Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СУПИ И ЧОРБИ

3 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 14:39

СУПА ОД ПАШКАНАТ И ПРАЗ

СУПИ И ЧОРБИ Off.net.mk-24065

Порции

6 лица

Состојки

30 гр. путер
3 парчиња праз изчистен и исецкан на кругчиња
2 лажици маслиново масло
800 гр. пашканат излупен и исецкан на парчиња
сол и бибер
1 л. супа од коцка зеленчукова
кора од лимон
500 мл. вода
1 лажица сок од лимон
50 гр. магдонос свеж, ситно сецкан
Подготовка

Растопете го путерот во тенџере и додадете го празот. Гответе го на ниска температура 10тина минути со покриен капак. Додадете го маслиновото масло, и пашканатот. Зачинете со сол. Додадете ја водата и супата од коцка. Додадете ја и кората од лимон. Зовријте ја течноста па намалете ја температурата на ниско, покријте со капак и гответе најмалку 30тина минути. Додадете го магдоносот. Изблендирајте ја цела супа и вратете ја во тенџерете. Додадете го сокот од лимон и зачинете со сол и бибер по желба.

http://off.net.mk/mojata-kujna/supi-i-chorbi/supa-od-pashkanat-i-praz
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 14:40

Чорба од праз и компири (посно)

Состојки
800 гр компири
350 гр праз
6-7 лажици маслиново масло
1 лажиче мешан сув зачин
по вкус сол и бибер
1 л вода

Компирите излупете ги и исечете ги на плочки а празот исецкајте го на поситно.
Ставете ги во тенџере, додајте ја водата, маслото и зачините по вкус.
Оставете ги да варат додека омекнат. Потоа зеленчукот изблендирајте го да се изедначи. Вратете го на оган да повари уште 1-2 минути. Со оваа количина на вода густината ми беше тамам, а ако сакате да ви биде поретка може да си додадете уште малку вода.
Готовата чорба послужете ја топла со лепче и салата по желба.

http://moirecepti.mk/post/%d1%87%d0%be%d1%80%d0%b1%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 14:42

[РЕЦЕПТ] ЗЕЛЕНА КРЕМ СУПА СО СПАНАЌ, БРОКУЛА И ПРАЗ

Производи:

1 лажица маслиново масло
1 парче праз, ситно сецкано
4 чаши растворен пилешки бујон
1 голема розичка брокула, сечена
6 чаши спанаќ
1/3 чаша свежо рендан пармезан
2 лажици таан
сол и бибер по вкус
1 авокадо, се сече на коцки
сокот од еден лимон

СУПИ И ЧОРБИ B403a80f9b9ccc1bbfe352b39321d144

Подготовка:
Загрејте го маслото во длабока тава на средна температура. Запржете праз, додека не омекне или за околу 5 минути, мешајќи постојано. Додадете супа и оставете да зоврие.

Потоа додајте ги и брокулите. Оставете да зоврие за уште 5 минути. Отстранете од огнот и додадете ги спанаќот, пармезанот, таанот и зачините. Добро промешајте. Спанаќот ќе остане свеж, но ќе се свари. Додајте го и авокадото, претходно исечено на коцки.

Испасирајте во блендер. Пред сервирање, додадете и сок од лимон.

Забелешка: По желба може да се додаде и течен готварски крем пред сервирање.

http://vesti.mk/read/news/7857113/2886085/recept-zelena-krem-supa-so-spanakj-brokula-i-praz
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 14:43

Праз чорбичка

Состојки
2 страка праз
400 гр пушено свинско месо
2 пиперки
1 патлиџан
1-2 лажици мешан зачин
2 лажици ориз
1 лажица црвен пипер

За подготовка на чорбичкава, потребно е да се исецкаат сите зеленчуци.
Празот, пиперката и патлиџанот ги пржиме додека не омекнат.
Додаваме сечкано пушено месо и продолжуваме да пржиме.
Зачинуваме и попрскуваме црвен пипер.
Додаваме вода отприлика колку сакаме да биде густа. Oставаме да се вари и кога е при крај варена се додава оризот.
Оризот го оставаме да се свари наместо да ставаме запршка од брашно.
Ова е убава вкусна чорба.
Пробајте.
На здравје

http://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d1%87%d0%be%d1%80%d0%b1%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 18:59

Пилешка крем супа

Пиле - 1 парче
моркови - 2 - 3 парчиња.
јајца - 1 парче.
млеко - 200 мл
брашно - 2 лажици
кромид - 2 главици
масло - 2 - 3 лажици
магдонос
црн пипер
сол

Исечете го пилето на парчиња и сварете го добро, заедно со магдоносот и сецканиот кромид. Одвојте го свареното месо од коските и измелете го со машина за мелење месо. Испасирајте го зеленчукот и додадете го на месото. Подгответе запршка од брашно и масло, која ќе ја разредите со млеко. Додадете ги кон неа месото и зеленчукот. Прелијте со водата, во која се вареше пилето и оставете ја на оган уште неколку минути.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 18:59

Шкембе Чорба

1 1/2 кгр. шкембе
150 гр. вино
1 сува лута пиперка
2-3 листа керевиз
масло
лук
црвен пипер
црн пипер
брашно
сол

Исчистете го убаво шкембето, измијте го и исечете го на пoситни парчиња. Ставете го да се вари заедно со винoтo, сoлта, керевизoт, лукот и пиперката. Откако ќе се свари убаво, направете запршка од масло, 1 лажица брашнo и црвен пипер и налејте гo шкембетo сo неа. Доварете го уште десетина минути и ставете црн пипер
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:00

Шарпланинска Јагнешка Чорба

1 јагнешка глава
250 гр. јагнешки црн дроб
200 гр. јагнешки бел дроб
1 китка млад кромид
2-3 чешниња лук
50 гр. ориз
1 корен магданос
1 јајце
сок од лимон
сол

Исчистена и измиена главата ставете ја во лoнец сo вoда, дoдајте крoмид, магданoс и лук и варетеја дoдека не oмекне. Кoга ќе се свари главата, oдделете гo месoтo од кoските, па повтoрно вратете го месотo во процедената чорба. Исечете го дрoбoт на пoситни парчиња и заедно со оризот ставете го вo чорбата. Кога ќе се свари оризот, посолете ја чoрбата, ставете изматенo јајце и сок од лимон. Пред служење ставете во чорбата сечкан магданос.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:01


Чорба од коприви

1 кгр. коприви
2 јајца
1/2 кгр. кисело млеко
брашно
кромид
масло
сол

Исчистете ги кoпривите, измијте ги и пoпарете ги сo врела вода. Откакo ќе oмекнат исечете ги ситнo. Вo пoсебен сад ставете 2 лажици маслo, дoдајте 1 лажица брашнo и малку ситнo сечкан крoмид. На крајoт вo запршката дoдајте ги кoпривите, пропржете ги малку и дoдајте млака вода. Откако ќе се свари чорбата, зачинете ја сo јајца измешани сo киселoтo млекo.

http://www.ringeraja.mk/ListaRecepti?ID=120
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:03

Минестроне чорба

175гр. сланина
50мл. маслиново масло
2 чешниња лук, сецкани
1 главица праз, ситно сецкан
2 моркови, сецкани
2 главици целер, ситно сецкан
200гр. компири, излупени и ситно сецкани на коцки
350гр. зелка, ситно сецкана
1 ловоров лист
1.5 литри пилешка супа од коцка
800гр. домати од конзерва (пелати)
175гр. ситни тестенини за во супа
400гр. сварен шарен грав
2 лажици крупно сецкан магдонос
2 лажици свеж босилек
200гр. рендан пармезан

Излупете ја кората на сланината и тргнете ја на страна. Исецкајте ја сланината на ситни парчиња. Загрејте масло во поголемо тенџере на среден оган и додадете ја сланината, праз, лук, моркови, целер, компир, зелка и ловор.
Покријте го тенџерето со капак и гответе го зеленчукот околу 15 минути со повремено мешање. Потоа одстранете го капакот. Додадете ги доматите, кората од сланинината и пилешка супа од коцка. Кога ќе зоврие супата намалете ја јачината на ринглата и гответе ја 10 минути.
Додадете ги тестенините и варениот грав, зголемете ја јачината на супата и оставете ја да зоврие. Потоа повторно намалете ја јачината и покријте го тенџерето со капак и гответе ја супата уште 8 минути.
Одстранете ја кората од сланината од супата. Додадете во супата магдонос и босилек и добро промешајте ја. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Послужете ја супата веднаш со додаток на рендан пармезан во секоја чинија.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:04

Супа од карфиол

1 лажица маслиново масло
1 главица кромид, исецкан ситно
2 чешниња лук
1 кг. карфиол исецкан
500 гр. компири, излупени и исецкани на коцки
1 л. пилешка супа од коцка
100 мл. хопла
сол и бибер

Зовријте 1 л. вода во тенџере на рингла и сварете 1 пилешка коцка за супа.

Во меѓувреме загрејте во поголема тава масло на силен оган. Пропржете ги кромидот и лукот 3 минути додека да омекнат. Потоа додадете ги карфиолот и компирите. Пржете ги со мешање 5 минути. Во тавата додадете ја сварената супа од коцка и зачинете со сол и бибер по вкус. Покријте ја тавата со капак. Кога смесата ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата. Оставете ја супата да се готви 20 минути додека да омекнат компирите. Потоа тргнете ја на страна 5 минути за малку да се излади.

Смесата измешајте ја во блендер за да се добие кремаста супа. Вратете ја во тенџере на рингла на слаб оган. Додадете ја хоплата, промешајте и гответе ја уште 2 минути.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:04

Чорба од ракчиња

1 лажица масло
1 главица кромид, сецкан
1 луто пиперче, исецкано
2 лажички кари
6 средни компири, исечени на мали коцки
400мл. кокосово млеко од конзерва
400гр. ракчиња
1 лажица соја сос
1 лажица сок од лимета
ливчиња босилек и кориандер за декорација

Загрејте масло во длабока тава на среден оган. Пржете го кромидот 2-3 минути со постојано мешање додека да омекне. Додадете го лукот и лутото пиперче и гответе една минута. Потоа додадете кари и гответе ја смесата со мешање 1-2 минути. Во тавата додадете ги компирите, кокосово млеко и 400мл вода. Кога чорбата ќе зоврие намалете ја јачината и гответе ја околу 15 минути додека да омекнат компирите.
Во чорбата додадете ги ракчињата и гответе ја 4-5 минути. На крај додадете соја сос и сок од лимета.Промешајте во чорбата свежи ливчиња босилек и кориандер.
Послужете ја чорбата веднаш. Предлагаме бел ориз како прилог.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:05

Мароканска супа

1 лажица маслиново масло
1 главица кромид, крупно исецкан
2 чешниња лук, исецкан
1 лажичка мелен кориандер
1 лажичка кумин
1 лажичка цимет
1 лажичка црвен пипер
4 моркови, крупно сецкани
400гр. тиква, излупена и исецкана
1л. пилешка или зеленчукова супа од коцка
1 лажичка мед
250мл. павлака
свежи листови кориандер

Загрејте масло во длабока тава на среден оган. Додадете ги кромидот и лукот да се готват 5 минути додека да омекнат. Потоа додадете кориандер, кумин, цимет и црвен пипер. Гответе ја смесата 1 минута со постојано мешање.
Додадете ги морковите, тиква и пилешка супа од коцка. Кога супата ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата и гответе на тивко околу 30 минути со повремено мешање. Тргнете ја супата од рингла.
Префрлете ја целата смеса во блендер и измешајте ја за да добиете кремаста смеса. Вратете ја во тавата и додадете мед и 2/3 од павлаката. Гответе ја супата на тивко 2-3 минути за да се згрее. Зачинете по желба со сол и црн бибер.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:07

Говедска чорба

1 лажица маслиново масло
500гр. говедско месо, крупно сецкано
2 моркови, излупени и ситно сецкани
2 главици целер, ситно сецкан
1 главица кромид, сецкан
2 чешниња лук
2 лажички рузмарин
500мл. говедска супа од коцка
80гр. јачмен
2 ливчиња ловор
400гр. домати, ситно сецкани
300гр. сладок компир, исецкан на коцки

Загрејте во голема длабока тава половина лажица масло на силен оган. Пропржете го месото 2-3 минути, додека добие кафеава боја. Префрлете го во чинија.
Загрејте го остатокот од маслото во тавата. Пржете ги морковот, целер и кромид 8 минути. Додадете лук и рузмарин и пржете ги уште една минута. Вратете го говедското месо во тавата.
Додадете ја сварената супа од коцка, јачменот и листови ловор. Покријте ја тавата и оставете ја чорбата да зоврие. Намалете ја јачината на ринглата и гответе ја уште 1 и 1/2 ч. Додадете ги доматите и сладок компир. Варете ја чорбата уште 30мин.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Нед Дек 04 2016, 19:08

Супа од пиперка на скара

5-6 црвени пиперки
1 лажица маслиново масло
2 чешниња лук ситно сецкани
500 мл. зеленчукова супа од коцка
400 гр. домати од конзерва ситено сецкани
1 лажичка шеќер
сол и бибер
5-6 маслинки, црни
70 гр. кубети

Зовријте 500 мл. вода во тенџере на рингла на силен оган и во неа сварете 1 коцка зеленчукова супа.

Во меѓувреме загрејте електрична скара и испечете 5-6 црвени пиперки. Излупете ги пиперките и изблендирајте ги за да добиете пире.

Во тава на силен оган со лажица масло пропржете го лукот 1 минута. Додадете го пирето од пиперки, супата, сецканите домати и шеќер. Промешајте и кога ќе зоврие намалете го огнот на тивко и варете ја супата уште 6 минути. Зачинете ја со сол и бибер по вкус.

Во блендер измешајте 5-6 маслинки без семки.

Послужете ја топлата супа со кубети и малку пире од маслинки.

http://www.mojatakujna.mk/kujna/archives/%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%BA/supi-corbi/page/2
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Чет Дек 22 2016, 19:03

Чорба од тиква

СУПИ И ЧОРБИ Tikva-641x427

За љубителите на тиква издвоивме интересен рецепт кој се подготвува интересно и за кратко време.
Потребно е:
750 гр сечкана тиква
1 литар пилешка супа
1 кромид
2 чешниња лук
3 гр мелен ким и коријандер
100 гр сечкан магодонос
200 мл слатка павлака
Малку козјо сирење
Подготовка:
Тиквата издинстајте ја со малку вода и оставете 10 минути да омекне. Издинстајте ги кромидот, лукот, а потоа додадете ги зачините и измешајте. Во тоа ставете ја пилешката супа, додадете ја тиквата и варете 10 минути.
Сипете ја павлаката и измешајте. По ваш вкус додадете сол, црн пипер и сервурајте со изронето кзојо сирење, печени семки од тиква, а можете да послужите и црн леб и пипер.

http://mama365.mk/%D1%87%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B0-2/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:54

ЧОРБА ОД СОЈА СО ЗЕЛЕНЧУК

Потребно: 300гр. сварена соја во зрно (може и црна соја), 40гр. ладно цедено масло, 2 главици кромид, 3 моркови, 1/2 корен целер, 2 чешниња лук, 2 помали компири, ловоров лист, 1 пиперка (по вкус може да биде и лута), магдонос, сол, бибер, 2 ливчиња нане и црвен пипер по желба.

Подготвување: во тава се загрева маслото, се додава исецканиот кромид, се пропржува и се додаваат исчистениот и изрендан морков, магдоносот и целерот. Смесата се динста додека малку не омекне, со повремено додавање на млака вода. Кога зеленчукот е скоро мек се додава излупениот и изрендан компир, пиперката, сол и бибер, црвен пипер и нане. Сето тоа се меша , се налева со супа од коцка и се вари додека не омекне. Варената и оцедена соја се меша со зеленчукот, по потреба се долева од супата, па сето тоа заедно се вари уште 15-20 мин.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:54

СУПА ОД ПРОСО

Потребно: 1/2 шоља просо, свеж или сушен зеленчук за супа ( морков, магдонос, пашканат, целер), 2дл. јогурт (не е обврзно), 1 главица кромид.

Подготвување: на ладно цедено масло се динста ситно исецканиот кромид. Се додава сецканиот зеленчук, се меша и се додава просото. Се полива со вода за да се покрие содржината и се вари на тивок оган. Повремено се меша и по потреба се додава вода се додека не се постигне саканата густина. Кога ќе се свари супата, се трга од огнот и се додава јогурт. Супата се служи топла.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:54

ЧОРБА ОД ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ И ПРОСО

Потребно: 1 шоља варен интегрален ориз, 1/2 шоља варено просо, 1 главица ситно исечкан кромид, 1 рендан морков, морска сол, бибер, магдонос, свеж домат или лажичка кечап, 1 лажица интегрално брашно.

Подготвување: Се динста кромидот на малку вода и ладно цедено масло, се додава морковот и се динста уште 15 мин. Потоа се додаваат оризот и просото, па се полева смесата со вода за да се покрие. Кога ќе проврие се додава доматот, био-зачинот и шоља вода во која е разматено брашното. Се вари уште 5 минути се трга од оган и се додава ситно исечканиот магдонос. Се служи топло.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:55

СУПА ОД МЕШАНИ ЖИТНИ СНЕГУЛКИ

Потребно: 2 лажици јачменови снегулки, 2 лажици `ржани снегулки, 2 лажици овесни снегулки, 2 лажици леќа, 1 главица ситно исецкан кромид, ловоров лист, ладно цедено масло, прстофат мајчина душичка, морска сол, бибер.

Подготвување: кромидот се динста со малку вода и масло, се додаваат снегулките, леќата, ловоровиот лист и мајчината душичка. Се прелива со 3 шољи вода и се вари околу 40 мин. Потоа се зачинува. Се служи на следниов начин: се запекува кришка од интегрален леб и се налева со супатa.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:55

СУПА СО ЈАЧМЕНОВИ СНЕГУЛКИ

Потребно: 1 лажица јачменови снегулки, 2 моркова, 1 главица кромид, 1 лажица сув или свежо исецкан зеленчук за супа, 1 лажица ладно цедено сончогледово масло и зачини (сол, бибер, магдонос, целер, сомелено парче сушен вргањ).

Подготвување: снегулките се потопуваат во вода и се оставаат да киснат 30 мин. На масло се динста ситно исецканиот кромид и се додава ситно изренданиот морков. После неколку минути динстање на смесата се додаваат уште 3 шољи вода и се вари на тивок оган. Се додаваат сецканиот зеленчук, процедените јачменови снегулки и зачините (освен листовите од магдонос и целер кои се додаваат на крај). Сето тоа се вари уште 15 минути.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:55

СУПА ОД ЈАЧМЕН

Потребно: 250-300гр. јачмен, 1 корен магданос, 1 морков, 1 корен целер, 1 кромид, 2 чешниња лук, 1 лажица масло, сол, ким.

Подготвување: се остава јачменот да преноќи во 1/2л. вода. Утредента се вари на тивок оган, со постојано додавање на вода за да не загори. Откако јачменот е сварен му се додаваат исецкани останатите состојки, се зачинува и се тура маслото. Ова се остава покриено 10 минути за да се омекнат во сопствената пареа додадените состојки во јачменот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:55

ЧОРБА ОД ПЧЕНКА

Потребно: 4 класа свежа пченка, 1 исецкано стебло целер, 2 исецкани главици кромид, 5-6 шољи изворска вода, 1/4 лажичка морска сол, тамари соја сос или друг зачин по вкус.

Подготвување: во лонец се ставаат целерот, кромидот и исчистените пченкарни зрна. Се додава вода и на врвот на ножот сол. Се остава да проврие, се намалува температурата, се става поклопец и се остава да крчка се додека целерот и пченката не омекнат. Се додава остатокот од солта и ако сакате тамари соја сос по вкус. Се служи со исецкан магдонос и нори алга (доколку употребувате алги).
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:58

Супа од телешка коска и зеленчук

Состојки
1 голема телешка коска со месо
1 корен пашканат
1/2 корен целер
1 морков
1 компир
1 китка средна брокула
зачин, бибер во зрно , сол, вода
листови целер, листови магдонос, ловоров лист
1 главица кромид
1 рака фиде

Многу често приготвувана кај нас дома.
Вкусна и богата супа.
До колку коската е гола, без месо, тогаш купете и 300 гр телешки мускул и варете го заедно со коската.

Најпрво коската се налива со ладна вода и нека одстои 1-2 часа во неа.
потоа таа а вода се фрла.
Сега во тенџерето каде ќе се вари коската се ставаат коренестите зеленчуци, морков, целер, пашканат, ловор, бибер, сол, листовите целер, магдонос и кромидот.
Нека врие на тивко 2 часа, при тоа отпенувајте ја по потреба. Кога месото е сварено се процедува само течноста во друго тенџере.
Потоа се чисти коската од месото, се сецкаат морковот, пашканатот и целерот.
Или може и да се испасираат.
Сега се става во водата сецканиот компир, се зачинува по вкус, се става фидето и врие уште 5-10 минути.
Пред самиот крај се додавата цветовите брокула.
Се зачинува со лимон и мелен пипер.

https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D1%83%D0%BF%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%87%D1%83%D0%BA
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:59

Говедска супа од коски

Супата од коски е јадење старо онолку колку што е стара и самата вештина за готвење јадења. Во модерното живеење, можеби го има загубено своето место, но секогаш треба да остане актуелна заради непроценливите здравствени придобивки.
Супата е преполна со хранливи материи поаѓајќи од содржина на многу минерали, како калциум, фосфор, магнезиум и калиум, во состојба во која вашето тело многу лесно ги искористува.
Содржи соединенија хондроитин и глукозамин коишто имаат влијание во ублажување на воспалителните процеси како што се артитис и болки во зглобовите. Присутен е и мелатонинот што придонесува за здрава кожа, коски и нокти.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 12:59

Состојки

500 г пресечени шупливи говедски коски на кои може да има и мала содржина месо
2 лажици јаболков оцет
1 кромид или праз
2 чешниња лук
2 моркова
1 целер
1 пашканат
сол, магдонос и бибер во зрно
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СУПИ И ЧОРБИ Empty Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот