МЕСОЈАДНИ РАСТЕНИЈА?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

МЕСОЈАДНИ РАСТЕНИЈА?

Пишување by Гостин on Нед Фед 28, 2016 8:57 pm

МОЖАТ ЛИ РАСТЕНИЈАТА ДА БИДАТ МЕСОЈАДИ?



Ако досега никогаш не сте се занимавале со одгледување на растенија или на нивните цветови, веројатно мислите дека растенијата се кревки, нежни и осетливи. Меѓутоа, постојат повеќе видови билки кои се хранат со инсекти и за секоја од нив би можело да се каже дека е подеднакво лукава и свирепа, како и било кое животно кое со лов си обезбедува храна.

Меѓу најпознатите секако се вбројува Непентес (Nepenthes), растението кое некои луѓе го нарекуваат Бардак. Го има на островот Борнео, на Мадагаскар, на Шри Ланка, на Малајскиот архипелаг, односно најзастапен е во тропските предели на Азија. Ова растение лачи сладок сок со кој ги привлекува инсектите. За уште посигурно намамување на жртвите, природата го обдарила Непентесот со привлечно обрабени краеви на листот во форма на бокал, со црвенкаста боја и некаков вид на поклопец, со кој растението може да го поклопи листот. Инсектот слетува привлечен од мирисот и изгледот на “бокалот”, желен да се напие малку од нектарот. Површината на листот е така мазна и глатка, да инсектот веднаш се слизнува надолу немоќен да го сопре паѓањето. А таму, на самото дно од вдлабнатиот лист, веќе го чека вистински базен од некаква моќна течност. Инсектот се дави во таа течност, која набргу потоа почнува да дејствува и да го вари.



Росуља или Дрозера (Drosera) е името на едно друго растение кое со измама ги привлекува инсектите. Горниот дел на секој лист од ова растение е прекриен со нежни израстоци, налик на влакненца, кои испуштаат сладуњава течност примамлива за инсектите. Таа течност потсетува на капките роса кои светкаат кога на нив ќе паднат првите утрински сончеви зраци, па оттаму и ова растение го добило своето име росуља. Штом некој инсект ќе допре еден единствен влакнест израсток од листот на Дрозерата, веќе му нема спас. Истиот тој миг, сите останати влакнести израстоци почнуваат да се свиваат кон средиштето на листот, склопувајќи се околу инсектот сé додека целосно не го поклопат. Течноста која ја излачува ова растение го зашеметува инсектот и веднаш започнува варењето. После само два дена, инсектот е сварен, влакнестите пипци се повторно отворени и спремно чекаат на некоја нова жртва.

Во некои земји пронајдено е растение инсектојад, кому му е дадено името Инсектоловка (Dionaea muscipula). Позната е меѓу луѓето и како Венерина муволовка (Venus flytrap). За неа слободно може да се каже дека е прав ненаситник меѓу растенијата инсектојади. Израстоците на листовите кај ова растение наликуваат на широко отворена вилица, на лакома и злокобна челуст. И кога пеперутката ќе го допре влакнестиот израсток на листот, тој веднаш се затвора, со брзина со која се поклопува една стапица за глувци. Штом билната течност ќе ја свари уловената пеперуга, листот одново се отвара, спремен да го дочека новиот плен.




http://nikulec.com/priroda/mesojadi-rastenija/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: МЕСОЈАДНИ РАСТЕНИЈА?

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:17 pm

A salata se pravi od tie me3sojadci?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот