.

https://infomax.mk/%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%be%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%b5/

Според сведоците на настанот повредениот седел во локалот, а кога дошле тројцата што подоцна го изнеле надвор и го претепале почнал да ги пцуе и навредува.

https://www.expres.mk/presvrt-natepaniot-sekretar-na-neonacistichkiot-klub-bil-faten-so-kokain/

Од друга страна охридската полиција има поднесено пријава против Македонец што го истакнал македонското етничко знаме ((со сонцето од Кутлеш) иако тоа не е забрането за приватна употреба. Присутните Македонци не дозволиле знамето да се тргне. При тоа полицијата не ги почитувала пропишаните процедури.

https://www.expres.mk/ohridskata-policija-sakala-da-go-trgne-ogromnoto-zname-od-kutlesh-nadvor-od-zakonskite-proceduri-ohrid/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by zozoti Саб Јан 21 2023, 16:29

Se ispozaklaa bugaristancite da im dadat povod na tatarite od sofija da rikaat za veto. Izgleda se sobiraat tie 80 za promena na Ustav.

Односите со Бугарија - Page 4 Img_2081

zozoti

Број на мислења : 352
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Јан 21 2023, 16:47

Тој што има бугарско државјанство е во бегство и постои сомнеж дека е заминат во Бугарија. Во врска со патувањето на секретарот на бугарскиот нацистички клуб на лечење во Бугарија има дилема дали за тоа има дозвола од правосудните власти затоа што за него се води истрага за продавање на кокаин. Иако останува нејасно зошто не е ставен во притвор ако е фатен на дело како продава дрога.Ако некој има двојно државјанство ако едно од нив е македонско, за нашите истражни органи е Македонец (да не кажам две коси црти како што се пишува во изводите од матичните книги),

https://lider.mk/ekskluzivno-eden-od-pretepuvachite-na-dilerot-pendikov-bil-bugarski-drzavjanin/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by трендафил Саб Јан 21 2023, 17:50

’Во Бугарија повторно не може да се состави влада’. Нека ја земат нашата, пoбyгаpcка нема“,

https://www.expres.mk/bozhinovski-vo-bugarija-povtorno-ne-mozhe-da-se-sostavi-vlada-neka-ja-zemat-nashata-pobygapcka-nema/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11208
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Односите со Бугарија - Page 4 Empty Re: Односите со Бугарија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот