Што да правите доколку ве касне змија

Go down

Што да правите доколку ве касне змија

Пишување by Гостин on Пон Мар 16, 2015 6:56 pm

Doagja proletta...Izleti vo priroda...No prirodata mozhe da bide i opasna...



Постојат три отровници кои се помалку отровни од африканските или азиските змии, како што се кобрата или црната мамба, и нивниот отров ретко кога е смртоносен.
На нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни, а останатите се безопасни.

Поскокот, шарката и остроглавата шарка, се помалку отровни од африканските и азиските змии, како што се кобрата или црната мамба, па нивниот отров ретко кога е смртоносен. Поскокот е поотровен од останатите.

Како да препознаете рана - На местото на раната се гледаат две дупчиња од змиски заби. Понекогаш постои само една. Не мора секогаш да значи дека змијата во раната оставила и отров. Во дури 22 проценти од докажаните рани немало знаци на труење.

Знаци на труење

• Вртоглавица.

• Повраќање.

• Болка на местото на раната.

• Оток на лимфните жлезди во препоните доколку раната е на нога, или кај пазувите доколку раната е на рака.

• Шокот е најопасна последица.

Постапка за лечење

• Лицето треба да мирува.

• Имобилизирајте ја ногата или раката на која е раната. Со тоа се забавува ширењето на отворот во организмот.

• Потребен е брз превоз до болница

Имобилизација е постапка со која повредениот дел од телото се става во состојба на мирување. Во рамките на прва помош се спроведува привремена имобилизација. Нејзината цел е да спречи влошување на повредата и да се намали болката за време на превозот до болница.

Во состојба на мирување се става ранетиот дел од раката или ногата и двата соседни зглобови. Ногата се имобилизира во исправена положба, а раката треба да биде завиткана кај лактот и доближена до телото.

Најчести грешки кои не треба да ги правите

• Не го преврзувајте екстремитетот.

• Не ја допирајте раната.

• Не се обидувајте да го извадите отровот.

• Не ставајте мраз на местото на раната.

Превенција - Некои рани, како оние кога случајно ќе згазнете на змија, речиси е невозможно да се спречат. Меѓутоа, постојат мерки на претпазливост, кои можат значително да ја намалат можноста да ве касне змија.

• Оставете ја змијата на мир. Многу луѓе кога ќе бидат каснати, се обидуваат да и наштетат на змијата.

• Избегнувајте висока трева доколку немате соодветна облека.

• Рацете и нозете не ги ставајте во непрегледни места.

• Не кревајте камења или парчиња дрва доколку не сте доволно оддалечени од потенцијален напад на змија. Бидете посебно внимателни доколку се искачувате по карпи.

http://tocka.com.mk/3/153608/sto-da-pravite-dokolku-ve-kasne-zmija-ovie-raboti-bi-trebalo-da-gi-znaete

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот