Јадранот станува опасен

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Јадранот станува опасен

Пишување by Гостин on Чет Jул 09, 2015 11:06 am

Во близина на Будва била уловена најотровната риба на светот

Рибарот Илија Рафаиловиќ, покрај самиот брег во Рафајловиќи, недалеку од Будва, уловил возрасен примерок на најотровната риба на светот, на длабочина од пет метри.
Илија и неговата ќерка Анџела, веднаш го известиле Институтот за биологија на морето, кој потврдил дека станува збор за видот Lagocephalus sceleratus, која е позната како фугу риба.

Поради присуството на отров во црниот дроб, нејзината конзумација може да има тешки последици по човекот.

„Отровот од црниот дроб – тетраодоксин – е исклучително термостабилен, што значи дека не може да се елиминира со готвење или печење. Присуството на овој вид неодамна е забележано и кај Дубровник, па така локалните жители веќе се запознаени со присуството на овој вид кај нас, а главната причина за тоа е глобалното затоплување, зголемување на средната годишна температура во Јадранот и создавање услови за престој на овој вид во Јадранското море“, рекол директорот за биологија на морето, магистар Мирко Ѓуровиќ, пишува српски Блиц.




Тој додал дека овој вид во Јадранот имал репродуктивна активност, па така и во иднина може да се очекуваат уште улови на оваа риба.

Рибата фигу има живеалиште во Индискиот океан, а во Медитеранот доаѓа низ Суецкиот канал поради климатските промени и зголемената температура на морето.

Се препорачува рибата фугу да не се зема со голи раце, туку со ракавици. Иако станува збор за смртоносна риба, таа со векови претставува деликатес во јапонската кујна.

Смејат да ја приготвуваат само готвачи кои ќе поминат посебна повеќегодишна обука и ќе стекнат лиценца, како доказ дека ги совладале сите потребни вештини за подготовка на оваа риба.

http://tocka.com.mk/1/164691/vo-blizina-na-budva-bila-ulovena-najotrovnata-riba-na-svetot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Јадранот станува опасен

Пишување by osa on Чет Jул 09, 2015 10:37 pm

e shto se skratilo drugo jadenje pa mora japoncite da ja jadat ovaa riba ??? NE RAZBIRAM !!!!

ete go "blagodetot "od globalnoto zatopluvanje ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот