Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РОТКВИЦА

Go down

РОТКВИЦА Empty РОТКВИЦА

Пишување by Гостин Сре Апр 13 2016, 19:54

Ротквица - храна и лек

Опис и потекло
Ротквицата (Raphanus sativus) е повеќегодишна билка од фамилијата на зелките (Brassicaceae).

Зборот „rudhira“ на санскритски, или „rude“, „rudo“ и „reod“ на саксонски јазик, значи „крв“ или „да се обои во црвено“, од каде потекнува и името на оваа билка, дефинирано по бојата на нејзиниот корен.

Се претпоставува дека ротквицата потекнува од јужна Азија и дека можеби има потекло од дивата врста - Raphanus raphanistrum, која расте покрај обалата на Медитеранот.

Ротквицата интензивно се одгледувала во Египет во времето на фараоните. Колкаво значење имала ротквицата за старите Египќани покажуваат сликите на sидовите на храмовите и гробниците. Познато е дека Египќаните, кои ја граделе Кеопсовата пирамида околу 1900-та година пред нашата ера, ја користеле ротквицата заедно со лукот и кромидот, бидејќи сметале дека таа храна им го чува здравјето.

Ротквицата посебно ја ценеле Грците и Римјаните. Во народната медицина на овие народи, ротквицата била користена како природен лек против кашлица и воспаление на дишните патишта.

Како прастара културна билка се одгледувала во Кина, пред повеќе од 3000 години. Во Франција, ротквицата не е култивирана се до 16-от век. Во времето на ренесансата, во Франција ротквицата посебно се ценела поради своето лековито дејство на лачењето на жолчката.

Ротквиците спаѓаат во ретки билки, кои по 20-30 дена од сеењето даваат сочен, меснат корен со лут вкус и остар мирис. Бојата на коренот на ротквицата варира од бела, сива, црвена, па до црна. Без разлика на бојата, сите имаат сличен нутритивен состав.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РОТКВИЦА Empty Re: РОТКВИЦА

Пишување by Гостин Сре Апр 13 2016, 19:54

Нутритивен состав
Ротквицата е идеален плод за нискокалорични салати. Енергетската вредност на ротквицата е мала, содржи малку калории, а богата е со витамини (посебно со витамин Ц) и минерали (калиум), растителни влакна и фолати. Во 100 грама ротквици има 28 kcal/117 KJ. Носители на калориите се јагленохидратите.

Во минералниот состав на ротквицата доминира калиумот (233 mg), а потоа следат калциумот, натриумот, фосфорот и железото. Од витамините, најзастапени се: витаминот Ц и витамините од Б – групата.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РОТКВИЦА Empty Re: РОТКВИЦА

Пишување by Гостин Сре Апр 13 2016, 19:55

Лековити својства
Ротквиците содржат супстанции кои даваат лут вкус и остар мирис, па во исхраната најчесто се користи како додаток на салати и како зачин. Ротквицата е погодна како „аператив“, затоа што го подобрува лачењето на желудечните сокови и ја подобрува работата на цревата, а со самото тоа го подобрува и варењето на храната. Затоа, ротквицата се препорачува во исхраната кај лица со отежнато варење, помага при опстипација (затвор).

Поради големата содржина на калиум, ротквицата е добар природен диуретик, односно го зголемува исфрлањето на течностите од организмот. Одност на калиумот и фосфорот во ротквицата е таков жто овозможува добро искористување на калциумот.

Витаминот Ц од ротквицата помага во стварањето на колагенот, ја зголемува апсорпцијата на железото од цревата, го јакне природниот одбрамбен механизам на телото, го забрзува заздравувањето на раните, учествува во синтезата на невротрансмитерите во мозокот. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кои ги исфрла од телото канцерогените слободни радикали. Истражувањата кои ги спровел „National Institute on Aging“ докажале дека витаминот Ц го зголемува нивото на „добриот холестерол“ - HDL (липопротеин со голема густина), кој од артериите ги отстранува мастите, па на тој начин го намалува ризикот од атеросклероза и срцев удар. Според тоа, ротквиците се и природен лек за превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања.

Пригментот антоцијан, која ја дава бојата на коренот на ротквицата, го привлече интересот на научниците, поради своите лековити својства. Овој пигмент има антиканцерогено дејство и влијае на обновувањето на крвта.

Истражувањата кои се спроведуваат со цел да се испитаат антиоксидативните својства, покажале дека појакиот интензитет на бојата на роткивицата го појачува и антиоксидативното дејкство. Антиоксидансите во исхраната се поврзани со намалувањето на срцевитге заболувања, некои видови на рак и со малкуларна дегенерација на окото.

Свежиот сок од ротквица е стар народен лек, а помага при воспаление на жолчната кеса бидејќи го зголемува излачувањето на жолчката.

За лекување на заболувања на жолчната кеса, сокот од ротквица се припрема на следниов начин: ротквицата се лупи, се ренда и се цеди сокот. Од ротквица со средна големина може да се добие 250 грама сок. Сокот се пие во текот на денот, околу 100 до 150 грама, поделен на помали дневни дози. По 4 до 5 дена, се препорачува да се направи пауза од 2 до 3 дена. Роткивицата треба да се зема подолго време, за да биде ефикасно нејзиното делување.

Се препорачува и сок кој се приготвува од еднакви количини на ротквица и морков,, а се зема по една мала шољичка пред ручек.

Ротквицата и свежиот сок од ротквица благотворно делуваат на излачувањето на слузта од дишните патишта, па се препорачуваат при бронхит, настинка, грип, инфекции на дишните патишта, кашлица. Сокот од ротквицата ја намалува и главоболката.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РОТКВИЦА Empty Re: РОТКВИЦА

Пишување by Гостин Сре Апр 13 2016, 19:55

На кои лица не им се препорачува ротквица?
Ротквицата не им се препорачува на лицата со воспаление на слузницата на желудникот и цревата (гастрит, колит), како и на лица со чир на желудник или дванаестопалачно црево и на лица со бубрежни заболувања.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РОТКВИЦА Empty Re: РОТКВИЦА

Пишување by Гостин Сре Апр 13 2016, 19:55

Производство на Ротквици во заштитен простор

Ротквицата во заштитен простор се произведува во есенско – зимскиот и пролетниот период, а поради високите цени кои се достигнуваат на пазарот кога се продаваат во вези тогаш се препорачува зголемување на производството од ротквици.Доста е препорачлива за континуиорана сеидба на секои 7 – 10 дена, а во заштитен простор се произведуваат серти со кратка вегетација ( 30-45 дена). Добро се вклопува и како пред култура, како дополнителен посев, а често и како меѓу култура  измеѓу редовите од кромид и салата.Има плиток коренов истем затоа најдобро и одговараат лесни, хумусни почви со добра структура, која после наводнување на почвата не создава покорица. На песокливи почви не постигнува добар квалитет, а пак на глинести или тешки почви отежнато е берењето-вадењето и перењето на ротквицата. Семето се сее во добро припремена почва, меѓуредово растојание 10-15 см. а во редот 3-4 см. Сеидбата се извршува плитко со 3-4 гр.семе/м2. Во периодот на никнење потребна е температура од 18-200Ц, за време на сончеви денови, а 120Ц, кога е времето облачно…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РОТКВИЦА Empty Re: РОТКВИЦА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот