KIVANO

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

KIVANO

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 9:54 pm

Македонската почва погодна за африканска краставица

Киваното (Cucumis metuliferus) е повеќегодишна градинарска култура во тропските и суптропските предели, а припаѓа на фамилијата краставици. Во англиското говорно подрачје се нарекува бодликава диња. Потеклото му е од средна и Јужна Африка, а Нов Зеланд прв почнал со комерцијално производство. Плодовите имаат жолто-портокалова боја. Во кулинарството се користи во свежа состојба или за подготовка на сокови и јогурти. Киваното содржи многу витамин Ц, повеќе од било кое друго растение, како и минералите Си Cu, Mn, K, Fe.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KIVANO

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 9:54 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KIVANO

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 9:55 pm

Киваното е единствена билка која поседува олеинска киселина достапна ѕа организмот во природен облик. Во Македонија првите насади се очекуваат оваа година и се очекува од сосема непозната култура да се успее да се одгледа и подготви како атрактивен производ за извоз. Киваното кај нас се одгледува како едногодишна култура, а првото комерцијално производство започнува во 2014 година во околината на Штип. Според истражувањата, киваното може да се одгледува и во Македонија. Најдобри приноси дава на плодни и оцедни почви. За одгледување на киваното потребен е период од 3 до 4 месеци без мраз. Основната обработка на земјата мора да биде на длабочина од 40 см во есенската обработка. Напролет е потребно да се затворат браздите и да се направи подготовка за формирање гредици и поставување на РVС фолија. Истовремено со поставувањето на фолијата се монтира и системот за наводнување капка по капка или пуштање на вода во бразди помеѓу фолиите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KIVANO

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 9:58 pm

На терени со благ нагиб се препорачува употреба на фолија со 120 см ширина и изработка на ниски гредици (како за краставици), а на рамни терени употреба на фолии со ширина од 140 до 150 см и изработка на високи (гредици како за јагода). Киваното се одгледува од садници. Тие се садат на поле околу 15 мај, под услов температурата на почвата да биде повисока од 10°С. Се сади рачно или со машина за садење. Садниците најчесто се садат на растојание 120 х 50 см. Со тоа се постигнува склоп од 12.000 растенија/ха. Се сади на подигнати гредици со РVС фолија. Растенијата треба да се наводнуваат веднаш по пресадувањето и следните 7 до 10 дена. Подоцна во текот на вегетацијата наводнувањето треба да продолжи, но треба да се внимава да нема премногу влага, затоа што преголемо количество вода во зоната на коренот значително го намалува приносот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KIVANO

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 9:58 pm

Најсигурно, најточно и рационално ѓубрење може да се одреди со анализа на земјиштето. Во пролетната подготовка на почвата се ѓубри со минерално ѓубриво и тоа 50 кг К 100 кг Р205, 150 кг К20 на 1 хектар. Треба да се има на ум дека киваното бара ѓубре слично како ѓубрењето при производство на краставица. Некои земјишни штетници, како на пример, грчици или телени црви можат да направат делумна штета на кореновиот систем, што влијае на квалитетот на приносот. Поради тоа, при одбирањето на површините за садење треба да се обрне внимание на бројот на штетните инсекти во почвата и да се избегнуваат парцели со преголем број ларви од почвените штетници. Штета на плодовите на киваното може да направат трипсите и лисните вошки, па затоа е потребно да се врши заштита со инсектициди на секои 10 до 15 дена откако растението ќе почне да цвета. Сепак, се препорачува младите растенија од периодот на пресадување до цветање превентивно да се заштитат со средства во согласност со дадените каренци и пропишаните дози. Предлагаме до цветањето на растението да се третира со бакарен препарат и тоа да се повторува како превентива.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KIVANO

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 9:58 pm

Откако киваното ќе дојде во технолошка фаза на кроење, треба да се крои и притоа да се заштити со бакарен препарат за да се оневозможи навлегување на болестите во растението во отворените рани. Се предлага третирање со биостимулатори како и прихрана преку листот и таа зависи од технолошката фаза. Одредени штети можат да предизвикат полжавите, полските глувци и волухарки, посебно при порано расадување на растенијата кога нема доволно храна во природата, па затоа предлагаме соодветна заштита. Во зависност од времето на садење и од климатските услови, киваното се бере од јули до октомври, секако, пред првите мразеви. Редовно се бере кога плодовите ќе почнат да добиваат жолти дамки на кората бидејќи веќе не постои можност плодот да продолжи со раст, а се берат плодови од 300 до 480 грама. Во влажни услови се препорачува порано берење за да не се појават болести. Бербата на киваното се врши исклучиво рачно. Плодовите можат да се чуваат од 8 до 9 месеци ако се одржува постојана температура до 18 С.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KIVANO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот