Висок крвен притисок

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:46 am

Природни начини да го контролирате високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок е многу честа здравствена состојба која треба да се смета за сериозна прикриена закана за здравјето. Уште се нарекува и тивок убиец, затоа што не предизвикува забележливи симптоми или предупредувачки знаци сè додека не се развијат компликации. Покачениот крвен притисок, кој се означува со терминот хипертензија, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар, па дури и проблеми со бубрезите.


Последната промена е направена од Teo на Пон Дек 19, 2016 10:49 am. Мислењето е променето 1 пати
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:46 am

Хипертензијата се карактеризира со систолен крвен притисок (високата вредност) над 140mmHg и дијастолен крвен притисок (ниската вредност) над 90mmHg. Според податоци на Светската здравствена организација, на глобално ниво една милијарда луѓе имаат висок крвен притисок и ситуацијата само се влошува. Се проценува дека до 2025 година 1,5 милијарди возрасни лица ќе живеат со хипертензија.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:46 am

На луѓето кои страдаат од хипертензија често им се потребни лекови за регулирање на крвниот притисок. Но, промените во начинот на живот и исхраната можат значително да придонесат за подобрување на состојбата. Многумина успеваат на природен начин да го контролираат крвниот притисок и кај нив исчезнува неопходноста од употреба на медикаментозна терапија. Еве неколку ефективни природни начини за регулирање на крвниот притисок:
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:47 am

Консумирајте банани. Бананите се богат извор на калиум, а докторите порачуваат дека калиумот е особено полезен за лицата кои страдаат од висок крвен притисок. Освен банани, се препорачува и консумирање на неизлупени печени компири, свеж сок од портокал и јогурт со низок процент на масти.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:47 am

Намалете го внесувањето на сол до 5 грама дневно. Крвниот притисок на некои луѓе е многу почувствителен на натриум. Познато е дека најмногу натриум внесуваме преку солта, па ограничувањето на консумираното количество сол може да им помогне на одредени индивидуи за намалување на крвниот притисок. Наместо сол, за приготвување на јадењата користете други зачини. Преработената храна многу често содржи многу сол, па внимателно читајте ги етикетите на производите.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:47 am

Умерено консумирајте темно чоколадо со минимум 70% какао. Вкусен метод за намалување на крвниот притисок е консумирањето на темно чоколадо. Научниците во неколку наврати докажале дека чоколадото кое содржи минимум 70% какао помага за намалување на крвниот притисок кај луѓето кои имаат хипертензија. Препорачаната дневна доза е 100 грама.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:47 am

Вежбајте 30 минути во повеќето денови од неделата. Изберете каква било активност и барем 4-5 дена неделно практикувајте ја по половина час. Во согласност со вашите можности, можете да изберете пешачење, возење велосипед, трчање, пливање или аеробик. Кардиолозите тврдат дека луѓето кои го прекинале заседнатиот начин на живот и започнале да се рекреираат со аеробик вежби успеваат да го снижат крвниот притисок со 4-9 mmHg.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:47 am

Одржувајте здрава телесна тежина и внимавајте на обемот на половината. Зголемувањето на телесната тежина е поврзано со зголемувањето на крвниот притисок. Ако имате проблеми со тежината, вложете напори да го изгубите вишокот килограми. Како што ќе ја намалувате телесната тежина, така ќе се намалува и вашиот притисок. Имајте во предвид дека луѓето кои имаат многу масти на стомакот се изложени на поголем ризик од хипертензија. Не дозволувајте обемот на стомакот да ви биде поголем од 88 сантиметри ако сте жена или 102 сантиметри ако сте маж, затоа што тогаш ризикот од висок крвен притисок и срцеви болести е значително повисок.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:48 am

Уживајте со мала количина алкохол и никогаш не претерувајте. Во мали количини алкохолот може да биде полезен и да го намали крвниот притисок со 2-4mmHg. Но, во големи количини не само што не носи никакви бенефиции, туку има и негативен ефект. Никогаш не пијте повеќе од еден пијалак дневно ако сте жена и два ако сте маж. Тоа значи дека 150ml вино дневно се во границите на дозволеното. Ако досега не сте консумирале алкохол, не треба да започнувате да го правите тоа со идеја да го намалите крвниот притисок.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:48 am

Заборавете на цигарите и не станувајте жртва на пасивното пушење. Зголемувањето на крвниот притисок е само една од лошите последици на пушењето. Вдишувањето на чадот го зголемува крвниот притисок со околу 10mmHg и го одржува покачен во текот на еден час по пушењето на цигарата. Ако сте страстен пушач и пушите постојано, тоа значи дека крвниот притисок ви останува покачен во текот на целиот ден. Пасивното пушење исто така треба да го гледате како закана за здравјето.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:48 am

Намалете го кофеинот, не пијте повеќе од две кафиња дневно. Сè уште не може да се каже со сигурност дали кофеинот долготрајно го зголемува крвниот притисок или има само краткотраен ефект. И покрај тоа, медицинските експерти препорачуваат намалување на внесувањето на кофеин преку кафе или други пијалаци. Не консумирајте повеќе од две кафиња дневно.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:48 am

Релаксирајте се со класична музика. Хармоничните мелодии на класичната музика можат да дејствуваат како терапија за лицата со висок крвен притисок. Експертите препорачуваат секојдневна 30-минутна релаксација со слушање на класична или друг тип на релаксирачка музика и длабоко дишење за контролирање на хипертензијата.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:48 am

Намалете го стресот. Не напразно се вели дека стресот е најголемиот причинител на болести. Експертите предупредуваат дека има голема поврзаност помеѓу стресот и анксиозноста и крвниот притисок. Кога сте под стрес, во телото се произведуваат хормони кои привремено го зголемуваат крвниот притисок, бидејќи предизвикуваат забрзан ритам на срцето и стеснување на крвните садови. Затоа, стремете се што повеќе да го редуцирате стресот во вашиот живот. Техниките за длабоко дишење и физичката активност се одлични методи за намалување на вознемиреноста и напнатоста. Голем број медицински лица препорачуваат јога или медитација како ефективни начини за минимизирање на стресот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Teo on Пон Дек 19, 2016 10:49 am

Поради фактот што високиот крвен притисок не покажува симптоми, многу се важни редовните мерења. Особено внимателни треба да бидат луѓето кои страдаат од дијабетес, затоа што 60% од нив имаат и висок крвен притисок.

http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5/%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5%D1%82%D0%BE/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Висок крвен притисок

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот