МУШМУЛА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

МУШМУЛА

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:36 pm

Мушмула – заборавена сорта



Мушмула е по прв пат опишана од страна на грчкиот ботаничар Теофрастус пред околу 2000 години. Мушмула (науч. Mespilus) е род од два вида скриеносеменици во потфамилијата јаткасто овошје на фамилијата Рози. Од ботаничкиот аспект мушмулата е вид помеѓу глог и круша. Нејзиното потекло е дискутабилно – според еден правец на мислење, таа потекнува од пределите околу Каспиското езеро, додека другите велат дека потекнува од средната Европа. Беше популарна во средниот век, додека во Франција е и ден денес популарна, особено во комбинација со поедини видови на вино.
Во Македонија и на Балканот, можат да се најдат различни сорти на мушмула: домашна, кралска, холандска и бесемена. Домашната мушмула има ситни до средно големи вкусни плодови. Плодовите содржат голем број на семки но малку месо. Оваа сорта е отпорна на мраз и суша. Бесемената мушмула е како што и самото име и зборува, донесува плодови кој што немаат семки. Плодовите се ситни, слични како и на домашната мушмула. Исто така е отпорна на мраз и на суша. Кралската мушмула има средно големи плодови, кој што се сочни и имаат пријатен вкус. Холандската мушмула има големи плодови, кој што се вкусни и сочни. Сортата е отпорна на мраз и на суа, но од друга страна плодовите не се отпорни на пепелница.
Мушмулата може да се одгледува и до 1000 метри надморска височина, но најдобрите резултати дава доколку се одгледува на 700 метри. И погодуваат сончеви и подрачја кој што се добро проветрени. Отпорна е на ниски температури, па без големи оштетувања може да ги поднеси температурите и до -30 степени Целзиусови. Од друга страна континуирано високи температури можат да ја оштетат. Мушмулата во принцип ги поднесува скоро сите видови на почва, освен тешки и почви кој што ја задржуваат влагата. Оптималната pH вредноста на почвата е околу 7, значи неутрални видови на почва.
Идеалното време за садењето на мушмулата е есенскиот период. Садењето се препорачува на 4х4 или на 4х3 метри што бара околу 625 или 834 садници по еден хектар. Донесувањето на плодови почнува од втората година, а приносите изнесуваат од 12-15 тони по еден хектар. Одгледувањето на мушмула е слично како и за јаболка, со тоа што мушмулата е поотпорна и на штетници и на болести. Мушмулата може да биде нападната од страна на гасеници кој што го јадат лисјето или од страна на пепелницата.
Мушмулата се произведува со калемење на вегетативните подлоги на дуња – ( МА, ĆА 7, Провансалска дуња Bа 29). Мушмулите се самоплодни – не им се потребни опрашувачи. Плодовите се берат на крајот на октомври и имаат маса од 10 -70 грама од зависност од сортата. Плодовите содржат фосфор, калиум, калциум, магнезиум и антиоксиданти.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: МУШМУЛА

Пишување by luxor on Пон Ное 28, 2016 9:37 pm

Лековито овошје кое неправедно го запоставуваме

Мушмулата е лековито овошје кое има благотворно дејство врз целиот организам, но изгледа дека последните години неправедно е запоставено.

Мушмулата потекнува од југозападна Азија, од каде е пренесена во Европа, најпрво на подрачјето на Грција и Италија, а набрзо се проширила низ цела Европа. Илјадници години ја користеле припадниците на бројни цивилизации заради големата лековитост. Но, во последно време, со увозот на разновидното овошје, зеленчук и зачини, мушмулите станаа неправедно запоставени.

Ова овошје претставува силно противвоспалително средство кое благотворно делува на целиот организам. Со векови се користат за тегоби при варењето бидејќи го разбиваат цревното и желудочното воспаление и ја елиминираат подуеноста. Исто така, заради нивното антивирусно и антибактериско дејство, овие плодови помагаат при ублажување на воспалението на крајниците и дишните патишта.

Мушмулите содржат белковини, јаглехидрати, танин, пектин, органска киселина (јаболкова, винска и лимонска). Изобилуваат со витамин Ц, како и со витамините од групата Б. Богат извор се на калиум, калциум, железо и магнезиум.



Зрелите плодови се одличен лаксатив и диуретик. Благотворно делуваат при воспаление на желудочната слузница, но и при многу други желудочни тегоби.

Пектинот, кој е присутен во ова овошје, помага во снижување на нивото на холестерол, ја подобрува работата на цревата, спречува констипација и помага во лечење на разни воспалителни процеси во организмот.

Зелените плодови на мушмулата не се погодни за консумација, но во облик на чај се користат за лекување и ублажување на многу здравствени нарушувања, како на пример запирање на дијареа и крварење.

Зелената мушмула е позната и како одлично противвоспалително средство кое помага при лечење на афти во усната шуплина.

Листот од ова дрво се собира на пролет за лековити цели – во облик на чај многу е делотворен во запирање на крварењето и за лечење на болести на непцата и усната шуплина.



Цветот од дрвото се бере во периодот од мај до јуни, се суши на светло место и се консумира во облик на чај за подобрување на работата на дигестивниот систем.

Кората од дрвото, пак, се собира на пролет или есен. Во народната медицина се користи за лечење на маларија.

Дури и семките од мушмулата имаат лековити својства. Слузот ослободен од семките потопени во вода се користи за подготовка на облоги, кои имаат ефикасно дејство во лекување на помали повреди на кожата.

Се користат и за елиминирање на камен во бубрезите, но кај овој вид на терапија потребен е стручен надзор, бидејќи семките содржат одреден процент на цијановоднична киселина.

http://www.plusinfo.mk/vest/7285/lekovito-ovoshje-koe-nepravedno-go-zapostavuvame
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МУШМУЛА

Пишување by luxor on Вто Дек 06, 2016 10:00 pm

Лекување со мушмули

За подобро варење на храната:
Три пати дневно да се јадат гнили мушмули, еден час пред секој оброк.

Против воспалено грло, непца и уста:
Се прави чај од листови на мушмула, и со него се прави гаргара неколку пати во денот.

Против пролив:
-Се јадат недозреани плодови од мушмула.(стегаат)

-Се земаат по 20 г мушмули, дренки, дуњи, шипки и скоруша, добро се ситнат и се мешаат. Од оваа смеса, се земаат три лажици и се преливаат со ½ л вода, па се варат околу 10 минути. Се процедуваат и чајот се пие во текот на денот, наместо вода.

За излачување соли на мокрачната киселина:
Се јадат по 300 г зрели мушмули, зачинети со 1 лажица лимонов сок, трипати дневно , најмалку 10 дена.

За намалување киселини во желудникот:
Се земаат 100 мл сок од исцедени плодови од мушмула, пред појадокот, ручекот и вечерата. Терапијата трае 5 дена. По појадокот, ручекот и вечерата се јадат 200 г зрели плодови од мушмула во текот на 5 дена.

Против труње ; за прочистување на крвта:
1 кг мушмули и 800г шеќер се варат во ½ л вода. Се остава да врие 45 минути, а потоа се трга од огнот и се излева во тегли за да може херметчки да се затворат. По потреба се зема по 150 до 200 г пред појадок.

Против болки во ушите:
Се цеди сок од мушмула и во увото се накапуваат 2-5 капки.

http://www.nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=3403&l=63&scID=2133
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МУШМУЛА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот