Stranskite mediumi za Makedonija

Страна 7 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by хан Ацо on Пет Јун 05, 2015 8:46 pm

avatar
хан Ацо

Број на мислења : 780
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by Гостин on Пет Јун 12, 2015 10:28 am

Во Њујорк Тајмс е објавена колумната на Иван Крастев, политички аналитичар и претседател на центарот за либерална стратегија во Софија и соработник на Институтот за хуманитарни и социјални науки во Виена. Вреди да се прочита. Еве делови од колумната.

Trapped by the standoff over its very name, threatened by the specter of ethnic conflict and demoralized by a weak economy with one of the highest unemployment rates in Europe, Macedonia was shunted aside to Europe’s waiting room. Unsurprisingly, 300,000 people have left the country in the last five years.

Заробенa поради проблемот со името, загрозенa од привидениe на етничкиот конфликт и деморализиранa од слабата економија со една од највисоките стапки на невработеност во Европа, Македонија стои настрана во чекалница за Европа. Очекувано, 300.000 луѓе ја напуштија земјата во последните пет години

And while Macedonia feigned reforms and Brussels faked integration, the Macedonian regime mutated into a Balkan-style “managed democracy.” Getting a job in the government was preconditioned on voting for the ruling party, and the most popular TV station, which was critical of the ruling party, was closed.

И додека Македонија глуми реформи и Брисел лажира интеграција, македонскиот режим мутира во балкански стил на “функционална демократија” Добивање на работа во владата е условено од гласањето за владејачката партија, а една од од најпопуларните телевизии, која беше критична кон владејачката партија, беше затворена.

The governing party, with the imposing name Internal Macedonian Revolutionary Organization-Democratic Party for Macedonian National Unity, has used elections merely for the purpose of spotlighting how the opposition could not be trusted, then engineering the vote to ensure its re-election. Thrilled by its self-image as a victim of foreign conspiracies, the Macedonian government adopted aggressive nationalistic rhetoric toward its neighbors.

Владејачката партија, со наметнувачкиот назив Внатрешно Македонска Револуционерна Организација-Демократска партија за македонско национално единство, ги користи изборите само за да прикаже како на опозицијата не може да и се верува, додека истите ги мести за да обезбеди сопствен реизбор. Воодушевена од својата слика за себе како жртва на странските заговори, македонската Влада усвои агресивна националистичка реторика кон своите соседи.

While the government was busy silencing dissent over the last decade, public discontent was boiling. The moment of truth came earlier this year, when the emergent leader of the opposition, Zoran Zaev, placed a bet that a public scandal might undermine the regime. In February he released excerpts from what he claimed were 670,000 illegally taped phone conversations of opposition politicians, journalists and religious figures. The leaked recordings exposed corruption, abuse of power and arrogance at the highest level, and appeared to show vote rigging and, more sinister, a murder cover-up.

Иако владата, во текот на последната деценија, беше зафатен со замолчување  на неистомислениците, јавното незадоволство вриеше.
Момент на вистината изби на почетокот од оваа година, кога лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се обложи дека јавен скандал може да го подрие режимот. Во февруари тој објави, како што тврдеше, извадоци од 670.000 незаконски снимени телефонски разговори на опозициските политичари, новинари и лица од верските заедници. Објавените снимки открија корупција, злоупотреба на моќ и ароганција на највисоко ниво, но и лажирање на изборите и прикривање на убиство.

The public was furious and poured into the streets calling for wholesale reform in the nation’s politics, including a change in leadership. Not even the resignation of several key ministers, including the head of intelligence, could tamp down the outrage. Ever since, the country has been awash in anti-government and pro-government rallies. In May, an armed Albanian group and Macedonian security forces clashed near the town of Kumanovo, killing 22 people and resurfacing fear of ethnic violence.

Јавноста беше беснa и излезе на улиците инсистирајќи на потполна реформа во политиката во земјата, вклучувајќи и промена во раководството. Дури и оставката на неколку клучни министри, вклучувајќи го и шефот на УБК, не го смирија гневот. Оттогаш, земјата е преплавена со анти-владини и про-владини протести. Во мај, вооружените албански групи и македонските безбедносни сили се судрија во близина на градот Куманово, при што загинаа 22 лица, а повторно се појави страв од етничко насилство.

But the current crisis, curiously, is anything but a return to 2001. Anger against the elites has unified Macedonians and Albanians, and the demonstrations are one of the few places where Europe’s hope for a multiethnic Macedonia is a reality.

Но, сегашната криза, нема ништо со 2001 година. Гневот против елитите ги обедини Македонците и Албанците, а демонстрациите се едно од ретките места каде што Европската надеж за за мултиетничка Македонија е реалност.

ЛИНК ДО КОЛУМНАТА

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by Гостин on Сре Јун 24, 2015 1:06 pm

Frajtag i Badishe cajtung za Makedonija...

„Во голем дел незабележано не само од јавноста, туку и од европските носители на одлуки, малата балканска земја во изминатите седум години се разви во авторитарна ’демократура’ во стилот на 90-те години на минатиот век. Избори се одржуваат, но се фалсификуваат. Медиуми има, но тие се под притисок. Правосудството формално ги следи европските стандарди, но де факто ја слуша владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски. И, со неодредени обвинувања за шпионажа се создаваат дури и политички затвореници.“

Споменувајќи го инцидентот во Куманово, авторот констатира дека „авторитарните режими и националистичките ’ослободителни движења’ си одат на рака едни на други во регионот“.
„Тие си се потребни едни на други и се користат. Целта - незадоволството кај македонското население од стилот и неуспехот на владата да се сврти во етничко корито не успеа, но македонската криза се‘ уште не е завршена. Пред неколку дена еврокомесарот Јоханес Хан пред камерите соопшти наводна согласност за предвремени избори во април наредната година. Што ќе се случува дотогаш, меѓутоа, е сосема нејасно. Авторитарниот премиер Груевски сака да остане на функцијата до новите избори во април и се надева - што има и реална основа - дека при намален интерес на Брисел, ќе може повторно да ги фалсификува изборите. И улогата на Брисел претскажува кобна иднина: комесарот Хан, Австриец, преговараше со нескриена симпатија за авторитарната влада во Скопје. Европа сака да има мир таму долу. Стабилноста е фетиш. Деталите за тоа како таа да биде постигната не се интересни. Во јавноста и онака се рашири мислењето дека Балканот не може да се спаси. Но, ако регионот претставува проблем, тогаш еден корумпиран диктатор е решение. Во пеколот ѓаволот е позитивна креатура“, оценува, меѓу другото, Норберт Мапес-Нидик во својот текст во неделникот „Фрајтаг“.

http://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0-%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D1%83-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81/a-18538033?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by трендафил on Чет Јун 25, 2015 12:45 pm

Гледам дека ве радува било што напишано против нашата земја, па ме чуди што ниту на форумов ниту по соросоидните медиуми не се пренесува извештајот на Хјуман рајтс воч за наводно насилство на полицијата врз демонстрантите на 5 мај оваа година. Кога беа повредени триесетина полицајци. Барам да ставеа во извештајот некоја фотографија на некого со модринка, кога веќе нема видео со наводна полицијска бруталност. http://www.hrw.org/news/2015/06/22/macedonia-police-violence-protest
Иначе очигледно е дека овој срамен извештај не сакаат да го објават ни подржувачите на соросоидната банда во Македонија. Иако и Хјуман рајтс воч е дел од бандата на светско ниво. Со фонд од 100 милиона долари само од „институтот“ Отворено општество.

трендафил

Број на мислења : 2679
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by Гостин on Пет Јун 26, 2015 9:11 am

Ups, Trendo otkri zavera od svetski ramki protiv pastirot negov...Sega trchaj u ahtab da ti dadat chokoladen sladoled...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by трендафил on Пет Јун 26, 2015 9:37 am

Не е од светски рамки, туку од една банда на чело со Џорџ Сорос.

трендафил

Број на мислења : 2679
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by Гостин on Пет Јун 26, 2015 10:44 am

Nema znachenje...Sladoledot sekako si go zasluzhi...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Stranskite mediumi za Makedonija

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот