Природни лекови

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Природни лекови

Пишување by Гостин on Сре Јун 03, 2015 10:56 pm

ОРИГАНО: НАЈСИЛНИОТ ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК



Ориганото е медитеранска билка која важи за една од најлековитите билки на светот.
Ориганото е многу ценето поради неговото масло, кое се добива од диви видови оригано преку посебен процес на дестилација, за да се сочуваат сите негови својства.

Постојат повеќе од 40 видови оригано, во кулинарството најчесто се користи Origanum Vulgare, но за најлековит вид се смета Origanum Minutiflorum, кое содржи и до 90% активна лековита состојка наречена карвакрол. Старите Грци го применувале маслото од оригано за лечење рани, каснувања од змии и тегоби на дишните патишта, а во Средниот век станало популарно и во Европа, каде се користело за лечење инфекции.

Лековити својства на маслото од оригано
Највредната лековита материја во маслото од оригано е карвакрол, состојка која има силно антибактериско дејство. Британските научници потврдиле дека маслото од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии, а најмногу против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и уринарниот тракт, тифус, колера, чиреви и кожни инфекции. Освен што ги уништува бактериите, ова масло има и силно антивирусно дејство, односно ефикасно штити од грип и настинка, и може да ја спречи болеста уште кога ќе се јават првите симптоми.







Спречува алергии
Маслото од оригано содржи рузмаринска киселина, која е силен антихистаминик и моќен антиоксиданс и најчесто се користи во лечење на алергиските реакции, бронхијална астма, ревматолошки артритис и гингвитис, така што само инхалирање на маслото помага при алергија.

Го успорува стареењето
Антиоксидативните својства на маслото од оригано се благотворни за долготрајно чување на здравјето. Тие штитат од слободните радикали и ги опоравуваат веќе оштетените клетки. Познато е дека антиоксидансите го успоруваат стареењето, штитат од рак, спречуваат макуларна дегенерација, губиток на видот и слухот, нервни пореметувања и многу други болести поврзани со делување на слободните радикали.



Прва помош при убоди од инсекти и животни
Маслото од оригано има моќ на неутрализирање на отровните убоди, како оние од пчела, змија и пајак, а исто така е корисно и за спречување инфекции, намалување на воспаленијата и болките од убодни рани и каснувања од животни.

Помош при спортски повреди
Ги олеснува грчевите и болките во мускулите, го помага заздравувањето на повредите, воспаленијата на тетивите и слично, а неговите противвоспалителни дејства воедно го прават и моќен лек за артритис.

http://karmin.tocka.com.mk/56/106263/origano-najsilniot-priroden-antibiotik

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by Teo on Саб Дек 24, 2016 12:06 pm

5 природни лекови против настинка

Сѐ повеќе луѓе почнуваат да користат природни лекови за борба против настинката, отколку да користат антибиотици. Природните лекови можат да бидат навистина моќни во лекувањето и да го одржуваат телото. Ова се 5-те најмоќни природни лекови:
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by Teo on Саб Дек 24, 2016 12:06 pm

1. Мед

Како природен засладувач, медот е одличен во чај, кој секако помага во борбата против настинка. Исто така, медот е одличен за рани и изгореници.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by Teo on Саб Дек 24, 2016 12:07 pm

2. Лук

Лукот е билка која се користи во готвењето, но, исто исто така може да се користи и како лек против инфекции и настински. Лукот може да ви помогне во подобрувањето на имунолошкиот систем и да го намали ризикот од срцеви заболувања, а и содржи витамин Ц, кој има многу придобивки за вашето здравје.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by Teo on Саб Дек 24, 2016 12:07 pm

3. Ѓумбир

Ѓумбирот се користи во повеќе од половина традиционални кинески лекови. Исто така, чајот од ѓумбир помага против настинката и во ублажување на болките во стомакот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by Teo on Саб Дек 24, 2016 12:07 pm

4. Ехинацеја

Ехинацејата често се користи против болки и инфекции. Не само што може да го подобри имунолошкиот систем, туку и може да ги намали симптомите на болест. Исто така е одличен лек и за егзема, псоријаза и изгореници од сонце.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by Teo on Саб Дек 24, 2016 12:07 pm

5. Витамин Ц

Витаминот Ц е неопходен витамин за здраво тело. Како и да е, може да се користи и за уништување на бактерии и на многу болести. Малку витамин Ц на почеток на настинката му помага на телото да оздрави побрзо.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by delta on Нед Дек 25, 2016 12:51 am

rakija e najdobar priroden lek znajte.,/
avatar
delta

Број на мислења : 256
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Саб Јан 21, 2017 10:20 pm

Домашна крема од 2 состојки која ќе ги избрише брчките од вашето лице

Нашата кожа е неверојатно нежна. Со текот на годините таа ја губи нејзината еластичност, како резултат на што се појавуваат брчки.

Ситните брчки, кои се појавуваат околу очите, некои од нас ги прифаќаат како природен процес на стареење, но има и многу кои посакуваат да го спречат или забават овој процес.

За жал крема против старост не постои. Но, затоа постојат квалитетни козметички производи кои ја хранат и хидрираат кожата што го забавува процесот на стареење, а со тоа и создавањето на брчки.

Следната природна крема може да ја користите како алтернатива за скапите козметички производи кога се во прашање брчките околу очите, но и на целото лице.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Саб Јан 21, 2017 10:21 pm

Состојки:

½ лажичка кокосово масло
1-2 капки есенцијално масло од темјан
Измешјате ги убаво двете состојки и нанесете ги со нежно масирање на чисто лице, особено во делот околу очите.

Кремата се нанесува 2 часа пред спиење и не треба да се мие.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Саб Јан 21, 2017 10:21 pm

Кокосовото масло има многу делотворни својства кога е во прашање не само негата на лицето, туку и на целото тело.

Етеричното масло од темјан пак, е особено ценето во козметиката заради регенеративното дејство кое го има врз кожата, природниот ефект на лифтинг и пополнувањето на брчките.

Неговиот изразен мирис го опушта телото и го подобрува расположението. Исто така, ја намалува анксиозноста, депресијата, главоболката и несоницата.

http://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/46433-domasna-krema-od-2-sostojki-koja-kje-gi-izbrise-brckite-od-vaseto-lice
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by SHARENI on Пет Јан 27, 2017 6:47 pm

ke ima li nekoj lek za onie koi uporno se obiduvaat da ne malverziraat
avatar
SHARENI

Број на мислења : 137
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:12 pm

Лековити билки: 7 чудотворци кои можете да ги консумирате секојдневно

Зачините не се само додаток во јадењето, тие се исто така непроценлив лек за нашиот организам. Во продолжение прочитајте кои билки се сојузници во борбата против болестите.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:13 pm

1. Босилек

Листовите босилек содржат есенцијални масла со силни антиоксиданси и антибактериски својства. Освен тоа, босилекот е одличен извор на железо и витамин А. Додајте го исечкан во салатите или тестенините.

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:14 pm

2. Жалфија

Магичната жалфија е доста позната по своите антивоспалителни дејства. Исушете ги листовите жалфија и подготвувајте од нив чај со кој ќе можете да ги ублажите тежините предизвикани од чувствително забно месо, воспалено грло или болни синуси. Додајте свежи листови жалфија во сосот со кој ќе го полиете омилениот бифтек. Само бидете внимателни со количината, бидејќи овој зачин има интензивен вкус и мирис.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:14 pm

3. Коријандер

Го поттикнува исфрлањето на тешките метали од телото и му помага на црниот дроб во тој процес. Ја чисти кожата, ги ублажува кожните воспаленија и желудочните тегоби. Можете да го додавате во салати, печења и смудиња, а можете да направите и напивка од суви семки. Едноставно прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат 10 минути.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:14 pm

4. Маточина

Во нашите краеви често пред спиење се пие чај од маточина затоа што смирува и благотворно делува на организмот и нервниот систем. Меѓутоа, ситно исечканите свежи листови маточина можете да ги додадете во овошни салати или пак, во тестото за колачиња и мафини. Маточината помага во лечењето на чирови или грозница на усните, ја намалува високата температура и главоболката.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:14 pm

5. Магданос

За одгледување магданос ќе ви биде потребна мала импровизирана градина на терасата или балконот. Овој зачин е одличен за имунолошкиот систем, помага во отстранувањето на вишокот течности од телото, го лекува нервниот систем и ги зајакнува коските. Исто така е одличен освежувач на здивот. Користете го свеж во супа, ориз, сос, варила или салата. Додајте го во јадењето 5 минути пред крајот на готвењето, бидејќи во текот на долготрајното изложување на високи температури губи доста лековити својства.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:14 pm

6. Рузмарин

Содржи кофеинска и рузмаринска киселина, два моќни антиоксиданси со лековито делување и е одличен извор на витамин Е. Добро ја поднесува сувата и сиромашна земја, па можете да го засадите во тегла и да го чувате на вашиот балкон без страв. Сјајно се сложува со јадењата од месо, па можете да го додадете во сите печења, а ќе биде одличен додаток на печењето со „тежок“ зеленчук, како што е компирот или слаткиот компир.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 5:15 pm

7. Нане (мента)

Има анестетични својства и овозможува чувство на ладење. Содржи неколку клучни витамини и минерали, но неговото најсилно својство е антиоксидансот. Благотворно делува на варењето, ги ублажува надуеноста, грчевите и тврдата столица. Ова е еден од најсестраните зачини. Секогаш садете го во посебна саксија, одвоено од другите билки, бидејќи е доста „наметлив“ и агресивен, односно многу брзо расте. Додајте го во овошни салати, посипете го со него сладоледот, додајте го во смудињата и напивките. Листовите можете да ги исушите и од нив да приготвувате чај.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by delta on Сре Фед 22, 2017 1:41 pm

lecile se ne se lecile pak ke umreme..//.
avatar
delta

Број на мислења : 256
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by luxor on Нед Апр 02, 2017 11:33 am

Чај што помага за синдромот на нервозни црева

Еден од чаевите што помага за подобро варење на храната е маточината.

Таа ги ублажува мачнините, надуеноста, гасовите и грчевите во стомакот, а исто така помага и при слабиот апетит.

Чајот од маточина се пие без засладувачи пред оброците или засладен со малку мед по оброкот.

Овој чај во комбинација со нане помага и за синдромот на нервозни црева.

http://www.popularno.mk/2017/04/01/%D1%87%D0%B0%D1%98-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD/
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Природни лекови

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот