СПОРТСКИ ВЕСТИ

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Фед 07, 2016 10:38 pm

СКИЈАЊЕ
ГУТ НАЈБРЗА ВО ГАРМИШ, ВОН ТРЕТА




Во германскиот зимски центар Гармиш Партенкирхен се возеше четвртиот супервелеслалом за Светскиот куп во женска конкуренција на кој најбрза беше Лара Гут. На патеката „Кандахар“, Швајцарката победи четвртти пат сезонава или вкупно 17 во кариерата, освојувајќи го првото место со 15 стотонки подобар резултат од домашната скијачка Викторија Ребензбург. Победничката од вчерашниот спуст, Линдзи Вон го освои третото место со заостанување од 23 стотинки зад Гут.

Американката и натаму остана на врвот од Генералниот пласман со 1060 бодови, пред Гут која ја скрати негативата на 87 бодови, Ребензбург е трета со 820 бодови.

Вон е лидер и во поредокот за супервелеслалом со 360 бодови, пред Гут со 261 и Австријката Корнелија Хојтер со 215 бодови.

Светскиот Куп во женска конкуренција се сели во Швајцарска Кран Монтана каде в сабота најдобрите скијачки ќе возат спуст.

http://telma.com.mk/sport/gut-pobedi-von-treta

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Фед 07, 2016 10:39 pm

ЈАНКА СЛАВЕШЕ ПО ЕДНА ГОДИНА ПАУЗА, ПРВПАТ ВО СУПЕРВЕЛЕСЛАЛОМ



Карло Јанка ја забележа првата победа во супервелеслалом за Светскиот Куп во Алпско скијање што се возеше на новата олимписка патека во корејскиот ски-центар Јеонг Сеон.

Швајцарецот 11 триумф во кариерата го чекаше повеќе од една година откако за 82 стотинки беше побрз од Италијанецот Кристоф Инерхофер и една секунда и шест стотинки од Австриецот Винсент Крихмаер, за кого третото место беше вторпат во кариерата да се искачи на победничкиот подиум.

Иако ја заврши предвреме сезоната поради повреда, Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал и натаму е лидер во супер Џи со 310 бодови, пред Американецот Ендру Вајбрехт со 190 и четвртпласираниот од денешната трка Норвежанецот Александер Омот Килде со 185 бодови.

Со седмото место Австриецот Марсел Хиршер ја зголеми предноста во Генереланиот пласман на 1005 бодови, 89 повеќе од Свиндал и 134 од вториот Норвежанец во првите три, Хенрик Кристоферсон.

Најдобрите скијачи се селат во Јапонија каде следниот викенд ќе возат велеслалом и слалом во Јурзава Наби.

http://telma.com.mk/sport/janka-slaveshe-po-edna-godina-pauza-prvpat-vo-superveleslalom

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Фед 08, 2016 7:21 pm

Slucajno nekoja informacija za biatlon?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Вто Фед 09, 2016 3:51 pm

Не ми се верува но за биатлонот нема никакви информации ниту во македонските ниту во медиумите на поранешните републоки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by ribar1 on Вто Фед 09, 2016 5:45 pm

oto напиша:Slucajno nekoja informacija za biatlon?

За светскиот куп во Presque Isle?

ribar1

Број на мислења : 25
Join date : 2016-02-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Вто Фед 09, 2016 11:08 pm

Ako0 imas nesto davaj, ne prasuvaj.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Сре Фед 10, 2016 5:26 pm

Sto cekas ajde kazuvaj za biatlonot.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Саб Фед 13, 2016 6:59 pm

ТАЖНА ВЕСТ ОД БУГАРИЈА: Почина легендарниот Трифон Иванов

Членот на генерацијата која на СП во 1994 година во САД го освои 4. место почина на 51. годишна возраст



Еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на бугарскиот фудбал, Трифон Иванов почина денеска на 51. годишна возраст во селото Самоводение во Бугарија.

Според информациите починал од срцев удар, а се почувствувал лошо во утринските часови.

Тој е еден од легендарните фудбалери од Бугарија кои на Мундијалот во САД во 1994 година го освои 4. место. Важеше за еден од најгрубите играчи, но дефинитивно беше и еден од најкорисните.

Репрезентативната кариера ја заврши во 1998 година, а последниот клуб за кој играше беше Флоридсдорфер од Австрија. Се повлече во 2001 година.

http://telegraf.mk/sport/fudbal/ns-newsarticle-tazna-vest-od-bugarija-pocina-legendarniot-trifon-ivanov.nspx

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Саб Фед 13, 2016 11:50 pm

Почина поранешниот селектор на Македонија, Слободан Сантрач

На 70 годишна возраст од срцев удар почина легендата на југословенскиот фудбал и првиот селектор странец на Македонија, Слободан Сантрач.



Почина Слободан Сантрач, првиот селектор странец на македонската фудбалска репрезентација.

Во Македонија беше селектор кратко во 2005 година, претходно ја водеше селекцијата на Југославија од 1994 до 1998 година.

Во играчката кариера Сантрач беше страшен голгетер, играјќи за ОФК Београд дури четири пати ја добиваше наградата за најдобар стрелец во југослевенската лига, го носеше и дресот на Партизан.

http://24fudbal.com.mk/vesti/13847/pocina-poranesniot-selektor-na-makedonija-slobodan-santrac

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Фед 14, 2016 9:26 pm

Македонските кик боксери со шест медали од Европскиот куп во Карловац



На Европскиот куп во Карловац (Хрватска) се одржаа борби во кик-бокс…

Во категоријата „лоу-кик“ (Сениори – 75кг), првото место го освои Бобан Илиоски, пред Новосел, Лукиќ и Жаја.

Првопласиран беше и Димитар Ѓорѓиев во категоријата „лоу-кик“ (Сениори – 81кг), пред Анѓеловиќ, Чосиќ и Краваршчан.

Третопласиран, пак, во „лоу-кик“ (Сениори – 91кг) беше Милан Кубин, зад Ленарт и Мартињак.

Потоа, во „кик-лајт“ (Сениори – 69кг), трет беше Бајром Рамадани (заедно со Тот), зад Рудолф и Гвериќ, бронза освои уште Јакуп Исејни во „кик-лајт“ (Сениори – 79кг), заедно со Соргер, а зад Лорбер и Вилиќ.

И на крајот во „лоу-кик“ (Јуниори – 67кг), трет заедно со Алуновиќ (БХ) беше Рамадани Хадис, зад Синановиќ и Радуту.

На овој меѓународен турнир под WAKO освен од Македонија имаше натпреварувачи од Хрватска, Австрија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Чиле, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Република Ирска, Израел, Италија, Лихтенштајн, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија, Шведска, Турција, Украина, Велика Британија.

http://sport365.mk/makedonskite-kik-bokseri-so-sest-medali-od-evropskiot-kup-vo-karlovac/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Фед 15, 2016 6:59 pm

Bravo za nasite.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Јун 06, 2016 9:35 am

Edinstveniot trofej shto mu nedostigashe...

Новак Ѓоковиќ конечно го освои Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ покажа дека за него не постојат повеќе граници откако денеска успеа да го совлада Енди Мареј.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ покажа дека за него не постојат повеќе граници откако денеска успеа да го совлада Енди Мареј и да го освои единствениот Грен слем кој му недостасуваше во историјата.

Новак денеска славеше со 3:1 во сетови (3:6, 6:1, 6:2 и 6:4) по нешто повеќе од три часа игра и така стаса до својата 12-та Грен слем титула во кариерата, но што е најбитно, и прва на Ролан Гарос, престигнувајќи ги Бјорн Борг и Род Лејвер.

Покрај сето ова, Новак е третиот тенисер кој успеал да ги освои сите четири најголеми турнири во низа, поточно да е актуелен шампион. Претходно тоа им успеало на Дон Баџ (1938) и Род Лејвер (1962 и ’69).

Подготви: К. А.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Сеп 05, 2016 7:34 pm

Eve neshto od tenisot...

Ѓоковиќ меѓу седуммината најдобри во историјата на УС Опен

Србинот со триумфот во осминафиналето над Кајл Едмунд, ја оствари вкупно 60-тата победа на УС Опен.



Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ влезе во „одбраното друштво“ на седуммината најдобри тенисери во историјата на Отвореното првенство на САД.

Србинот со триумфот во осминафиналето над Кајл Едмунд, ја оствари вкупно 60-тата победа на УС Опен.

На тој начин Ѓоковиќ стана седмиот тенисер кој остварил 60 победи на терените на „Флешинг Медоу“.

На листата со најмногу победи на УС Опен првите две позиции ги имаат американските легендарни тенисери Џими Конорс со 98 и Андре Агаси со 79 победи само една повеќе од Роџер Федерер, по кој следуваат Иван Лендл 73, Пит Сампрас 71 и Џон Мекинро со 65 триумфи

http://plusinfo.mk/vest/84957/gjokovikj-megju-sedumminata-najdobri-vo-istorijata-na-us-open

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by IVA on Пет Сеп 09, 2016 9:48 pm

site imat da se falat samo nie slepci bez nisto tova li e drzava
avatar
IVA

Број на мислења : 342
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пет Сеп 16, 2016 6:04 pm

nei ke se faqlime so najubava grozdova i najskrzava meanzika/.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Dino on Сре Фед 15, 2017 7:01 pm

Nesto od boksot.

Мејведер и МекГрегор договориле борба од милијарда долари?

http://tocka.com.mk/2/222455/mejveder-i-mekgregor-dogovorile-borba-od-milijarda-dolari

Dino

Број на мислења : 344
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by delta on Чет Фед 16, 2017 10:15 am

koj budala dal milijarda za da gleda budali kako se tepaat,/././.
avatar
delta

Број на мислења : 451
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by luxor on Вто Фед 21, 2017 12:05 pm

Бугаринот Дренчев прв на шаховскиот турнир на Алкалоид

Бугарскиот велемајстор (ВМ) Петар Дренчев (2.463 рејтинг-поени, 6-рангиран на турнирот) победи на петтиот турнир во забрзан шах „Алкалоид 2017“, кој во организација на актуелниот европски првак Алкалоид, се одржи во хотелот „Континентал“ во Скопје. Во конкуренција на рекордни 198 шахисти (10 ВМ, 9 ИМ, 3 ЖИМ, 20 ФМ, 1 ЖФМ) од пет шаховски федерации (Србија, Унгарија, Албанија, Косово, Македонија), Дренчев по девет одиграни кола, со темпо на размислување од 15 минути по играч плус пет секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот, освои 7,5 поени. Ист број поени, но послаб дополнителен критериум имаа: второпласираниот, ВМ од Србија, Милош Перуновиќ (2.581, 1-рангиран на турнирот), третопласираниот ИМ Филип Панчевски (2.527) и четвртопласираниот, ИМ од Србија Богољуб Златановиќ (2.415). Првите тројца не доживеаја ниту еден пораз, а меѓусебните дуели ги ремизираа.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5%D0%B2-%D0%BF%D1%80%D0%B2-%D0%BD%D0%B0-%D1%88%D0%B0%D1%85%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%82%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%90%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B8%D0%B4&id=6819d209-3ec9-4150-86de-9980e222c796
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Teo on Вто Јан 30, 2018 6:31 pm

Trojca makedonski sportisti kje bidat del od ZOI...


Македонија со тројца спортисти на ЗОИ во Пјонгчанг


Антонио Ристевски во Алпско скијање и Ставре Јада и Викторија Тодоровска ќе се натпреваруваат во Крос кантри во Јужна Кореја.

Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска информира дека боите на Македонија на зимската олимпијада ќе ги бранат: Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма), Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма) и Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонската олимписка делегација за Пјонгчанг заминува на 7 февруари, а два дена претходно ќе биде направена и свечената презентација на спортистите, информираат од МОК.

Спортистите ќе бидат сместени во две олимписки села и тоа Пјонгчанг каде што ќе бидат сместени македонските спортисти и Гангнеунг.

На Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.

23-те Зимски Олимписки игри ќе започнат на 9-ти февруари и ќе траат две седмици, односно до 25 февруари, за кога е закажано и свеченото затварање.

http://www.plusinfo.mk/vest/141673/makedonija-so-trojca-sportisti-na-zoi-vo-pjongcang
avatar
Teo

Број на мислења : 3808
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Albatros on Пет Сеп 14, 2018 12:12 pm

Dva znacajni sportski nastani vo Makedonija.

Петти велешки пливачки маратон в сабота на езерото „Младост“

Петтото издание на традиционалниот пливачки маратон на езерото „Младост“, што го организира Општина Велес под покровителство на Пливачката федерација на Македонија ,а заедно со ЗГ „Клуб 28“ и Кајак Клубот „Бабуна“ од Велес ќе се одржи на 15 септември.

https://www.mtm.mk/makedonija/30070-petti-veleshki-plivachki-maraton-v-sabota-na-ezeroto-mladost

Albatros

Број на мислења : 308
Join date : 2018-08-08

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Albatros on Пет Сеп 14, 2018 12:13 pm

I vo Ohrid so mnogu pogolem rejting.

Европски триатлон куп и Балканско првенство викендов во Охрид
Повеќе од 300 натпреварувачи од дваесеттина земји најавија учество на Европскиот Триатлон куп и Балканското првенство што од утре до 16 септември ќе се одржат во Охрид.

Манифестацијата е во организација на Триатлон федерација на Македонија и Асоцијацијата на спортови „СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ“, а согласно со програмата за работа и Европскиот Триатлон календар на настани.

Стартот и целта на натпреварот во пливање, возење велосипеди и трчање е кај плажата „Бафало“ во близина на Студенчишкиот канал.

Организаторот на трката за двата дена на претстојниот викенд најави времен режим на одвивање на сообраќајот на дел од улиците во градот, како и на магистралниот пат кон Свети Наум, во периодот од 7:30 до 17 односно 15 часот. Притоа се апелира за разбирање до граѓаните, оттаму што се работи за манифестација што секако го промовира Охрид и Македонија на светската спортска мапа.

https://kanal5.com.mk/articles/348266/evropski-triatlon-kup-i-balkansko-prvenstvo-vikendov-vo-ohrid

Albatros

Број на мислења : 308
Join date : 2018-08-08

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Nebula on Нед Сеп 16, 2018 1:12 pm

Nov svetskiot rekord vo maraton, Kipcoge e noviot rekorder.

Мартонецот Елиуд Кичопге постави нов светски рекорд на денешниот маратон во Берлин откако патеката долга 42.195 километри ја истрча за време од 2.01.39.

Кипчоге со одличното време го собори рекордот на неговиот сонародник Денис Кимето.

https://sportski.mk/%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B4-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BD-%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D0%B8/

Nebula

Број на мислења : 375
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by osa on Нед Сеп 16, 2018 1:25 pm

ubavo za se se' interesirash ....gledam Teo i Luxor mnogu ne se interesiraat za sport ....isto i Evita ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by OPOZICIONER on Нед Сеп 16, 2018 9:11 pm

ubavo e koga znae nekoj za shto go biva ,ne pa da se praj seznajko
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 444
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by TRAJCHE on Чет Сеп 20, 2018 1:26 pm

Makedonija na 68 mesto na rang listata na FIFA.

ФИФА листа: Македонија е на 68-то место

Македонската фудбалска репрезентација се искачи за две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА. Победите во Лигата на Нации, но и резултатите на конкурентите и го донесоа на Македонија 68.место на ФИФА листата.

Македонија на отворањето на Лигата на Нации забележа две идентични победи 2:0 во Андора и над Ерменија во Скопје.

На новата листа на ФИФА Белгија се искачи на првата позиција. Белгијците имаат ист број на бодови, 1729, како и Франција и со светскиот шампион го делат првото место.

Покрај Белгија и Франција во Топ 10 на листата се: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија, Данска.

Од репрезентациите од поранешна Југославија, најдобро котира Хрватска на четвртото место, па следуваат Босна и Херцеговина (34), Србија (35), Цра Гора (41), Словенија (61), Косово (138).

https://tocka.com.mk/vesti/282007/fifa-lista-makedonija-e-na-68-to-mesto
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 237
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СПОРТСКИ ВЕСТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот