Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Скопје колапс.....

+3
трендафил
PRVOBOREC
defo
7 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by PRVOBOREC Чет Дек 08 2022, 10:48

Добар ден небањати.

Трифун и даде полна поддршка на Данела: ВМРО-ДПМНЕ и мене ми го направија истото

Статус на Трифун Костовски: „Како бивш градоначалник на Град Скопје со поддршка до Арсовска, еве зошто!

Флуидот кој долго се чувствуваше во етерот дека има недоразбирање на релација градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која застана зад нејзината кандидатура се појави на насловните страни на дневната политика, што објективно и го очекував.

Со госпоѓата Арсовска имав една средба и низ целиот нејзин мандат ја следам со голем интерес и внимание. Немам сомнеж дека нејзиното доаѓање на кормилото градоначалник на Град Скопје е направено со најчесни намери.

Ова сакам да го споделам со јавноста како поранешен градоначалник на Град Скопје кој исто така се кандидирав како независен кандидат поддржан од партијата ВМРО-ДПМНЕ и каде на идентичен начин после неполна година од мојот мандат дојде до комплетно разидување.

Разликата меѓу мене и Арсовска со политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што тогашната ВМРО-ДПМНЕ на чело со господинот Никола Груевски дојде на власт веднаш после локалните избори.

Денешното ВМРО-ДПМНЕ, предводено од господинот Мицкоски е во опозиција и грчевито се бори за предвремени избори како би дошле на власт, бидејќи незадоволството од владејачката гарнитура е сеопшто познато.

Убеден сум дека разидувањето меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е во фактот кој треба да го води Градот Скопје, дали Арсовска или ВМРО-ДПМНЕ.

Во мојот случај, јас не дозволив ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски истовремено да биде и градоначалник на Град Скопје, односно да бидам пиун во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Госпоѓата Арсовска која е избрана за градоначалник на Град Скопје на редовни избори е единствена повикана да го води Градот Скопје.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, поддржувајќи ја нејзината кандидатура мораше да испорача и луѓе со капацитет да можат да ја водат јавната администрација и јавните претпријатија.

Жалосно е што луѓето коишто се поставени на позиција од страна на госпоѓата Арсовска не одговараат пред градоначалникот, туку одговараат пред партијата која ги има предложено.

На овој план мора потемелно да се доизградат односите меѓу партијата ВМРО-ДПМНЕ и госпоѓата Арсовска, бидејќи овие два субјекта треба да работат во интерес на граѓаните.

Убеден сум дека вистинската поддршка на госпоѓата Арсовска од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе и беше како мелем на рана, бидејќи сум свесен што таа наследи како долгови кои градот ги има кон фирмите со кои соработува.

Буџетот на Арсовска на годишно ниво е 70 милиони евра, а наследи неподмирени обврски од 170 милиони евра.

Во ваква констелација ВМРО-ДПМНЕ треба на висина на своето место и улога во нашето секојдневие да ја подржи во нејзините настојувања за реализација на нејзините проекти, ама без никакви матни зделки, тендери и заткулисни игри. Буџетската дупка од 170 милиони евра мора да се затвори, а за таква работа е потребна посветеност и секако елиминирање на сите можни коруптивни и криминални дејанија во сите институции на градот.

Упатувам на разум пред сè до партијата ВМРО-ДПМНЕ да се преиспита себе и да и даде вистинска поддршка на госпоѓата Арсовска, бидејќи во даденава ситуација јас сум паталец од причини познати само тогаш на господинот Груевски и неговата партија, култниот проект за изградба на КЕРМЕС и ден денеска стои како авет во центарот на Градскиот парк, иако овој проект е финален, уплатени се сите комунални давачки и отпочнат со градба, ама и денеска е објект без тапија, со најпрости зборови кажано маркицата на Кермес е избришана од ДУП-от на Општина Центар во време на владението на Никола Груевски и до ден денес маркицата не е вратена.

Тоа е мојата цена на непослушност кон Груевски. Ги поминав сите судски инстанци во Македонија, барајќи ја правдата и на крајот со одлука на Врховниот суд на Република Македонија ми е вратена дозволата за градба, ама маркица нема.

ВМРО-ДПМНЕ не смее да ги прави истите грешки од минатото, посебно не денес кога сите граѓани на Република Македонија се пред голема неизвесност поврзана со енергетската и социјална криза.

Госпоѓата Данела Арсовска ја поддржувам во нејзините настојувања да биде вистински домаќин на Градот Скопје.“


_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by трендафил Чет Дек 08 2022, 15:04

Не знам за кои небањати мислиш. Дали за тие од државната власт, ДУИ и СДСМ за кои Труифун пишува дека „незадоволството од владејачката гарнитура е сеопшто познато“. Или за Шилегов кој на ВМРО му оставил „ неподмирени обврски од 170 милиони евра.“

Понатаму Костовски пишува: „Жалосно е што луѓето коишто се поставени на позиција од страна на госпоѓата Арсовска не одговараат пред градоначалникот, туку одговараат пред партијата која ги има предложено.“ АКо се работи за градскиот превоз тоа значи дека директорот кој е од СДСМ одговара на СДСМ. Не на граѓаните. Ако поранешниот директор одговарал пред ВМРО, сите знаеме дека во негово време немаше протести. Ниту од вработените во ЈСП ниту од приватните превозници. Иако и ЈСП има наследено голем долг од претходната градска власт која ја имаше предноста што имаше поддршка од своите сопартијци што ја водат државата. За жал во погрешна насока според 60% граѓани по последната анкета.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11204
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by Luxor Чет Дек 08 2022, 17:12

трендафил напиша:

АКо се работи за градскиот превоз тоа значи дека директорот кој е од СДСМ одговара на СДСМ.


Чиста лага, што секако нема да го сокрие обидот на дпне оФците шпицниот премиер да го промовираат во проактивен градоначалник на Скопје.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by трендафил Чет Дек 08 2022, 18:18

Сигурно е дека градоначалничката на Скопје е во непријателски односи со партијата и гласачите што ја избраа. Јасно е и дека владата го одобрува делувањето на Данела и состојбата со градскиот превоз, па не и ги одзема ингеренциите во оваа област на што има право.
Во врска со протестите на превозниците што си ги бараат своите пари ново е тоа што од утре во 10 часот се ослободуваат раскрсниците, а че има блокади само на Илинденска пред просториите на адмибнистрацијата на геад Скопје. Целосна блокада на улицата, а не само на по една лента во секој правец.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11204
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by defo Пон Дек 12 2022, 09:53

Шо убаво сите си го држат в раце. Сеуште. Го гледав интервјуто на Данела во 360 степени со Попетрески, на крај на денот тоа е шо го преставував, војна за пари. Кој ќе земе од медот. Тоа е. Данела е така воспитана и така и тече животот. Ист калибар е ко сите ДПМНЕ-овци(не дека Ленин е цвеќе или Мицика), неќела да се праи ревизија од последната година од владеењето во Сојуз на Стопански комори, каде дојде опстурирана да биде на иста страна со тогашната власт.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3500
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by трендафил Вто Дек 13 2022, 14:33

Сите од ВМРО и раководството што ја предложи и граѓаните што ја гласаа се каатр поради тоа, но за жал во Македонија не постои можност народот да ја исправи грешката со отповикување на избран функционер. Ја има и поддршката од централната власт, која сака по разводот грешкоте на Арсовска да ги препише на поранешниот парнер. За жал може да се каже дека градоначалничката отворено лаже за работи што се лесно проверливи. Пред некој ден на пример тврдеше дека на приватните сопственици им е исплатен долгот. Единствено што некој може да направи нешто е владата со одземање на ингеренциите во градскиот превоз во миоментов, како што веќе иома направено во Гостивар на пример кај што на Таравари му ги одзеде градежните овластувања за да се заштитат интересите на ДУИ или во Гевгелија за труд и социјала, за да ќари СДСМ.
Инаку во колапс не е само Скопје, туку цела Македонија. Сигурно е дека Данела и ВМРО не се виновни за инфлацијата, неизградениот автопат до Охрид и да не набројувам.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11204
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by трендафил Вто Дек 13 2022, 16:27

Приватните превозници ги прифатија уцените на премиерот Ковачевски и во моментов ги повлекуваат автобусите од Илинденска. Наводно после тоа че почнат преговори со владата бедејчи градоначалничката не е спремна да почне преговори, односно да се реши проблемот со долгот на градот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11204
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by defo Вто Дек 13 2022, 20:52

Ај прочитај се во двата поста едно потруго...да видиш дека меѓу ушите имаш само магнетна лента, која успешно препричува шо кажал PR-от на ДПМНЕ.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3500
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by defo Вто Дек 13 2022, 22:00

Приватните превозници ја ослободија „Илинденска“, чекаат премиерот да ги викне на средба

Јовановски рече дека ова е единствен став со кој што се сложиле сите приватни превозници – сепак да се даде шанса целиот овој проблем да не се решава на улица, туку институционално.


Повели..........читај и плачи......го чу Ковачески гласот на „народот“...сеа бе куриња....пууу пуу не важи.........

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3500
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by Nebula Сре Дек 14 2022, 10:57

Zaludno Kovacevski go cul glasot na narodot. Na krajot od denot PR- ot na vmro ke pobedi. Blesavite koi sekogas bile mnozinstvo ke nasednat na prikaznata deka nesposobnata Arsovska preminala vo sdsm pa ottamu sdsm go stvoril, sdsm neka go resava problemot. Vo toa klucnata uloga ke im pripadne na vmro botovite i klientelistite, a najznacajniot prodones ke go dade memorijata na zlatna ripka na blesite cij glas za zal vredi isto kako i onoj na lugeto koi sakaat normalen zivot vo normalna drzava.

Nebula

Број на мислења : 951
Join date : 2018-08-04

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by трендафил Сре Дек 14 2022, 13:01

Сигурно е дека Арсовска не е повеќе во таборот на ВМРО и дека централната власт има право да ги одземе надлежностите на градоначалник во некоја област. Во локалната самоуправа советот не може ниру да ја разреши градоначалничката како што Собранието може да го разреши премиерот. Самиот Ковачевски изјави дека не сака да разговара под протисок, додека има блокади. Сега нема притисок, а дали ќе има преговори со владата ќе видиме.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11204
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by defo Пет Мај 19 2023, 12:23

Абе кој тоа го запали мостон, кај саем за да проба да пере пари?!?!

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3500
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by трендафил Саб Мај 20 2023, 15:51

АКо не е некој од СДСМ и ДУИ, одговорот би требало да го дадат МВР и обвинителството.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11204
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Скопје колапс..... - Page 2 Empty Re: Скопје колапс.....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот