Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЛУК

Go down

ЛУК Empty ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 13:04

ОДГЛЕДУВАЊЕ - Умерената клима најпогодна

ЛУК Luk_i_praz1

Лукот потекнува од Средна Азија, а според некои податоци, во Европа се одгледува на околу 100.000 ха. Тој бара умерена климаluk i praz1 и во однос на еколошките услови, доста е осетлив. Параметри за нормален развој: 'ртење на температура 3-5ºC, оптимална температура за развој на кореновиот систем 10ºC, на листот 16-18ºC, на чешнињата 20ºC, формирање на луковица, коренот и лисната маса се издржливи и до -15 до 20ºC.

Лукот е растение кое бара претежно долги денови и при должина на денот од 10 до 12 часа ги формира листовите и луковицата. Оптимални потреби има во фаза на расадопроизводството. Не поднесува различна влажност на почвата во текот на вегетацијата. Наводнување се врши 4-5 пати, зависно од потребите и структурата на почвата. Лукот бара среднотешки, длабоки и плодни почви. Најдобри резултати дава и успева по: легуминозни растенија, зелкови култури, пченица, ран зеленчук.

Eсенската обработка на почвата е на длабочина од 30 см, а претсеидбената обработка или подготовката на почвата е на длабочина 8-10 см. Во однос на ѓубрењето, потребно е ѓубрење со арско ѓубре во количество околу 20-25 т/ха, потоа со минерални ѓубрива NPK, по препорака откако ќе се направи агрохемиска анализа за потребите и дозите на употреба. Доколку не се користи прегорено арско ѓубре, количеството на минералните ѓубрива треба да се зголеми за 30-40%. Се ѓубри ½ NPK во текот на основната обработка и ½ NPK ѓубре пред сеидбата.

Растојанието при сеидбата е 30-40 х 8-10 см. Потребното количество на пролетниот лук е 800-1.200 кг/ха, а за есенскиот 1.400-1.600 кг/ха.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 13:08

Лук - извонредно лековито растение

ЛУК Garlic_tight11

Секој човек треба да му биде благодарен на постоењето на ова извонредно лековито растение,затоа што со употреба на истото многумина ги излекувале своите настинки,кашлици,грчеви во желудникот…
Честопати не сме ни свесни дека лукот не е само производ или градинарска култура,туку цел магацин на здравјето.Секако, лукот не треба да се јаде без мера и само со него да се храниме. Тој сепак е зачин, но неговата светска слава е проверувана со векови, а лош збор за него досега не е чуен.
Кратка историја

Ако погледнеме уште во стариот Рим, античка Грција, Египет, Асирија, Индија, Кина, сите јаделе лук. Народните лекари од овие стари држави уште тогаш го препорачувале како најлековито растение, познато по своите магични и зачудувачки својства. Така староримскиот лекар Диоскорид (кој живеел во првиот век од новата ера) прв го споменал лукот, како лековито средство и укажал на медицинската примена –за олеснување на грчеви во желудникот. Според одредени записи, во Грција тој се применувал за против каснување од змија и го нарекувале”змиска трева”  како и тоа дека старогрчките атлети пред тренинг земале ”допинг”-џвакале лук. Истиот бил основен извор на сила и енергија за робовите во стариот Египет.
На сметка на лукот постои и еден запис од 1720год.-тој и оцетот спасиле илјадница жители на Марсеј од распространетата епидемија на чума…

Сулфур

Лукот е едно од малобројните растенија коешто содржи сулфур, кој му е толку потребен на човекот. Во другите производи од растително потекло, сулфурот го има многу малку или воопшто го нема. Ваквиот недостиг може да доведе до тешки последици по човековото здравје.

Хемиски состав на Лукот :

ЛУК 246v2wz

Лековити својства

Неговото лековито својство се употребува за
- против срцеви болести(како чистач на крвните садови,итна помош при срцев напад,против хипертензија…)
- пречистување на црниот дроб
- белодробни и бронхијални болести(атсма,бронхитис,гибење воздух…)
- против болести на локомоторниот систем и на сврзувакото ткиво
- дишните болести(настинка и грип,анангина,кашлица…)
- кожни болести и итн.

http://mojtrener.mk/luk-izvonredno-lekovito-rastenie/zdrava-ishrana/122

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 13:11

ЗДРАВЈЕ ВО ГЛАВИЦА ЛУК

ЛУК Garlic

Лукот, растение со многу јак вкус и мирис, е познато токму поради своите врвни кулинарски и медицински својства. Главната состојка на лукот е алицин, која поседува анти-бактериски, анти-вирусни, анти-егземски, анти-паразитски и антиоксидансни својства.


Лукот потекнува од централна Азија и тој е една од најстарите култивирани билки во светот кои се одгледуваат преку 5000 години.
Според некои записи се претпоставува дека Египќаните први започнале да го одгледуваат и користат лукот и тоа како растение кое играло многу важна улога во нивната култура. Лукот кој Египќаните го сметале за свето растение, е пронајден во гробниците на фараоните. Тие знаеле и за лековитите својства на ова растение, па затоа им го давале на робовите за да им ја зголеми силата и отпорност на болести.

Поради својот единствен состав, лукот поволно влијае на многу болести како што се вирусните и бактериските инфекции, артритис, кардиоваскуларните болести, болестите на дишните патишта, болестите на системот за варење, паразитите и има влијание кај хроничниот умор. Истражувањата покажуваат дека редовното користење на ова лековито растение доведува до регулирање на крвниот притисок, нивото на холестерол во организмот, како и шеќерот во крвта. Многуте истражувања кои се досега направени, исто така покажуваат дека лукот може да послужи како одлична превенција против многу видови на рак.

Како да го јадете...

За да се искористат лековитите потенцијали кои ги има лукот, најубаво е да се истолчи или ситно да се исечка бидејќи на тој начин се ослободуваат посебни ензими кои го претвораат алинот во алицин - состојка која е одговорна за лековитите својства на лукот. За да се ослободи максималната количина на алицин, оставете ги истолчените или исечканите чешниња лук да отстојат 5 минути пред да ги јадете.

Практични совети

Алергија - лукот го регулира имунитетот и спречува воспаленија кои се последица на алергиите. Зголемете го внесот на лук во организмот две или три седмици пред почетокот на сезоната на алергии и ќе имате резултати во борбата против алергиите.

Кашлица - поради своите антибактериски својства, лукот е одлично средство против кашлицата и ги ублажува инфекциите на респираторниот тракт.

Диајбетес- лукот може да помогне и во регулацијата на шеќерот во крвта. Се препорачува да се земаат 1-2 капсули дневно во подолг период или да се јаде 5-7 чешниња лук.

Холестерол- според истражувањата 600-900мг лук дневно можат да помогнат во намалувањето на холестеролот во крвта до 18%

Висок крвен притисок - луѓето кои земаат редовно поголема количина лук во текот на 5 месеци успешно го контролираат својот крвен притисок, покажуваат последните истражувања направени за лукот. Препорачана количина е 900 мг лук дневно.

Забоболка - лукот има својство на аналгетик и анестетик и токму поради тоа својство помага и кај забоболката. Едноставно ставете истолчено чешне лук на болниот заб и болката се намалува. Меѓутоа посетата на стоматолог е неизбежна.

Брадавици - поради своите антимикробни својства лукот е одлично средство против брадавици и други кожни заболувања. Земете свеж лук и исечете го на пола и со врвот неколку секунди тријте ја брадавицата. Повторувајте ја постапката секој ден пред спиење и ќе има ефекти во нивното отстранување. Ако почувствувате печење на кожата измијте со вода.

http://www.kompletna.com.mk/index.php/2011-02-19-13-29-34/23-2011-03-09-07-48-03

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 13:13

Природни лекови од лук

Различни народи имаат различни мислења за значењето на лукот. За персијците е лек кој ја подобрува циркулацијата, а за египјаните лукот е свето растение. Работниците кои ги граделе пирамидите во Египет го користеле за да ја сочуваат својата сила и здравје.

ЛУК Garlic-2

Низ историјата, истражувањата покажуваат дека лукот бил лек против беснило, против инфекции, штити од рак на дебелото црево, го намалува холестеролот, штити од артеросклероза, спречува создавање крвни тромби, па дури и се смета како лек за долговечност.

Лукот е богат со минерали, калциум, сулфур, фосфор, железо, јаглени хидрати, сулфурни етерични масла, азотни материи, алин, ферменти, витамини (А, Ц и витамини од Б-група), содржи 200 биолошки активни соединенија.

Намален имунитет, дијареја, кашлица, кивавица, црвени глисти, повраќање, маларија, краста и шуга, воспаление на бешиката, камен во урина, грип, бронхитис, ангина, висок крвен притисок, за здрави крвни садови, шеќер во крвта, покачени маснотии во крвта, за исфрлување на отровите од организмот, за чистење на цревата, воспаление на белите дробови, акни, хемороиди, астма, нервни болести, опаѓање на косата, заболувања на простата, главоболка и ешерихија коли се само дел од болестите кои ги лечи ова извонредно растение.

Лек за долговечност

Дневно се препорачува конзумирање на 1 литар јогурт (природен) со три чешниња лук.

Лек против дијареа

Во мала чаша вински или јаболков оцет ставете исцеден сок од 2-3 чешниња лук. Се пие одеднаш.

Сируп

Вода (иста количина колку шеќерот) и шеќер се варат сè додека сместа се згусти. Откако ќе го тргнете од огин додадете иситнет лук (половина од количината на вода). Од сирупот се пие 2-3 лажици дневно при грип, ангина, бронхитис, заразни болести.

Лек против бронхитис, воспаление на бели дробови, астма

Земете едно чешне лук, испасирајте го и ставете го во мала лажичка. Ставете ја лажичката под нос, на висина од устата и силно вдишувајте преку нос 5 минути. Свртете ја сместата и повторно вдишувајте од миризбата силно преку носот. Воздухот треба да го задржувате околу 4-5 секунди, по што треба полека да се издише. Ова треба да се практикува наутро и навечер во период од 1-2 месеци.

Лек против висок крвен притисок

Секој ден при секој оброк треба да се изеде по едно чешне лук. Кога ќе се нормализира вашиот притисок не престанувајте да консумирате лук. Наместо три пати доволно е барем еднаш дневно за да не ви се јави проблемот повторно.

http://www.ubavinaizdravje.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BB%D1%83%D0%BA

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 13:17

Ослободете се од настинката за само неколку часа

ЛУК Luk-650x396

Од настинката и грипот можете да се ослободите за само неколку часа со едно природно средство.

Студијата објавена во списанието „Journal of Nutrition“ дојде до заклучок дека од настинката за само неколку часа може да се ослободите со помош на лук.

Имено, консумирање храна со пет грама лук, за само три часа ги активира гените кои се вклучени во произведувањето на белите крвни зрнца кои го зајакнуваат човечкиот имунолошки систем.

Резултатите од истражувањето покажале дека настинката кај испитаниците кои консумирале лук траела многу пократко отколку кај оние кои не го консумирале. Научниците тврдат дека лукот е богат со селен и со витамин Ц.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 13:18

Истражувањата потврдуваат: Лукот е лекот против грип и настинки

ЛУК 8811403083806

Маслото од лук го стимулира имунитетот, го заштитува организмот од настинки и грип и помага при лекување главоболки.

Иако е познат како најголем непријател на високиот крвен притисок, лукот е уште едно чудо на природата кое одамна се користи во борбата против настинки и грип. Навидум симпатичен и мал, но со понекогаш неверојатно непријатен мирис, лукот е природен антибиотик со голем и широк спектар на борба против болестите. Претставува масовен двигател кога станува збор за ослабен имунитет, го прави телото отпорно на многу вируси и бактерии, а тоа е резултат на неверојатните 200 активни состојки во неговиот состав.

Лукот одамна се користи во исхраната подобрувајќи го дишењето и ослободувајќи ги дишните патишта, а е и еден од најсилните противници на хроничниот бронхитис. За време на настинка или грип, со витаминот Б6 кој го содржи лукот, можете да се ослободите од непријатното кашлање.

Непријатниот мирис на лукот потекнува од најголемиот антибактериски борец во неговиот состав – моќниот алицин. Тој помага при превенција на опасност од грип и настинки и спречува и лекува главоболки.

Едно истражување на Garlic Centre во Источен Сасекс, Велика Британија предводено од директорот Peter Josling, покажа дека можеби науката е чекор поблиску до пронаоѓање на лек против обичната настинка и грипот. Имено, во истражувањето биле вклучени 146 испитаници, каде половина од нив земале суплементи со лук, додека останатите земале плацебо. Во рок од 12 недели (од ноември до февруари) само 24 настинки се регистрирани меѓу оние кои земале суплементи, а дури 64 меѓу оние кои земале плацебо. Истражувањето исто така покажало дека оние кои земале суплементи, а настинеле, значително го намалиле времето на опоравување.

http://www.zdravjeizivot.mk/istrazhuvanjata-potvrduvaat-lukot-e-lekot-protiv-grip-nastinki/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 19:45

Комбинацијата од мед и лук е најмоќниот природен лек

ЛУК How-to-make-medicinal-garlic-honey-600x315

Сигурни сме дека веќе ви е познато моќното антибактериско и антигабично дејство на лукот, кој може лесно да се спореди со најдобрите антибиотици.
Неговиот лековит ефект е најголем кога ќе го изедете наутро, на празен стомак.
А дали сте за знаеле за најлековитата природна комбинација на лук и мед?
Имено, овој природен лек со слатко лут вкус има неспоредлива способност да го зајакне имунитетот, да го зголеми нивото на енергија и да го чува општото здравје на човекот.
За да го подготвите потребни ви се три главици лук и една чаша природен мед.
Раздвојте ги чешнињата лук без да ги излупите. Земете една стаклена тегла, наполнете ја со чешнињата лук и прелијте со медот. Со лажичка помрднувајте го лукот со цел медот да допре до секое чешне. Потоа затворете ја теглата и оставете ја да отстои неколку дена.
Медот со лук чувајте го во ладилник, а секој ден, наутро, изедете по едно чешне лук со мед.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 19:46

Што ќе се случи со вашиот организам ако јадете лук и мед во исто време

Природата може да ни ги пружа најдобрите природни лекови за многу болести, кои можат значително да го подобрат нашето здравје. Лукот еден е еден од најмоќните природни лекови, а може да застане рамо до рамо со некои од најдобрите антибиотици.

ЛУК Med-luk

Лукот може да го заштити нашиот организам од бактерии и инфекции, но за да биде поефикасен, важно е да се конзумира на празен стомак. Научно истражување покажало дека вашиот организам ќе биде заштитен ако јадете лук наутро пред оброк, бидејќи со тоа ги зголемувате антибактериските својства.

Лукот има повеќе од 400 активни состојки, тој е извор на витамини (А, Б1 и Б2, Ц), минерали, влакна, аминокиселини, есенцијални масла, билни масти, ензими, железо, јод, калциум, селен, фосфор...

Силата на лукот и е позната на човештвото одамна, а неговите здравствени погодности се користат со векови. Ако се користи на редовна основа може да ја подобри циркулацијата на крвта, да ги отстрани маснотиите од нашто тело, да спречи срцеви заболувања и да го намали високиот крвен притисок. Се` на се, сигурно е дека лукот е најмоќен антиоксиданс, пишува Worldhealthinfo.

Најдобриот начин да конзумирате лук е без никаква подготовка, бидејќи неговата активна состојка се „деактивирана“ ако се изложи на топлина, пишува explorehealthyfood.

Исечете лук, оставете го 15 минути пред да го конзумирате на празен стомак, уште подобра комбинација е да го измешате со мед и така ќе се чувствувате енергични и здрави.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Гостин Вто Сеп 06 2016, 09:40

i u salata ubavo odi.em jades luk za zdracvcje em pies rakiicka za k0oja site znaat deka e nezamenliv lek. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЛУК Empty Re: ЛУК

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот