Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Гоџи бери

Go down

Гоџи бери  Empty Гоџи бери

Пишување by Гостин Чет Мар 26 2015, 11:39

Гоџи бери

Гоџи бери  Godzi_beri_1Гоџи бери  Godzi_beri_2

Гоџи бери (Lycium barbarum или Lycium chinense) е грмушка од фамилијата Solanaceae во која спаѓаат компирот и доматите и нивна главна карактеристика е присуството на алкалоидот соланин кој се отстранува со лупење и со термичка обработка. Гоџи бери потекнува од југоисточна Aзија, а најмногу се одгледува во Кина. Оваа култура расте од 1 до 3 метри висина, плодот е со црвенкаста боја, со должина до 2 сантиметри и содржи од 20 до 40 ситни семчиња.

Се консумираат сурови или сушени, а најпопуларни се поради своите антиоксидативни својства. Она што е значајно за растението е фактот што е отпорно на болести, инсекти, но го напаѓаат габични заболувања на листовите и плодовите.

Превентивно се заштитува слично како виновата лоза, со бакарни препарати и со црвено масло пред почетокот на вегетацијата. Одредени штети може да предизвикаат зајаците и птиците и се препорачува употреба на мрежи за заштита од птици.

Гоџи берито најдобри приноси дава на исцедни и добро дренирани почви со pH од 8,2 до 8,6. Садењето се врши од половинатаgodzi beri 2 на април, па сè до доцна есен, a кога се сади во лето, треба обилно да се наводнува. Најдобри се сончеви локации во текот на целиот ден. Се сади во јами со димензии 40 x 40 x 40 сантиметри, на растојание од околу еден метар и на дното на јамата се става прегорено арско ѓубре, но сепак јамата да остане длабока од 15 до 20 сантиметри. Под и до садницата се става хумус, а потоа треба да се затрупа со ископаната земја, а на крај да се стави вода и како потпирач се става стап на кој се врзува растението.

Растението задолжително треба да се наводнува, а во водата треба да се додава и храна. Може да се примени и фолијарна прихрана на месечна база. За резидба се користат три методи: а) форма на чадор, б) форма на три нивоа, в) цилиндричен модел.

Растението се бере во втората или третата година, во зависност од староста на садницата. Просечниот принос е поголем од 5 кг по стебло, а во некои земји, како што е Кина, има приноси и до 8 кг од стебло. Во северната хемисфера цветовите се јавуваат по јуни и бобинките зреат од јули до октомври. Плодовите треба да се соберат пред првите мразеви. Тие се берат рачно и внимателно во мали садови за да не се оштетат бидејќи се транспортираат свежи. Може да се берат и со тресење на платно. Плодовите по бербата треба да се стават на ладно. Доколку плодовите се сушат, тие се ставаат на сонце, може да се исушат со механичка дехидрација или, пак, да се замрзнат. Сушените бобинки имаат рок на траење повеќе од една година.

http://www.ffrm.org.mk/~ffrmorgm/index.php?option=com_content&view=article&id=1055:godji-beri--kinesko-chudo-i-kaj-nas&catid=49:ovostarstvo&Itemid=132

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот