Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БАМЈА

Go down

БАМЈА Empty БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:31

Бамја - необичен зеленчук

Бамјата (Hibiscus / Abelmoschus esculentus) била одгледувана уште од страна на античките народи на Блискиот Исток, од каде што е пренесена на Балканот, Западна Европа и САД. Кај сите словенски народи, единственото име на овој вид зеленчук е бамја, и е со арапско потекло, а се смета за типичен ориентален зеленчук.
Најмногу се одгледува во Турција, Бугарија, Грција, Македонија, а од поранешните југословенски простори, застапена е во Босна, односно во Херцеговина. Во поголемиот дел од Македонија (централниот и источниот), бамјата има долга традиција на одгледување. Сепак, во споредба со другите зеленчуци, не е доволно застапена во исхраната. Кај нас попознати сорти се „цариградска" („султанија"), „црвена бамја" и др. Гурманите ја сметаат за деликатес и специјалитет. Нејзините необични плодови имаат пријатен, необичен вкус и мирис. Се користат како свежи или исушени за подготовка на различни јадења (особено за македонскиот специјалитет турлитава), а може да се замрзнат, исушат или конзервираат во сол или киселина. Како замена за кафе, може да послужат зрелите семиња, кои се исушени, а потоа се печат и мелат. Во народната медицина од листовите и стеблата се прават лековити напитоци против пролив и за намалување на шеќер во крвта.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:32

БАМЈА ZБАМЈА Images?q=tbn:ANd9GcRD6cvC4sCvEkF1AFTQaHRw6jXjb8K7eodPzWfJlUUSMrftSMZEXgБАМЈА 9k=
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:34

Одгледување

Бамјата е едногодишно растение од фамилијата Malvaceae, односно фамилија слезови. Таа е едногодишно растение, коешто може да израсне во височина и до 2,5 м. Најубава е кога во пазувите на листовите се отвораат мноштво на големи, жолто-бели цветови. Тие траат само еден ден, но веќе следниот ден се отвораат нови. Поради декоративноста, се одгледува и во саксии. Бамјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да поникнува на температура од 15°C, а оптималната е 25°C. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28°C. Исклучиво е светлољубива и е припадничка на групата растенија на долгиот ден.

Барањата за влажноста на почвата се многу изразени во текот на целата вегетација, а особено во фазата на никнување (кое е споро). Во почетокот бамјата се развива полека, особено при ниски пролетни температури. Покасно растението зајакнува, за краток рок се развиваат многу листови и јако стебло. За време на плодоносењето, треба да се обезбедат доволно хранливи материи во лесно достапен облик. Бамјата дава плодови сè до доцна есен, сè додека не се појават првите мразеви. Ѓубрењето на бамјата треба да е обилно, и тоа со органски (30-40 т/ха арско ѓубре), минерални материи (80-120 кг NPK ѓубрива). Поради изразените барања за хранливи материи, треба да се одгледува на плодни, структурни и добро припремени почви.

Бамјата се произведува со директна сеидба која се изведува откако почвата доволно ќе се загрее, односно кога температурата на воздухот е околу 20°C. Најчесто тоа е кон средината на април во потоплите делови на земјата, или во почетокот на мај. Се сее во редови 40-50 х 25-30 см или во гнезда (50-60 х 25-30 см), со употреба на 20 кг/ха семе. Негата во текот на вегетацијата се состои во редовна меѓуредова обработка, наводнување, прихранување и сузбивање на лисните вошки, кои често се појавуваат.

За исхрана се користат младите плодови (стари 3-5 дена), додека се нежни и сочни. Се берат често, бидејќи во спротивно прераснуваат и огрубуваат. При бербата, се одвојуваат од стеблото заедно со дршката и чашкините листови. Плодовите, па и целото растение се прекриени со влакненца. Се берат секој ден или секој втор ден, бидејќи плодовите брзо растат и го губат квалитетот. Не поднесуваат подолг транспорт и чување.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:35

Ценета во кулинарството

Во кулинарството бамјата е ценета поради содржината на слузни нискокалорични материи, кои одлично ги згуснуваат чорбите и сосовите. Од свежите плодови се прават каши, супи, турлитава, ѓувеч, муска и разни други јадења. Таа одлично „се согласува" со разни видови на месо. Притоа, плодовите не се лупат, само се отстрануваат дршките и чашкините листови и добро се мијат. Ако тие се големи, се преполовуваат во пречник или надолжно.

За произведените и потрошени количества, кај нас не може да се добијат податоци. Бамјата, се проценува дека во најголем дел се користи како свежа во домаќинствата и конзервната индустрија, а еден мал дел се суши или замрзнува. Сушењето обично се изведува двофазно. Прво се потсушуваат на чисто платно, а потоа се нижат во низи и се досушуваат под сенка, на место каде што има провев, при што се сортираат по големина за добар изглед. Исушените плодови два до три часа пред користењето се потопуваат во топла вода, во која се додава и малку сок од лимон. Вака подготвени, нема да се распаднат за време на готвењето.

Хемискиот состав на бамјата е многу сличен на боранијата. Има нешто поголема хранлива и енергетска вредност, повеќе сува материја, протеини, витамини и калиум, а помалку натриум и железо. Таа, исто така, содржи значајни количини на магнезиум, бакар, цинк, манган, ванадиум, сулфур и силициум. Карактеристичниот мирис и вкус доаѓаат од слузните материи и етеричните масла. Поради високиот процент на целулоза, пектин, благотворно делува на органите за варење, и се препорачува за луѓето кои страдаат од гастритис, чир, воспаление на цревата. Покрај тоа, го поттикнува отстранувањето на токсините од телото, а ѝ се припишуваат и афродизијачки својства.

http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=516:bamja-neobichen-zelenchuk&catid=54:gradinarstvo&Itemid=134
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:36

Зошто да јадете бамја?

Бамјата е богата мешунка која изобилува со растителни влакна кои се битни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.

Таа содржи разни витамини и минерали, особено витамини од групата Б, како што се фолната киселина, витамин Б1, Б2, а особено и витамин Б6 (една просечна порција бамjи содржи 10% од потребните дневни потреби на витамин Б6). Бамјата содржи полисахариди што го подобруваат протокот на крвта и делуваат стимулативно. Таа е преполна со антиоксиданти, а особено со епоикатехин, катехин, рутин и кварцетин. Рутинот им обезбедува цврстина на малите крвни садови, а кварцетинот е добар за дишните патишта.

Благодарение на овие материи, како прилог во оброкот бамијата може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра за оние кои треба да одржуваат нормално ниво на гликоза во крвта. Благодарение на огромното ниво на пектини, бамијата помага во намалувањето на холестеролот во крвта до 10%. Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот (меморија).

Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатонски сок кој добро се меша со готвените јадења.

http://www.acibademsistina.mk/health/index.php/wellness/ishrana-nitricionizam/239-zosto-da-jadete-bamja.html
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:38

Рецепти

ТУРЛИ-ТАВА

ПОТРЕБНО Е:

500 г говедско месо

1 пакетче смеса за ѓувеч

3 зелени пиперки

1 поголем модар патлиџан

1 тиквички

3 компири

2 домата

2-3 кромида

70 г ориз

2 чешниња лук

4 моркови

мирудии (сол, бибер, лавров лист, малку црвена пиперка)

магдонос, нане

масло



ПОДГОТОВКА:

Исечете го месото на парчиња и сварете го. Исечете го зеленчукот. Во длабок сад најпрво пропржете го кромидот на масло, па постепено додавајте ги останатите состојки по следниов редослед: моркови, модар патлиџан, компир, сварено месо. Оставете ги да продинствуваат на тивок оган. Потоа додадете ги парчињата пиперки, тиквички и смесата за ѓувеч. Сипете зачини, сол, црн пипер, малку црвена пиперка, магдонос, нане и течноста во која се варело месото. Состојките вака подготвени на тивок оган нека останат 10-15 минути да се продинствуваат. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги сите состојки во плехче и печете околу 45 минути.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:38

JAГНЕШКО СО БАМЈА

ПОТРЕБНО Е:

1 кг јагнешко месо

50 мл зејтин

две главици кромид

црвен пипер

три чешниња лук

магдонос

600 г свежи или замрзнати бамји

сол, зрнца бибер



ПОДГОТОВКА:

Измијте го јагнешкото месо и исечете го на парчиња. Исечкајте го ситно кромидот, па пропржете го на врело масло. Додадете го исечканиот магдонос, лукот и пропржете. Сипете вода и црвен пипер. Ставете ги парчињата месо, а кога ќе биде напола готово, додадете ја бамјата и полека динствувајте се' додека месото не омекне сосема. Додадете ги мирудиите. Додека го готвите местото, не мешајте за да не се распадне бамјата. Пред да го послужите, сипете одозгора сечкан магдонос. Како прилог послужете варени компири.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:39

БАМЈА СО ТЕЛЕШКО МЕСО

ПОТРЕБНО Е:

300 г бамја

450 г телешко месо

две главици кромид

црн пипер, сол, алева пиперка

два моркова

магдонос

киселина

лавров лист

еден лимон



ПОДГОТОВКА:

На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, додадете го морковот исечен на тркалца, месото исечено на коцки и лавров лист. Сипете врела вода и оставете го месото да се динста. За тоа време, во друг сад сипете вода и додадете малку киселина (две супени лажици). Во таа течност обарете ја бамјата, околу 10 минути.

Кога месото веќе е готово, додадете ја исцедената бамја и оставете се' заедно да се вари уште 15 минути. На крајот посолете, сипете црн пипер и додадете лажичка алева пиперка.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:40

БАМЈА СО ПАВЛАКА

ПОТРЕБНО Е:

750 г бамја

маслиново масло

1 лута пиперка

зачин кари

1 лимон

300 мл кисела павлака



ПОДГОТОВКА:

Исечете ја бамјата по должина и обарете ја во солена вода со сок од половина лимон. На масло пропржете ја ситно исечканата лута пиперка, па додадете ја обарената и исцедена бамја и продолжете со пржењето, а пред крајот додадете кари и изматена павлака со сок од половина лимон.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:40

САЛАТА ОД БАМЈА

ПОТРЕБНО Е:

неколку бамји

5 домати

1 печена пиперка

1 лута печена пиперка

сол, црн пипер

лук

маслиново масло

оцет балсамико



ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги и измијте ги бамјите. Во тефлонско тавче на силен оган пржете ги бамјите се' додека не добијат малку боја и не престанат да бидат слузави, околу 5-10 минути. Оставете да се оладат. Исечете ги доматите на парчиња, исто како и пиперките. Во сад за салата измешајте го зеленчукот и посолете по желба. Во помал сад измешајте маслиново масло, оцет балсамико, истолчен лук, додадете црн пипер и со добиената смеса прелијте ја салатата. Сервирајте со бело сирење и свеж леб.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:41

БАМЈА СО ПЧЕНКА

ПОТРЕБНО Е:

500 г свежа бамја

300 г конзервирана млади пченка

1 лажица исечкан магдонос

40 г путер

40 г брашно

500 мл млеко

400 мл зеленчукова супа

лимон

50 г сирење ементалер

сол, бибер, морско оревче



ПОДГОТОВКА:

Свежата бамја ја миеме под млаз ладна вода, ја цедиме и со нож ги отстрануваме рачката и врвот, и по желба ја сечеме попречно, дијагонално или надолжно. Сосот бешамел го подготвуваме така што во тава растопуваме путер, го додаваме брашното и на тивок оган, со постојано мешање, пржиме додека брашно не почне да добива боја. Потоа во тавата, со постојано мешање, го сипуваме млеко, внимавајќи да не останат топчиња. Добиениот сос бешамел го зачинуваме со сол и бибер, додаваме малку нарендано морско оревче, сок од половина лимон, па сите заедно уште еднаш добро мешаме и го тргаме од огнот. Во тенџере со топла зеленчукова супа ја додаваме подготвената бамја, ја вариме околу 15 минути и ја процедуваме. Потоа бамјата ја преместуваме во сад, ја додаваме исцедената пченка, сечкан магдонос, малку сол, неколку капки маслиново масло и ги мешаме сите состојки. Во подмачкано тавче со путер ја ставаме смесата со бамја, пченка и магдонос, рамномерно преливаме со подготвениот бешамел сос, посипуваме со изрендано сирење ементалер и ставаме да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:42

БЕГОВА ЧОРБА

ПОТРЕБНО Е:

400 г пилешко месо

200 г коренест зеленчук (морков, магдонос, целер)

50 г путер

50 г брашно

20 г суви бамји

1 жолчка

50 г кајмак

половина лимон

1 лавров лист

сол и бибер



ПОДГОТОВКА:

Пилешкото месо се мие, се става во тенџере, се додава вода, сол, исчистени моркови, магдонос, целер и лавров лист. Кога месото е сварено, процедете ја супата, одвојте го месото од коските и исечете го на коцки. Така исечете го и варениот морков, магдоносот и целерот. Во тавче загрејте го путерот, додадете брашно, пропржете, истурете ја супата од пилешко месо и варете околу 15 минути. Додадете го месото и зеленчукот и гответе заедно. Тргнете го од огнот и оставете да се олади.

Во меѓувреме, сварете ја бамјата со малку лимонов сок. Исцедете и додадете ја во чорбата. Оставете да се варат заедно. Изматете жолчка со кајмак и додадете ја во чорбата, сипете малку сок од лимон, путер и црн пипер.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 13:42

БАМЈА НА БОСАНСКИ НАЧИН

ПОТРЕБНО Е:

200 г сува бамја

800 г телешко месо

3 моркови

2 главици кромид

корен од целер

2 лаврови листа

3 мали лажици мелена црвена пиперка

магдонос

3 мали лажици ситно исечкан ѓумбир

бибер во зрна

сол, црн пипер, масло



ПОДГОТОВКА:

Сувата бамја потопете ја во студена вода и оставете да отстои половина час. Измијте ја бамјата, ставете ја во тенџере, сипете вода и загревајте се' до точка на вриење (водата не смее да проврие). На таа температура држете ја бамјата се' додека малку не набабри (околу 10 минути), потоа истурете ја водата и бамјата повторно измијте ја во ладна вода. Сега може да ја симнете од конецот на кој се сушела.

На масло пропржете го ситно исечканиот кромид, моркови и целер. Додадете го на коцки исечканото месо и динствувајте се' додека не омекне. Додадете го ситно сечканиот ѓумбир и сите останати зачини (лавров лист, црвена пиперка, магдонос, бибер во зрна, сол и мелен црн пипер) и динствувајте уште една минута. Додадете ја бамјата, малку промешајте и сипете топла вода толку за бамјата да не се прекрие со вода, туку водата да дојде малку под нивото на бамјата. Оставете ја бамјата, на половина прекриена, на тивок оган да се вари, никако не на силен. Повремено внимателно промешајте. Бамјата е готова кога е мека и сварена, но и кога се' уште има структура. Не смее да се превари зашто така ќе го изгуби вкусот и структурата. Со бамјата сервирајте парче лимон.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БАМЈА Empty Re: БАМЈА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот