СОДА БИКАРБОНА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СОДА БИКАРБОНА

Пишување by Гостин on Сре Сеп 16, 2015 9:00 am

20 практични алтернативни примени на сода бикарбона

Белиот фин прашок познат како сода бикарбона не служи само за приготвување на вкусни печива. Тој има и ред други примени кои можат да ги направат поефикасни третманите за нега и разубавување, да ви помогнат во одржувањето на домот и да ви го олеснат справувањето со одредени непријатни ситуации.



Еве за што сè можете да користите сода бикарбона:

Чиста коса. Сода бикарбоната може да ви помогне да ги отстраните наталожените остатоци од стилизирачките средства за коса како регенератори, пени или гелови. Едноставно додајте една лажичка сода бикарбона во вашето шишенце за шампон. Доколку користите базен за пливање, пожелно е потоа да ја измиете косата со раствор од сода бикарбона. Измешајте половина лажичка сода бикарбона со половина литар вода и измијте ја косата за да го отстраните хлорот и да си ја вратите бујноста на косата.
Чисти чешли и четки за коса. Не само вашата коса, туку и вашите четки за коса стануваат подлога за таложење на остатоци од продуктите за коса. Спрејот за коса или природните масла од скалпот полесно ќе ги отстраните од четката ако ја потопите во топла вода со две лажици сода бикарбона.
Раце без остра миризба. Измешајте 3 лажички сода бикарбона со една лажичка течен сапун и истријте ги рацете за да ја отстраните миризбата од риба, лук или кромид.
Мека кожа на лактите и колената. Кожата на лактите и колената често знае да откаже послушност и да го добие оној непријатен на допир груб и крут изглед. Направете паста од малку сода бикарбона и вода и со неа истријте ги овие области од телото. Веднаш ќе забележите разлика.
Чисти и побели нокти. Ставете малку сода бикарбона на стара четка за заби и со неа исчеткајте ги ноктите на рацете и нозете. Со тоа, ем ќе ги омекнете кутикулите, ем ќе ги исчистите и избелите ноктите, кои често пожолтуваат од користењето на лакови за нокти во силни бои.
Побели заби. Врз пастата за заби на четката ставете малку сода бикарбона и измијте ги забите. Ве смета дека сода бикарбоната е природен избелувач на забите.
Релаксирање на стапалата. Одморете ги стапалата по напорниот ден со мини бања од топла вода и 3 лажици сода бикарбона.
Освежување на здивот. Растворете една лажичка сода бикарбона во чаша со вода. Напијте се една голтка и шмукајте, а потоа исплукајте ја течноста. Миризбите во устата ќе бидат неутрализирани.
Отстранување на мирисот на цигари од облеката. Ако ви се случи да се најдете во друштво на пушачи или ако самите вие сте пушач и го мразите мирисот на чад во вашата облека, можете да искористите сода бикарбона за да го отстраните. Пред да ги исперете алиштата, искиснете ги во вода со неколку лажици сода бикарбона.
Отстранување на мирисот на бебешка плунка и повраќаница од облеката. Многу е тешко да се отстрани мирисот на бебешка плука и повраќаница од облеката. Но, со сода бикарбона можете да го потпомогнете тој процес. Напрскајте сода бикарбона на конкретното место на облеката и истријте.
Помалку миризлива канта за ѓубре. Пред да ставите нова кеса во кантата за ѓубре, напрскајте го дното со сода бикарбона за да ја намалите лошата миризба.
Помалку мириси во фрижидерот. Во фрижидерот оставете мало отворено кутивче со сода бикарбона. Таа ги „впива“ миризбите. Менувајте ја сода бикарбоната на секои 3 месеци или порано ако започне да апсорбира премногу миризби. Доколку имате голем проблем со „миризлив“ фрижидер, исчистете го со вода и сода бикарбона.
Чистење на микробранова печка. Ставете сода бикарбона на сунѓерче и со него истријте ја микробрановата печка.
Чистење и освежување на даската за сечкање. За да ја исчистите и „одмирисате“ даската за сечкање храна, ставете сода бикарбона на суѓер и тријте. Потоа измијте со детергент.
Безмирисни пластични кутии за складирање на храната. Пластичните кутии кои редовно ги користиме за складирање на храната лесно се замирисуваат. За да ја елиминирате миризбата, наполнете ги со раствор од вода и сода бикарбона и оставете ги преку ноќ. Утрото измијте ги.
Чистење на загорени тавчиња. Направивте мала грешка во кујната и завршивте со загорено тавче? Можете на помош да побарате сода бикарбона. Ставете во тавчето сода бикарбона и налејте жешка вода. Оставете го да кисне барем неколку часа, а пред да го чистите можете малку да го загреете на рингла за водата да зоврие.
Чистење на скарата. Исчистете ја мрснотијата од решетката на скарата со влажно сунѓерче на кое ќе ставите сода бикарбона.
Чистење на тврдоглавото лепило од етикетите. Понекогаш врз новите предмети останува лепило од налепниците кое никако не сака да излезе. Во таков случај, ставете сода бикарбона на сунѓерче и протријте.
Посјајно сребро. Измешајте сода бикарбона и вода во однос 3:1 (3 лажички сода бикарбона и една вода) и со смесата истријте ги сребрените предмети. На крајот, измијте ги со вода.
Освежување на теписи. Ако одредено место на вашиот тепих поради една или друга причина има остра миризба, напрскајте го со сода бикарбона. Почекајте 2-3 часа, а потоа соберете ја сода бикарбоната со правосмукалка.

http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8/%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8/20-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%B0%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B4%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B1%D0%BE%D0%BD%D0%B0

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот