Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ribizla

Go down

Ribizla Empty Ribizla

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 19:49

Рибизла

Рибизлата припаѓа во редот Grosulariales, фамилија Grosulariacea, род Ribes (рибизла и огрозд), во подродови Eucoresma (црна рибизла) и Ribesia (црвена и жолта рибизла). Во родот Ribes се групирани околу 150 видови на рибизла и огрозд кои се распространети воглавно во северната умерено континентална клима на Европа и Северна Америка. Дел од овие видови се среќаваат и во Азија и Јужна Америка и Северозападна Африка. Во создавањето на културните сорти црна рибизла свое учество имаат седум вида кои припаѓаат на подродот Eucoresma, а во создавање на сорти од црвена и жолта учествувале по три видови од подродот Ribesia. Црна рибизла спаѓа во видот Ribes nigrm, црвена во видот Ribes rubrum, а жолтата во видот Ribes aureum.

Ribizla Ribizla

Рибизлата добро успева во хумидна клима која се карактеризира со свежи лета, со поголемо количество на врнежи и со висока релативна влажност на воздухот. Рибизлите се исто така светлољубливи растенија, но не поднесуваат прејака инсолација. На засенчени места основните гранки често оголуваат поради што се намалува родноста, се намалува квалитетот на плодовите и се скратува животот на растението.

     Рибизлите спаѓаат во овошни видови со најголема отпорност на ниски зимски температури. Таа издржува ниски температури и до -30°C. Поради тоа рибизлите се одгледуваат не само во умерено континетална туку и во посурова клима во северните подрачја. На ниска температура се најосетливи едногодишните гранчиња, потоа двогодишните и на крај постарите гранки, а најотпорни се пупките. Длабокото зимско мирување кај рибизлите трае многу кратко, поради што напролет потерува многу рано и при тоа може да настрадаат од повратни ниски температури. Цветовите кај рибизлите издржуваат и до температура од -5°C. Рибизлите се многу осетливи на високи температури во текот на летото поради што може да дојде до спалување на листовите и нивно предвремено опаѓање. Најпогодни реони за одгледување на рибизла се оние со средно летни температури од 17 до 18°C. Во нашата земја вакви температурни услови има на поголеми надморски висини, над 700 м.

     Рибизлите се изразито хидрофилни растенија, поради што за нејзино успешно одгледување потребно е повеќе вода дури и од малината и јаболката. Одгледувањето на насадите може да биде рентабилно доколку има годишни врнежи над 800 мм, од кои 50% да бидат во текот на вегетациата. И релативната влажност на воздухот е битен елемент за одгледување на рибизлите. Најпогодни се реони со просечна годишна релативна влажност од 80 до 85%, а во текот на летните месеци од 70 до 80%.

     За одгледување на рибизлата најпогодни се длабоки, средно тешки, структурни, умерено влажни, богати со хумус и биогени елементи, добро дренирани и слабо кисели почви со pH 5.5 до 7. За рибизлите не одговараат многу лесни, многу тешки, непропусливи, алкални, засолени, карбонатни и многу кисели почви. Подземната вода нетреба да биде повисока од еден метар.

Од секој вид рибизли постојат поголем број на сорти. Поради непостоењето на поголем интерес за подигање насади од оваа култура засега немаме некои поголеми искуства за сортиментот. При предлагањето на сортиментот за оваа култура ги користиме искуствата од соседните земји и од земјите каде оваа култура има поголемо стопанско значење.

http://zemjodelie-ovostarstvo.com/ribizla-i-rasad-na-ribizli-vo-makedonija.html?showall=1&limitstart=

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот