Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

2 posters

Go down

ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  Empty ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

Пишување by osa Саб Апр 11 2015, 14:44

еве што се се подготвува за велигден !
печено јагнешко !
ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  180
  Време на подготовка од: 180 до: 220
Број на лица: 4



Состав


- 2 кгр. јагнешки бут
- 1 кгр. компири
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чаша бело вино
- 1 чаша вода 
- вегета, сол, бибер, рузмарин

Подготовка


Месото измијте го и засечете го на неколку места. Посолете го со вегета, сол, бибер и во местата кои ги засековте ставете лук и гранчиња рузмарин. Прелијте го со маслиново масло, чаша бело вино и чаша вода. Оставете го да отстои 2-3 часа во тавата во која ќе го печите. Пред да го ставите во рерна прелијте го месото со течноста од тавата, покријте го со фолија и печете го околу час и половина. Отворете ја фолијата, завртете го месото и додадете ги исечените компири. Тавата повторно прекријте ја со фолија и печете уште 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата за месото да се зарумени.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  Empty Re: ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

Пишување by osa Саб Апр 11 2015, 14:51

Дроп сарма 
ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  Drob-sarma2-800x533

Готвам јас и традиционална храна - понекогаш..... Листата на состојки за некого можеби одбивна, ама за сладокусците, верувам, привлечна...
Ова јадење само еднаш во годината се прави кај мене, за Велигден, исто како што пифтија само за Божиќ се спрема...
Црниот џигер, срцето и сплината исецкајте ги на ситни коцки. Од белиот џигер отстранете ги сите `рскавични делови и ситно исецкајте го. Ситно исцкајте ги кромидчето и лукчето.
На средно силен оган во пошироко плитко тавче загрејте го маслото, па запржете ги кромидчето и лукчето. Додајте ги исецканите изнутрици и запржете ги да ја променат бојата. Посолете, побиберете, додајте го најгвирцот и мајчината душица, додајте сосема малку вода или бело вино па динстајте додека добро не се омекни содржината во тавчето. Пред крај додајте 1 - 2 лажици ориз, ако треба додајте малку течност, да се свари оризот. Нека се подолади, па додајте 1 јајце и 1 рака ситно сецкан магдонос. Измешајте и дотерајте го вкусот.
Марамицата исечете ја на парчина, или оставете ја цела, како Вам ви одговара. Завиткајте ги изнутриците во неа, па наредете ја дроб сармата во керамичка тава.
Загрејте ја рерната на 180 Ц.
Додајте во тавата неколку лажици супа или бело вино, посипете ја дроб сармата со брашно и црвен пипер, наредете одозгора коцки путер и ставете да се запечи, некаде околу 40 мин, додека не добие убава боја. Посипете со буковска пипер.
Послужете топло, со кисело млеко или таратур.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  Empty Re: ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

Пишување by osa Саб Апр 11 2015, 15:03

Кумановски  мезалк 
Кумановски мезалак
 390 денВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  2
  
За подготовка на ова јадење за 6 лица потребни ви се следниве производи:
- 300 гр. јагнешки црева
- 500 гр. јагнешко месо
- 300 гр. црн и бел јагнешки дроб 
- јагнешка марамица
- 1 главица кромид
- 2 домата
- 3 свежи зелени пиперки
- магдонос
- 3 чешниња лук
- 1 коцка за супа
- 1 лажица црвен пипер
- 50 гр. брашно
- ловорови листови
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 60- тина минути.
На даската за сечење го сечкаме кромидот. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. На пиперките им ги отсекуваме рачките и им ги отстрануваме семките. Потоа пиперките ги сечкаме на парчиња. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Во тенџере налеваме вода и го ставаме тенџерето на оган. На загреаното масло во тавата го ставаме кромидот да се пржи. Промешуваме. Исечканите пиперки ги собираме во сад и ги додаваме во тавата. Оставаме пиперките и кромидот да се динстаат. Доматите ги лупиме во круг. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Исечканите домати ги оставаме на чинија настрана. Содржината во тавата ја посолуваме. Промешуваме и ги додаваме сечканите домати.
На јагнешкото месо му ја отстрануваме коската. Месото го сечеме на парчиња. И белиот и црниот јагнешки дроб ги сечкаме на парчиња. Во друга тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Во тенџерето со зовриена вода ја ставаме коцката за супа. Исечканото јагнешко месо и дроб ги наросуваме со мелен црн пипер и ги посолуваме. Парчињата месо и дроб ги мешаме со раце. Потоа ги валкаме во брашно. Вака подготвените парчиња месо и дроб ги ставаме да се пржат во тавата на оган. Во првата тава во која се пржи зеленчукот налеваме од супата и промешуваме. Ги промешуваме месото и дробот кои се пржат во втората тава. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го оставаме во сад настрана. Плетенката од јагнешки црева ја сечеме на парчиња. Цревата ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Во тавата со зеленчук додаваме една лажица црвен пипер и промешуваме. Потоа во тавата го додаваме исечканиот лук и листовите од ловор. Повторно налеваме од супата од коцка. Во тавата го додаваме испрженото месо и црн дроб. Промешуваме и ја покриваме тавата со капак.
Во тавата во која се пржеа месото и дробот додаваме масло за јадење. Парчињата јагнешки црева ги валкаме во брашно. Потоа ги ставаме да се пржат во тавата. Откако ќе се испржат од едната страна јагнешките црева ги превртуваме. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го додаваме во тавата со месо и зеленчук. Потоа во тавата ги додаваме испржените јагнешки црева. Промешуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Содржината од тавата за пржење ја претураме во земјана тава. Во тавата го додаваме сечканиот магдонос. Целата содржина во тавата ја покриваме со јагнешката кошулка. Ја покриваме тавата со капак и ја ставаме во рерна. Печеме 10-15 минути на температура од 250 степени. Ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож кумановскиот мезалак го сечеме на парчиња. Потоа мезалакот од тавата го ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со 4 топки павлака. Парче свежа зелена пиперка ја засекуваме во форма на цвет. Со цветот од зелена пиперка ја декорираме средината од кумановскиот мезалак. Перцата од млад кромид ситно ги сечкаме. Со парчињата млад кромид ги декорираме топките од павлака.
Со ова јадење ви предлагаме да се напите црвено вино.
Добар апетит.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  Empty Re: ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

Пишување by kiBik Саб Апр 11 2015, 16:09

Хм... од кай па свежи пиперки и домати по Великден едно време? Ти нещо си го модернизирала мезелъкот...
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  Empty Re: ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

Пишување by osa Саб Апр 11 2015, 16:41

kiBik напиша:Хм... од кай па свежи пиперки и домати по Великден едно време? Ти нещо си го модернизирала мезелъкот...
е порано имаше повеке ,рано се стоплуваше ,во март се одеше по кратки ракави ,а од грција се увезуваа најубавите пиперки и домати (ако нема тазе се става од конзерва де )

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК  Empty Re: ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот