KRASTAVICA

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:03 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:03 pm

Потекло

Краставицата спаѓа во фамилија Cucurbitaceae, потекнува од влажните делови на Индија. Во Европа е донесена преку Египет и Грција. Краставицата содржи повеќе јаболкова киселина од лимунска и тоа му го дава карактеристичниот вкус.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:04 pm

Морфологија

Таа едногодишно тревесто растение со разгрането стебло кое е покриено со влакненца. Коренот е добро развиен, но страничните корени повеќе се разгрануваат во ширина, а не во длабочина. Листот е сплоснат, со долга дршка, три или петоделен, со светло до темно зелена боја, покриен по површината со остри влакненца. Кај краставиците разликуваме машки цветови кои имаат кратки цветни дршки и обично се јавуваат во групи, додека женските се поединечни и крупни со изразен плодник. Цветовите се петоделни со жолта боја. Плодот е сочна бобинка со цилиндричен облик и брадавичести израстоци. На тие израстоци има бели или црни влакненца или боцки. Семето е сместено во три комори во плодот. Денес во светот постојат голем број на видови и сорти на краставици за различни видови на производство ( на отворено, во заштитени простори), како и за различна употреба (салатери и корнишони за конзервирање). Растението има релативно краток вегетациски период, а покрај употребата во исхраната многу е ценета и во фармацевтската индустрија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:04 pm

Одгледување

Краставицата е топлољубиво растение. За ‘ртење е потребна температура од 15 ⁰С, а оптимална температура за раст е околу 25⁰С. Нема голема потреба за сончева светлина и затоа успешно се одгледува во текот на зимата во пластеници и стакленици, како и покрај високи растенија кои прават сенка. Има потреба од голема влажност на почвата и воздухот и затоа најдобри резултати се постигнуваат доколку се одгледуваат меѓу високи растенија (на пр. пченка) кои создаваат поволна микроклима. Краставицата е осетлива на ветрови и недостаток на вода.

Одлично реагира на ѓубрење, од минералните ѓубрива треба да се додава 80-100 kg/ha N, 80 kg/ha P и 120 kh K во облик на K-сулфат.

Краставицата се одгледува на средни и тешки почви со неутрална рН и добри водно -воздушни особини. Директна машинска сеидба се врши на растојание 100x30 cm, а во гнездо на 120x70 cm. Во пластеничко производство салатарите се одгледуваат во густина од 20.000-22.000 растенија/ха, а мазните хибриди од 18.000-20.000 растенија/ха.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:04 pm

Болести

Најопасни болести после расадувањето на краставицата се пламеницата и пепелницата. Пламеницата се развива при висока релативна влажност на воздухот со ладни ноќи, кога се создава роса, што е чест случај во пластениците. Таа се развива брзо, има краток инкубационен период од 4 дена и за неколку дена може да предизвика прегорување на лисјата. Основно во нејзиното сузбивање е да се спречи нејзината појава. Во случај на нејзина појава, за да се спречи понатамошниот развој и ширење, се препорачува две едноподруго третирања во текот на два дена со некое од средствата за таа намена.

Пепелницата се развива при изменети климатски услови во пластениците, односно стаклениците (при ниска релативна влажност и големи разлики помеѓу ноќната и дневната температура. Најпрво се појавува на влезовите во стаклениците, односно пластениците.

Посебен проблем при одгледувањето на краставицата е вирусот на мозаикот (Cucumis mosaic virus), кој во случај на опаѓање на температурата под 16°C заразените растенија венат и изумираат за неколку дена. Најчести зарази настануваат при есенските посеви во стаклениците и пластениците, кога вирусот се внесува од полските посеви. Основно за негово сузбивање е да спречи неговото внесување во стаклениците и пластениците и редовно сузбивање на лисните вошки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:07 pm

12 интересни факти за краставиците

Краставицата е зеленчук кој честопати се користи во салати, а летниот период таа е и одличен начин за освежување. Но, знаете ли што е тоа што ја прави да биде толку посебна? Погледнете ги овие факти и дознајте интересни нешта што сигурно не сте ги знаеле за овој прекрасен зеленчук.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:07 pm

1. Тие ви помагаат да го одржите здравјето. Краставиците содржат витамин Б1, Б2, Б3, Б5 и Б6, фолна киселина, витамин Ц, железо, калциум, цинк, магнезиум, фосфор и калиум, додека 95% од нивниот состав е вода.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:07 pm

2. Помагаат при лошиот здив. Притиснете мало парче краставица на горниот дел од устата и држете го со јазикот околу 30 секунди. На овој начин се убиваат проблематичните бактерии.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:08 pm

3. Бледиот слој на краставицата може да отстрани мастило. Тријте ја кожата и полека ќе ги забележите резултатите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:08 pm

4. Го намалуваат ризикот за развој на одредени видови рак. Се смета дека состојките што ги содржат краставиците може да го намалат ризикот од појава на рак на градите, јајниците, дебелото црево и рак на простата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:08 pm

5. Помагаат при изгореници од сонце. Изгмечената или исечената краставица е одличен начин да ги третирате изгорениците од сонце.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:08 pm

6. Краставиците се консумирале од многу одамна. Тие најпрво биле одгледувани во античка Индија, околу вториот или третиот милениум пред нашата ера.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:09 pm

7. Постои голема разлика помеѓу внатрешната температура на краставицата и надворешната. Така, разликата во температура може да достигне и до 20 степени.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:09 pm

8. Краставиците уште одамна биле транспортирани од големите истражувачи. Се смета дека Кристофер Колумбо транспортирал краставици во Хаити во 1494 година и ја започнал нивната дистрибуција во „новиот свет“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:09 pm

9. Во 2010 година светското производство на краставици достигнало до 57,5 милиони тони. Интересно е што 40,7 милиони тони од производството и извозот потекнуваат од Кина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:09 pm

10. Дејвид Томас од Велика Британија ја произвел најтешката краставица на светот. Таа била со тежина од 12,9 килограми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:09 pm

11. Краставиците помагаат при подуеност на очите. Киселините коишто ги содржи овој зеленчук имаат способност да го намалат задржувањето на водата и да ја намалат подуеноста на очите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 10:10 pm

12. Краставицата била одговорна за појава на салмонела во САД во 2015/2016 година. Центарот за контрола на болести во март оваа година изјавил дека постојат 907 заболени и 6 смртни случаи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Гостин on Пон Окт 24, 2016 7:20 pm

so ubava salata sde pravi od krastavici, pa izuta son nea a be ubavivna. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: KRASTAVICA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот