Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 29 of 40 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 34 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Јун 06 2016, 23:31

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес денот се симболизира со работен ентузијазам и грижа за јавните работи. Денес може да добиете профитабилен предлог. Не треба да се откажувате. Ѕвездите ви советуваат да не ја менувате работата. Тешкотиите со кои се соочувате се привремени.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Јун 06 2016, 23:31

Јарец (22.12 – 20.01)

Животниот потенцијал ви се намалува, што може да доведе до проблеми. Одложете ги далечите патувања. Можни се сериози финансиски трошоци. При извршување на секојдневните обврски може да се соочите со пречки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Јун 06 2016, 23:31

Водолија (21.01 – 19.02)

За вас е многу важна восхитта и виманието пројавено кон вас од страна на околината. Ѕвездите ве советуваат денес да не се мешате во текот на настаните. Тогаш е можно повеќето проблеми да исчезнат сами од себе. Тргнете пари настрана! Наскоро може да ви бидат потребни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Јун 06 2016, 23:31

Риби (20.02 – 20.03)

Поволен ден. Тој е извонреден во трендот на зголемување на позитивната енергија. Поволен период за службени патувања и посета на нови места. Можно е да се сконцентрирате на решавање на сериозен проблем.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:22

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Среда, 08 Јуни 2016
Под денешното небо планетите ве повикуваат да се забавувате, искрено и без граници. Ова е ден кога треба да излезете од школката во која се криете и ослободени од ограничувања да зачекорите пред светот.
Не се плашете да зборувате за вашите интереси и хобија, бидејќи токму со нив ќе се издвоите од другите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:23

БИК (20. IV – 20. V)

Среда, 08 Јуни 2016
Доме, слатки доме. Денес ниту едно друго место нема да може да ви го понуди мирот и топлината на вашиот дом, па најголем дел од слободното време ќе поминете таму. Некои бикови ќе добијат желба да вметнат детали кои им будат спомени.
Можно е преку женски член од семејството или пријателка да ја запознаете вашата нова љубов.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:23

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Среда, 08 Јуни 2016
Вие сте комуникативна личност која знае како да шири познанства, но денес ќе се надминете себеси. Очекувајте многу нови лица да пристигнат во вашиот живот, некои од нив, засекогаш.
Не ја игнорирајте љубопитноста кога ви вели дека треба да истражите одредена област. Следете ја и ќе стигнете до вашата нова страст.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:23

РАК (21. VI – 22. VII)

Среда, 08 Јуни 2016
Самодовербата денес ќе ви ја исправи главата, па лесно ќе ги реализирате вашите замисли. Доколку се двоумите кон која цел да тргнете, изберете ја поголемата.
Некои ракови со статус сингл ќе прифатат љубовен состанок со личност која ја одбивале, но која им делува стабилно. Ќе се изненадите!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:23

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Среда, 08 Јуни 2016
Денес ќе умеете да застанувате во центарот на вниманието и да им се пикате на луѓето под кожа, но најсреќни ќе бидете кога вашето семејство ви ја дава својата поддршка. Некои лавови ќе започнат сопствен бизнис, а други храбро ќе се зафатат со личен проект.
Многу е важно да направите нешто кое вам ви носи задоволство, макар и тоа да изгледа како ситница во очите на другите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:24

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Среда, 08 Јуни 2016
Понекогаш тишината кажува повеќе одошто зборовите. Денес голема е веројатноста да кажете нешто за кое може да жалите доколку не размислите двапати.
Не чувствувајте како да мора да спасите нечиј ден, бидејќи не должите никому ништо. Фокусирајте се на вашиот живот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:24

ВАГА (23. IX – 22. X)

Среда, 08 Јуни 2016
Пријателите денес ќе се сместат во центарот на вашиот свет. Сметајте на нив кога животот ви задава удар, кога блиските ќе ве разочараат или пак кога сте најсреќни. Делете со нив сè и тие ќе го направат истото.
Засилете го вашето присуство на интернет доколку имате сопствен бизнис. Голема е веројатноста да добиете неодолива понуда.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:24

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Среда, 08 Јуни 2016
Лидерот е роден! Денес ќе се истакнете како доминантна фигура на работното место и ќе ги поведете колегите во поход кој нова победа. Некои шкорпии ќе станат раководители на проект кој носи голема заработка.
Не ѝ се доверувајте на случајноста. Креирајте ја вашата иднина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:24

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Среда, 08 Јуни 2016
Ова е ваш ден, ден за авантура и нови доживувања. Доколку некој ви понуди патувања на место кое никогаш не сте го посетиле, прифатете го без двоумење.
Ако сте сингл, раширете ги вашите романтични хоризонти кон лица кои досега не сте ги вклучувале во вашиот видик. Таму ќе најдете специјална личност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:25

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Среда, 08 Јуни 2016
Денес ќе ги исполнувате обврските со жар и страст, а токму тоа ќе ве направи успешни. Луѓето ќе знаат дека го давате максимумот од себе и ќе го ценат тоа.
Ако сте во врска, ви претстои жешка ноќ со партнерот. Не си поставувајте ограничувања пред себе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:25

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Среда, 08 Јуни 2016
Денес ќе се фокусирате на важно бизнис партнерство и ќе направите сè за да се уверите дека тоа ќе трае вечно. Можно е да направите компромис кој никогаш не сте мислеле дека ќе го направите.
Некои водолии со статус сингл ќе се зближат со лице од спротивниот пол и сериозно ќе ја разгледаат можноста да влезат во врска.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Јун 08 2016, 01:25

РИБИ (19. II – 20. III)

Среда, 08 Јуни 2016
Во здраво тело, здрав дух. Денес максимално ќе се грижите за вашите потреби, а тоа не само што ќе се одрази на вашето расположение, туку ќе се одрази и на вашата здравствена состојба. Конечно ќе одделите повеќе време за вежбање.
Ќе имате огромна самоконтрола, па лесно ќе ги одбивате искушенијата како слатко, цигара или алкохол. Градете трајни навики.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:51

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Јуни, 2016
Љубов
Клучот кон успешна врска е во комуникацијата, а вие ќе бидете пример за тоа во текот на шестиот месец од годината. Љубовта ќе биде изборот кој постојано ќе го правите.

Сонцето и романтичната Венера ќе патуваат рака за рака во вашата 3-та куќа на комуникацијата и интелектот повеќе од половина месец, поттикнувајќи ве да се борите за подобри односи со личноста којашто ја сакате. Иако е невообичаено за вас, ќе научите да правите компромиси. Овните со статус сингл ќе ја разгледаат можноста да влезат во врска со пријател.

Во меѓувреме, сексапилниот Марс ќе се движи ретроградно во вашата 8-ма куќа на интензивните емоции и интимноста. Не се изненадувајте ако овој месец случајно налетате на личност во која сте биле лудо заљубени или со која сте биле интимни во минатото. Некои овни кои се во врска ќе почувствуваат намалено либидо додека кај други ќе се разбуди љубомора. Издржете, од следниот месец сè ќе биде различно.

Пуштете го умот на лер и бидете смирени на 3 јуни, кога хармоничната Венера ќе стане дел од Големиот Крст, заедно со попустливиот Јупитер, строгиот Сатурн и лукавиот Нептун. Ќе се чувствувате несигурно и збунето во врската, па дури и на моменти ќе делувате параноично. На овој ден не носете големи одлуки за кои подоцна може да жалите.

На 17 јуни Венера, планетата на љубовта, влегува во вашиот сектор на домот и семејството каде ќе остане до 12 јули. Доколку сте во врска, ќе започнете да разговарате со партнерот за деца или заедничко живеалиште, што ќе резултира со носење на сериозни заеднички одлуки. Доколку сте сингл, ќе започнете да се цените повеќе себеси и да барате личност која ќе го прави истото.

Некои овни таква личност ќе пронајдат на далечна локација на 21 јуни кога ќе настапи полна месечина во стрелец, вашата куќа на патувањата. Можно е да „паднете“ на шармот на прекрасен странец. Овните пак кои веќе имаат партнер препорачливо е накратко да отпатуваат некаде.

Убава вест за вас доаѓа на последниот ден од месецот. На 30 јуни огнениот Марс го прекинува две и пол месечното ретроградно движење. Повторно ќе ја пуштите љубовта да проструи низ вашето тело.

Работа и пари
Комуникативноста, сјајните говори пред голема публика и отвореноста ќе ве издвојат од конкуренцијата во текот на јуни. Сонцето три недели ќе престојува во вашата 3-та куќа на комуникацијата, идеите и интелектот, давајќи ви уникатни ставови и размислувања. Можно е да станете иницијатор на иновативен проект.

Избегнувајте ги заедничките инвестиции и разговорите за пари до крајот на месецот, бидејќи жестокиот Марс ќе се движи ретроградно во вашата 8-ма куќа, зголемувајќи ја веројатноста од недоразбирања со бизнис партнерите или соработниците. Разговарајте со финансиски експерти доколку одлучите да вложите пари во одредена идеја.

На 5 јуни настапува млада месечина во близнаци, вашата 3-та куќа на идеите и пишувањето. Преточете ги вашите мисли и идеи на хартија и ќе бидете сведок на раѓањето на нешто прекрасно.

Доколку планирате да започнете со реализација на нова идеја или нов бизнис, направете го тоа на 21 јуни, кога ќе настапи полна месечина во вашата 9-та куќа на претприемништвото.

Здравје
Старите љубовни чувства може да имаат негативни последици на вашето здравје во текот на јуни, па расчистете со нив. Енергичниот Марс цел месец ќе се движи ретроградно во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста, поигрувајќи си со вашето расположение. Дозволете си да се исплачете ако ви е тешко, а потоа исправете ја главата и продолжете понатаму.

На 13 јуни Нептун, планетата на потсвеста, преминува во ретроградно движење во вашата 12-та куќа на фантазиите. Можно е да започнете да работите повеќе на спиритуалниот одошто на физичкиот напредок. Изгледот одеднаш нема да ви биде приоритет.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:52

БИК (20. IV – 20. V)

Јуни, 2016
Љубов
Во текот на јуни ќе се движите бавно, но сигурно, кон своите цели, а огромната биковска амбициозност ќе ви помага да не се откажувате ниту пред најголемите пречки. Самодовербата ќе ви биде најпривлечна карактеристика повеќе од половина месец, благодарение на престојот на романтичната Венера во вашата 2-ра куќа. Не се изненадувајте ако луѓето ве прашуваат која е ваша тајна и ако постојано се нижат комплименти на ваше име.

Биковите со статус сингл во овој период треба почесто да го насочуваат погледот кон личноста којашто им се допаѓа, а оние кои се во врска треба почесто да разговараат за иднината со партнерот за да ги изедначат ставовите за најважните прашања.

Сексапилниот Марс цел месец ќе се движи ретроградно во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Можно е да започнете да се прашувате дали сте покрај вистинската личност или да му правите притисок на партнерот поради љубомора. Бидете поолабавени во односите кон него и издржете, овој период ќе трае до крајот на месецот, а потоа сè ќе се промени.

Некои бикови со статус сингл во текот на јуни ќе изјават дека не сакаат да влезат во врска за да си ја ограничат бескрајната слобода, но тоа ќе се промени кога Марс ќе се врати во директно движење.

На 3 јуни може да ги судрите вашите „биковски рогови“ со вашиот партнер поради финансии. Тогаш романтичната Венера ќе стане дел од Големиот Крст, заедно со амбициозниот Јупитер, строгиот Сатурн и лукавиот Нептун. Клучот кон мирот е во компромисот.

Ќе издишете со олеснување на 17 јуни, кога романтичната Венера ќе премине во рак, вашата весела 3-та куќа. Хуморот ќе се врати во вашиот љубовен живот, а насмевката ќе ви стане заштитен знак. Ако сте во врска, нема да отсуствувате со партнерот од ниту една забава приредена од вашите пријатели.

Најубавиот ден за вас на љубовен план ќе биде 20 јуни. Тогаш полната месечина ќе ја осветли вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимност, што е редок настан, бидејќи и минатиот месец полната месечина настапи во истиот сектор. Ќе се топите на допирот на партнерот, па ноќта несомнено ќе ви помине во интимна атмосфера. Некои бикови со статус сингл за првпат ќе спојат усни со личност со која долго време флертуваат.

Алелуја, на последниот ден од годината жестокиот Марс ќе го прекине ретроградното движење во вашиот љубовен сектор, па следниот месец ќе се чувствувате како најсаканата личност на планетата.

Работа и пари
Не, нема да има поуспешна личност од вас на професионален план овој месец. Мала армија планети ќе го придружуваат Сонцето во вашата 2-ра куќа на работата и парите.

Уште на 5 јуни направете чекор кон ваша амбициозна цел. Младата месечина, која ќе настапи во вашиот професионален сектор, навива за новите почетоци. Сè што ќе започнете околу овој датум ќе успеете да го реализирате за неколку месеци.

Доколку работите рамо до рамо со партнер, можни се недоразбирања во текот на месецов поради ретроградното движење на Марс во вашиот сектор на партнерствата. Не им ги префрлајте вашите одговорности на другите и не сметајте на нивната помош. Исто така, многу е важно да внимавате што објавувате онлајн.

Дополнително, на 13 јуни таинствениот Јупитер започнува да се движи ретроградно во вашата 11-та куќа на тимската работа, давајќи ви негативни чувства кога околу вас има многу луѓе. Ќе ви се чини дека многумина ви работат зад грб, иако тоа ни оддалеку нема да биде вистина. Доколку се чувствувате поудобно, насочете се кон индивидуални проекти.

Здравје
Време е за создавање здрави навики и исфрлување на оние кои ви ја уништуваат енергијата. Сонцето цели три недели ќе патува во вашата 2-та куќа на рутините, поттикнувајќи ве да започнете да го создавате животниот стил кој отсекогаш сте го посакувале. Наполнете го фрижидерот со овошје и зеленчук и купете си удобна спортска опрема.

Внимавајте од повреди, особено ако професионално се занимавате со спорт. Марс овој месец се движи ретроградно, зголемувајќи ја веројатноста од повреди.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:53

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Јуни, 2016
Љубов
Во јуни ќе сјаете како дијамант во толпата и ќе привлекувате огромно внимание каде и да се појавите. Мала армија планети ќе ја придружуваат Венера, планетата на љубовта и убавината, во вашиот знак. Како што ќе наближува летото, така ќе расте вашата желба за негуван изглед, па често ќе ги избирате најубавите модни комбинации од вашиот плакар. Очекувајте нови додворувачи.

Венера исто така ќе им донесе хармонија во односите со партнерот на близнаците кои се во врска, но таа накратко ќе биде прекината на 3 јуни, кога Венера ќе биде вовлечена во конфигурацијата од планети наречена Голем Крст заедно со амбициозниот Јупитер, строгиот Сатурн и лукавиот Нептун. Можно е да се чувствувате потиснати од успехот на партнерот или тој од вашиот или пак да го одложите планираното излегување поради работа.

Два дена подоцна ќе настапи млада месечина во вашиот знак, означувајќи го почетокот на ново поглавје во вашиот живот. Ова е вашата лична нова година, па на тој ден осмелете се да ги бркате најголемите соништа. Ќе ги достигнете неколку месеци подоцна. Ако сте во врска, младата месечина ќе ви помогне да ги изедначите ставовите со партнерот, па хемијата повторно ќе се роди меѓу вас.

На 17 јуни романтичната Венера преминува во вашиот сектор на стабилноста. Некои сингл близнаци ќе започнат поход за освојување на срцето на личност која делува авторитетно и стабилно.

Уште една убава вест за вас е настапувањето на полната месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето на 20 јуни. Ова е голем настан затоа што ретко се случува да настапат две последователни полни месечини во ист знак. Ќе ви се пружи прекрасна шанса да влезете во врска, а некои близнаци ќе го дочекаат следниот ден со прстен на раката.

Ќе забележите дека во последната недела од месецот главата ќе ви биде покрената отсекогаш. Ќе се гордеете со она што сте и ќе се чувствувате прекрасно во својата кожа.

Работа и пари
Јуни ќе ве направи ѕвезда на работното место, особено во првите три недели кога Сонцето ќе престојува во вашиот знак. Нема да ви недостига енергија за да ги исполните и најтешките професионални обврски. Не дозволувајте брилијантните идеи да останат само во вашата глава, туку презентирајте ги пред вашите претпоставени.

На 5 јуни настапува млада месечина во вашиот знак, означувајќи плодороден 6-месечен период за вас. Ова е ден кога треба да ги ставите личните проекти пред групните.

На 13 јуни комуникативниот Меркур ќе го прекине двомесечниот престој во вашата поспана 12-та куќа и влегува во вашиот знак. Ќе биде позборлести отсекогаш и ќе успевате да се истакнете за време на деловните средби, состаноци или собири. На истиот тој датум Нептун, планетата на илузиите, ќе премине во ретроградно движење во вашата куќа на кариерата, чистејќи го вашиот ум од нереални замисли.

Можно е на 20 јуни да се ракувате со влијателна личност за да го означите почетокот на ново партнерство.

Сонцето на 21 јуни преминува започнува едномесечно патување во вашата 2-ра куќа на работата. Балансот меѓу личниот и професионалниот живот целосно ќе ви се наруши, во корист на работата. Некои близнаци ќе започнат да си носат работни обврски дома.

Здравје
Во текот на јуни ќе сакате да бидете здрави и да вежбате и по неколку часа, но често енергијата ќе ве „изневерува“. Обвинете го за тоа жестокиот Марс, кој цел месец ќе се движи ретроградно во вашата 6-та куќа на здравите навики. Можно е често да избувнувате, а огнените реакции ќе ви предизвикуваат стрес.

Ситуацијата ќе се промени во втората половина од месецот кога убавата Венера и Сонцето ќе влезат во вашата куќа на секојдневните навики. Ќе гледате попозитивно на нештата, а со тоа и стресот ќе ви се намали.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:53

РАК (21. VI – 22. VII)

Јуни, 2016
Љубов
Јуни ќе ви биде совршен микс од одмор и забава, време за себе и време за светот, ноншалантност и заинтересираност. Сонцето и Венера повеќе од половина месец заедно ќе патуваат во вашата поспана 12-та куќа, а потоа ќе преминат во вашиот знак, враќајќи ви ја живоста и желбата за дружење.

Венера, планетата на љубовта и убавина, до 17 јуни ќе ја обојува во розова боја вашата 12-та куќа на завршетоците, лекувањето и опростувањето. Некои ракови ќе донесат одлука да му се вратат на поранешен партнер, други ќе ја треснат портата кон минатото зад себе, а трети ќе стават крај на измачувачка врска и со чиста совест ќе се впуштат во нова.

Сексапилниот Марс цел месец ќе патува во шкорпија, вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Можно е одеднаш да ги обновите контактите со лице кое сте го симпатизирале во минатото или во вашиот живот да пристигне партнер со кој сте раскинале пред многу години. Некои ракови ќе се уверат дека луѓето се менуваат, а други дека не баш. Доколку се сомневате дали да дадете втора шанса или не, послушајте го вашето срце.

На почетокот на месецов ќе се случи редок настан наречен Голем Крст, кој ќе ги вклучува Сонцето и Венера, смелиот Јупитер, одговорниот Сатурн и мистичниот Нептун. Со огромна сериозност ќе се соочите со љубовен проблем кој досега сте го избегнувале и ќе го решите како махер. Нов почеток е на повидок.

На 17 јуни романтичната Венера ќе премине во вашиот знак, потсетувајќи ве дека поседувате шарм кој ве прави неодоливи. Почетокот на летото ќе означи и почеток на еден романтичен период за вас. Сонцето ќе го огрее вашето срце, а вие повторно ќе ја пуштите љубовта во него.

Здраво либидо. На последниот ден од топлиот јуни, Марс ќе го прекине ретроградното движење во вашата страсна 5-та куќа, поттикнувајќи ве да ги избирате интимните средби со партнерот пред големите дружби. Тоа ќе резултира со подобрување на сексуалниот живот.

Раковите со статус сингл ќе забележат дека можат да освојат сечие срце само со неколку погледи.

Работа и пари
За разлика од бурниот љубовен живот, професионалниот ќе ви плови низ помирни води. Конечно слободното време навистина ќе ви биде слободно, без дополнителни работни обврски и прекувремена работа.

Сонцето три недели ќе патува во вашата 12-та куќа на одморот и фантазиите, туркајќи ве кон полесни задачи и проекти.

Избегнувајте ја потребата од мултитаскинг на почетокот на месецов кога планетите ќе формираат Голем Крст на небото. Можно е да направите голема грешка доколку брзате. Секогаш завршувајте го започнатиот проект пред да прифатите нов.

На 13 јуни Нептун, планетата на скриените намери и таинственоста, преминува во ретроградно движење во риби, вашата 9-та куќа на претприемништвото. Сепак, тоа не е нешто негативно, затоа што ретроградното движење во овој случај може да ви влее поголема доверба кон луѓето со кои соработувате.

На 20 јуни настапува полна месечина во стрелец, настан кој е редок, затоа што и минатиот месец полната месечина беше во истиот знак. На тој ден прифатете ја секоја задача која вклучува анализирање или бара организациски вештини. Голем успех ќе им се случи на оние кои имаат работа поврзана со тие две области.

Не престанувајте да зборувате за вашите идеи на последниот ден од месецот. Ќе бидете поим за иновативност и креативност.

Здравје
Одморете го вашето тело и вашиот ум во првите три недели од месецот, а потоа вратете се во фитнес салата со полна пареа. До 21 јуни Сонцето ќе престојува во вашата мрзелива 12-та куќа, поттикнувајќи ве на полесни тренинзи и одделување доволно време за ревитализација. Енергијата повторно ќе проструи низ вашето тело откако Сонцето ќе премине во вашиот знак. Грижата за себе ќе ви биде приоритет и нешто на кое ќе трошите најмногу време.

На 20 јуни настапува полна месечина во вашата 6-та куќа на здравје и фитнесот. Само напред, предизвикајте го вашето тело со поекстремен тренинг или започнете нов режим на исхрана.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:54

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Јуни, 2016
Љубов
Бескрајни дружби, забави до раните утрински часови со пријателите... Во текот на јуни ќе го ставите пријателството пред љубовта, но тоа не значи дека ќе ви недостига внимание.

До 17 јуни Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе престојува во близнаци, вашата 11-та куќа на пријателствата и групните активности, зголемувајќи ја веројатноста да сретнете специјална личност од спротивниот пол преку ваш пријател или да се заљубите во пријател. Ако сте во врска, често ќе го каните партнерот на средбите со пријателите, но нема да ги пропуштате ниту ако тој ве одбие. За вас сè ќе започнува и завршува со пријателите.

Другата љубовна планета, Марс, цел месец ќе се движи ретроградно во вашиот сентиментален сектор. Можно е некој од вашето минато да се врати во вашиот живот и да предизвика бура од чувства во вас. Иако не сакавте да си признаете, љубовта кон таа личност секогаш живеела во вас. Лавовите кои веќе имаат партнер треба да ги одложат до следниот месец разговорите за вселување под ист покрив со него.

На 3 јуни романтичната Венера ќе биде дел од конфигурација наречена Голем Крст, заедно со строгиот Сатурн, безгрижниот Јупитер и лукавиот Нептун. Можно е да започнете да ѝ верувате на личност која не го заслужува тоа, па доколку одлучите да влезете во врска на овој датум, гледајте тоа да биде со лице кое добро го познавате.

На 13 јуни Нептун, планетата на илузиите и таинственоста, преминува во ретроградно движење во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста. Доколку собиравте во вас лутина или љубомора кон партнерот, Нептун ќе ве поттикне да се запрашате која е причината за тоа, а потоа да разговарате за неа. Многу е важно да се ставите себеси на прво место.

Дозволете фантазиите да ви го разубават љубовниот живот во последните две недели од месецов. На 17 јуни Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во вашата 12-та куќа враќајќи ги розовите очила на вашето лице. Не избрзувајте со заклучоците дека сте ја пронашле совршената личност во овој период затоа што може да грешите.

Претпоследниот ден од пролетта ќе биде еден од најромантичните за вас. На 20 јуни ќе настапи полна месечина во стрелец, која е втора последователна полна месечина во овој знак, а тоа реткост. Стрелец е ваша 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, па ако сте во врска, овој ден дефинитивно треба да му го посветите на партнерот. Лавовите со статус сингл на тој ден ќе покажат зошто сите зјапаат во нив каде и да се појават. Очекувајте лавина од комплименти.

Работа и пари
Јуни ќе ве научи како да ги користите луѓето и технологијата за да стигнете до успехот. Сонцето три недели ќе престојува во вашата групна 11-та куќа, поттикнувајќи ве да ги претпочитате тимските проекти пред оние кои го носат само вашето име.

На 13 јуни Нептун, планетата на скриените намери, ќе премине во ретроградно движење во риби, вашиот сектор на богатството и недвижнините. Можно е некој да таи важна информација која ќе ви е потребна при донесувањето на одлука поврзана со купување или продавање на имот или со инвестиција. Не брзајте со финансиските одлуки и копајте за да добиете колку што е можно податоци пред да го ставите вашиот потпис.

Креативноста ќе го достигне својот максимум кај вас на 20 јуни. Полната месечина ќе роди многу идеи во вашата глава. Не се плашете да ги претставите во јавност.

Здравје
Верувале или не, во текот на јуни најголемиот извор на стрес ќе доаѓа од вашето семејство. Огнениот Марс цел месец ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на домот, нарушувајќи ја хармонијата во него. Обидете се да бидете помалку тврдоглави и контролирајте ги вашите реакции.

Потребниот одмор ќе си го дадете во последните 10 дена од месецот, кога Сонцето ќе ја посети вашата сонлива 12-та куќа. Наспијте се!


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:54

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Јуни, 2016
Љубов
Во јуни ќе ви се допаѓаат нештата и лицата со коишто можете да се замислите себеси во иднина, а не оние кои ви ги задоволуваат потребите само моментално. Венера, планетата на љубовта и убавината, повеќе од половина месец ќе патува со Сонцето во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање. Ќе ви се допаѓа кога разговарате со саканиот за иднината, па често ќе отворате теми како основање семејство, штедење за да си го купите домот од соништата или брак.

Ако сте сингл, не е исклучена можноста да се заљубите во ваш колега или некој кој сте го запознале на работа.

3 јуни ќе биде тежок ден за вас затоа што целосно ќе го изгубите воспоставениот баланс меѓу личниот, семејниот, љубовниот и професионалниот живот. Големиот Променлив Крст, кој ќе се случи на почетокот не маесецов, ќе ги опфати планетите Венера (и Сонце), Јупитер, Нептун и Сатурн, што се наоѓаат во најважните ваши куќи. Ќе се чувствувате растргнати на сите страни и можно е да ви се чини дека стоите на работ на лудилото. На овој ден поставете јасни граници меѓу вас и луѓето, не ветувајте премногу и избегнувајте ги лицата кои постојано нешто бараат.

Сексапилниот Марс цел месец ќе се движи ретроградно во шкорпија, вашата 3-та куќа на комуникацијата и локалните настани. Можно е неочекувано да ви се јави ваш поранешен партнер или лице со кое некогаш сте се состанувале. Но, Марс исто така може да донесе расправии во врските. Ако имате партнер, многу е важно да ја ислушувате и неговата страна на приказната.

На 13 јуни Нептун, планетата на илузиите, преминува во ретроградно движење во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Доколку сте се однесувале нефер кон партнерот или сте го преценувале, Нептун ќе ви помогне да си го разбистрите погледот и да ја видите неговата вистинска вредност. Поранешен партнер ќе се врати во животот на некои девици додека трае ретроградното движење на Нептун.

На претпоследниот ден од пролетта ќе настапи и полна месечина во вашата 4-та куќа на сентименталноста и семејството. Можно е да леете солзи-радосници поради свршувачка, преселување или породување на блиска личност.

Месецот ќе ви заврши со убаво случување. На 30 јуни сексапилниот Марс ќе премине во директно движење, обојувајќи го повторно вашиот љубовен живот во црвена боја и исполнувајќи го со страст.

Работа и пари
Ова е ваш месец да блеснете во кариерата. Но, вие веќе блескате, зарем не? Од 11 август 2015 Јупитер, планетата на богатството, престојува во вашиот знак, што се случува еднаш на 12 години. Среќниот Јупитер постојано ве туркаше кон напорна работа, но јуни ќе биде вашиот врв.

Мала група планети го придружуваат Сонцето во вашиот сектор на кариерата, лидерството и престижот, поттикнувајќи ве да преземете поголеми чекори кон успехот. Првите резултати ќе ги забележите уште на почетокот на месецот. Ова е одличен период за интервју за работа, почеток на нов бизнис или пуштање на CV во компании од областа во којашто сте експерт.

Внимавајте на вашиот темперамент и не избувнувајте кога покрај вас стојат авторитетни лица. Поради ретроградното движење на агресивниот Марс во вашата 3-та куќа на комуникацијата, можни се проблеми предизвикани од вашиот брз јазик.

Добро читајте го секој договор пред да го потпишете и детално анализирајте ги постапките на вашите деловни партнери по 13 јуни, кога лукавиот Нептун ќе премине во ретроградно движење во вашиот сектор на партнерствата.

Здравје
Јуни ќе ви даде силна волја, упорност и дисциплинираност, па ова е идеален месец да си покажете себеси дека можете да ги исполните и најамбициозните фитнес цели. Сонцето три недели ќе престојува во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање, поттикнувајќи ве да гледате на телото како на нешто кое треба постојано да го негувате, а не само преку летото. Полека, полека ќе успеете да создадете здрави и трајни навики.

Овој месец пазете се од повреди.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:54

ВАГА (23. IX – 22. X)

Јуни, 2016
Љубов
Излезете од вашата сигурна зона и истражете го светот овој месец. Мала група планети ќе го придружува Сонцето во вашата 9-та куќа на авантурите и патувањата, поттикнувајќи ве да експериментирате со нешта кои ви се нови, независно дали станува збор за луѓе, места или активности.

Романтичната Венера повеќе од половина месец ќе ја разубавува вашата куќа на оптимизмот и далечните патувања. Некои ваги ќе влезат во врска со лице кое отсекогаш го етикетирале како „не мој тип“, додека други ќе се заљубат во странец. Териториските граници нема да бидат пречка во текот на јуни.

Ако сте во врска, одете на омилената дестинација со партнерот. Независно дали тоа е Париз, Лондон или Венеција, тоа ќе внесе нова доза на возбуда во вашата врска. Најдобар ден за да го направите тоа е 5 јуни, кога младата месечина ќе настапи во вашата 9-та куќа на патувањата.

Страсниот Марс цел месец ќе се движи ретроградно во вашата 2-ра куќа на самодовербата и стабилноста. Можно е да се карате со партнерот за пари или за вашите навики за трошење. Научете да премолчувате доколку сте виновни. Во животот на некои сингл ваги ќе се врати стара љубов и ќе ги потсети на убави времиња поминати заедно. Добро размислете дали ќе дадете втора шанса.

На 17 јуни Венера, планетата на љубовта и убавината, влегува во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање. Ќе бегате подалеку од лицата кои покажуваат незрелост и несериозност, а ќе клоните кон оние кои веќе ви докажале дека имаат сериозни намери кон вас.

На претпоследниот ден од пролетта (20 јуни) ќе настапи полна месечина во стрелец, вашата 3-та куќа на комуникацијата и локалните настани. Флертувајте со зборови, а не со погледи на овој ден, независно дали тоа е со додворувач, симпатија или со вашиот сакан. Интелектот ќе биде новото секси за вас.

Работа и пари
Во јуни ќе имате големи соништа, но уште поголема верба дека можете да ги реализирате. Сонцето три недели ќе патува во вашата 9-та куќа на оптимизмот и претприемништвото, поттикнувајќи ве на смели чекори на професионален план. Некои ваги ќе заминат во странство на доквалификации или на преговори за проширување на бизнисот надвор од границите во државата во којашто работат.

Доколку помислата на преземање на одреден ризик многу ве плашела во изминатиот период, секој страв во вас ќе исчезне на 5 јуни, кога ќе настапи млада месечина во вашата 9-та куќа на ризикувањето.

Внимавајте, енергичниот Марс цел месец се движи ретроградно во вашата 2-та куќа на работата и парите. Можно е да пречекорите одреден краен рок или да потрошите повеќе одошто можете да си дозволите.

Прекрасна вест ќе слушнете на 20 јуни, кога ќе настапи полна месечина во вашата 3-та куќа на комуникацијата. Можно е да бидете унапредени или да ви биде понудена работна позиција која внатрешно ве исполнува.

Работата ќе ви стане приоритет на 21 јуни, кога Сонцето ќе влезе во вашиот сектор на кариерата. Засукајте ги ракавите и започнете да ги исполнувате вашите цели, затоа што реално ќе можете да ги постигнете.

Здравје
Оптимизмот ќе ве води во текот на јуни, па за вас нема да има невозможни мисии ниту на здравствен план. Сè што ќе замислите, ќе го реализирате водени од вашата силна волја, бидејќи Сонцето цели три недели ќе престојува во вашата 9-та куќа на оптимизмот.

На 13 јуни Нептун, планетата на илузиите, ќе премине во ретроградно движење во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Ќе престанете да живеете по план и да се казнувате себеси за секоја грешка, затоа што ќе научите дека е подобро да имате траен добар начин на живот одошто строг распоред кој не можете долго време да го следите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:55

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Јуни, 2016
Љубов
Страст, сексапил, возбуда и мнооогу љубов ќе ви донесе шестиот месец од годината. Привлечната Венера повеќе од еден месец ќе патува рака за рака со Сонцето во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста, влечејќи ги вашите романтични желби на преден план. Нема воопшто да се колебате дали да стрелате кон срцето на личноста којашто ви се допаѓа, затоа што кога ќе сакате, ќе сакате искрено.

Шкорпиите кои се во врска ќе трагаат по поголема обврзаност кон партнерот, па не е исклучено влегувањето во брак или свршувачка.

На 3 јуни романтичната Венера ќе стане дел од конфигурацијата од планети наречена Голем Променлив Крст заедно со Јупитер, Сатурн и Нептун. Не носете избрзани одлуки дали да влезете во врска, да забремените или да му го кажете судбоносното „да“ на партнерот.

Имајте предвид дека сексапилниот Марс цел месец се движи ретроградно во вашиот знак, комплицирајќи ги работите во вашиот љубовен живот. Можно е да почувствувате одредена доза љубомора кон партнерот или да чувствувате дека трета личност се обидува да ви ги уништи односите. Разговарајте, со Меркур во вашите сектори на партнерствата нема да имате проблеми при вербалните дуели.

На 5 јуни настапува млада месечина во вашиот интимен сектор, означувајќи почеток на нова етапа во вашиот љубовен живот. Некои шкорпии на овој датум ќе ја пронајдат својата сродна душа, за која си мислеле дека не постои.

Поранешен партнер ненадејно ќе „никне“ во животот на некои шкорпии по 13 јуни, кога таинствениот Нептун ќе премине во ретроградно движење во вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето. Дали ви се чини или тој навистина се променил како личност? Дајте си време да го дознаете вистинскиот одговор.

Светот повторно ќе се обои во розова боја за вас на последниот ден од месецот, кога сексапилниот Марс ќе премине во директно движење во вашиот знак. Доаѓа поубав месец за вас, па насмевнете се.

Работа и пари
На финансиски план ви претстои динамичен месец. Сонцето до 21 јуни ќе патува низ вашиот сектор на богатството, давајќи ви моќ и самоувереност. Нема да се задоволувате со малку, а тоа ќе се одрази позитивно на вашата банкарска сметка.

Под влијание на Сонцето големи се шансите да потпишете важен договор за партнерство, да купите или продадете имот, или пак, да добиете наследство.

Големиот променлив крст кој ќе се случи на почетокот на месецов може да ве исполни со стравови за вашата финансиска иднина, но набрзо тие проблематични мисли ќе исчезнат од вашата глава.

Очекувајте наплив на парични средства на 20 јуни, кога полната месечина ќе настапи во вашиот сектор на парите и работата. За некои шкорпии тој ден ќе донесе нова работа, за други покачување на платата или унапредување.

На 30 јуни Марс ќе го прекине ретроградното движење и ќе ги тргне сите пречки од патот до вашите цели. Полесно ќе ви оди со планирањето, бидејќи ќе ги реализирате навреме сите замисли.

Здравје
Дајте си одмор и намалете го темпото со кое живеете. Во текот на јуни Марс ќе се движи ретроградно низ вашиот знак, па честопати ќе се чувствувате вознемирени, напнати и истоштени. Пронајдете активности кои ве релаксираат и ја бришат тензијата од вашето тело. Откако на 30 јуни Марс ќе премине во директно движење, ќе се вратите на сцената со нови дози енергија.

Во првите три недели Сонцето ќе патува низ близнаци, вашиот сектор на интимноста, потсетувајќи ве дека најдобро ќе се чувствувате кога сте опкружени со малку на број блиски лица. Но, близнаци е и вашиот сектор на внатрешното прочистување, што значи дека ова е поволен период за детоксикација на телото преку полесна храна како сезонско овошје и зеленчуци.

Откако Сонцето ќе премине во вашиот сектор на експанзијата на 21 јуни, се препорачува да поминувате колку што е можно повеќе време на отворен простор. Прошетките во природа ќе ве преродуваат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Јун 09 2016, 22:55

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Јуни, 2016
Љубов
Љубовта ќе ви го разубавува животот како ретко кога досега, не се обидувајте да го негирате тоа. Сонцето и Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе патуваат низ вашите сектори на партнерствата и интимноста, давајќи ви романтични моменти кои долго време ќе ги паметите.

Најдобар ден за почеток на нова врска е 5 јуни, кога ќе настапи млада месечина. Ако сте во врска, токму на овој ден можно е да си потврдите дека до вас ја имате личноста со која би сакале да го поминете остатокот од животот.

Романтичната Венера на 17 јуни ќе започне да се движи низ вашата куќа на интимноста и интензивните емоции. Со задоволство ќе ги разголувате и душата и телото пред саканиот и ќе се зближувате сè повеќе и повеќе. Нема да се плашите да бидете поранливи од обично.

Подгответе се за љубовни изненадувања на 20 јуни, кога полната месечина ќе настапи во вашиот знак. Огромна е веројатноста да дознаете дека имате таен обожавател или кај ваш упорен додворувач да видите позитивни особини кои досега стоеле во сенка. Полната месечина ќе ви подари смелост, па за многумина овој ден ќе значи промени на љубовниот статус.

Не заборавајте дека Марс до 30 јуни ќе се движи ретроградно во шкорпија, вашиот сектор на завршетоците и тајните. Со тоа се зголемуваат шансите за појава на љубомора. Некои стрелци нема да можат да се помират со крајот на одредена врска, додека други ќе започнат повторно да копнеат по свој поранешен партнер.

Работа и пари
Време е за бизнис сојузи. Сонцето и уште неколку планети ќе патуваат низ вашиот сектор на партнерствата, давајќи ви јасен сигнал дека најголемите успеси ќе ги постигнувате со силен сојузник до себе. Пронајдете личност која ги надополнува вашите слаби страни и тргнете во поход. Набрзо ќе стигнете до финансиските награди за кои сонувате.

Уште еден доказ дека овој месец е идеален за заработување е поволната поставеност на Јупитер и Плутон, кои ќе работат во хармонија за да ви го наполнат паричникот.

Полната месечина ќе настапи на 20 јуни во вашиот знак. Запомнете го овој датум, бидејќи ве очекуваат вести за кои ќе сакате многупати да прославите.

Во последните десет дена од месецот, Сонцето ќе патува низ вашиот сектор на богатството и недвижните имоти. Можно е да ви биде вратен долг, да завршите преговори за купување или продавање на имот, или пак, да направите солидна инвестиција. Во секој случај, среќата ќе биде на ваша страна.

Здравје
Одмор, одмор, одмор. Во текот на јуни честопати ќе се чувствувате како да сте на работ на силите. Ниската енергија ќе биде резултат на ретроградното движење на Марс во шкорпија, па штедете се.

На 13 јуни Нептун ќе премине во ретроградно движење во вашиот сектор на домот и семејството, зголемувајќи ја веројатноста од појава на стрес поврзан со фамилијарен проблем или реновирање.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 29 of 40 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 34 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот