Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РУКОЛА

Go down

РУКОЛА Empty РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:38

Причини за одгледување на рукола

Руколата е вкусен лиснат зеленчук со пикантен, горчлив и јак ароматичен вкус. богат со многу витамини и минерали. Оваа култура има високи хранливи. диететски и лековити својства. Таа е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин С, фолна и пантотенска киселина. Руколата содржи големи количества бетакаротен и тоа 1.424 мг (микрограми) на  100 грама, лутеин и зеаксантин – 3.555 мк на 100 г. Покрај тоа што содржи бројни хранливи состојки, руколата содржи и различни биолошки активни состојки: фито- хемикалии, чии антиоксидативни својства имаат позитивен ефект врз здравјето на човекот и го намалуваат ризикот од многу заболувања.

РУКОЛА Dreamstime_s_26126608-700x352-623x350
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:38

Во исхраната се користи како салата или компонента во мешани салати за подобрување на аромата и вкусот. Особено е позната како салата во медитеранската кујна подготвена со маслиново масло и сирење моцарела, горчината на листовите се зголемува со нивната старост, па затоа е најдобро да се консумираат млади листови. Кога се подготвува во готвена и бланширана состојба, ја губи горчината. Во некои земји се одгледува и поради семето, за добивање масло и сенф.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:38

Записите за ова растение, кое води потекло од Средоземјето, укажуваат на нејзината кулинарска и медицинска употреба уште кај старите Римјани и Грци. Во древниот Рим и Египет се сметало дека семето и листовите на ова растение имале дејство на афродизијак. Тогаш руколата била неизбежна состојка на сирупите против кашлица и против скорбут, а денес е исто толку популарна во домашните кујни, современите ресторани и аптеки ширум светот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:38

До скоро беше непозната култура кај нас, но во последно време се зголемува нејзината популарност, па често се среќава во менито на модерните ресторани, во супермаркетите и градските пазари на поголемите градови. Нејзиното одгледување и ширење е предизвик, особено во малите градови и рурални средини, каде што се уште е непозната.
Покрај споменатите хранливи, диететски и лековити својства на оваа ценета култура. Постојат уште неколку причини за нејзино одгледување и ширење кај нас:
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:38

Може да се одгледува: во мали бавчи, на тераса, во пластеник, во саксии;
Може да се произведува во текот н а целата сезона, почнувајќи од март до октомври. Пожелно е да се врши сукцесивна сеидба на секои 14-20 дена, за да се овозможи постојана обезбеденост на пазарот;
Има кратка вегетација од40 дена;
Има скромни барања во однос на условите за одгледување;
Нема големи барања за топлина;
Отпорна е на ниски температури и мразеви;
Добро поднесува суша;
Успева на секаков вид почва, но најдобро е кога се одгледува на богата почва со неутрална или алкална рН реакција, на делумно засенчено место. Најдобро успева на лесни песокливи и средно тешки
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:39

Таа е култура која нема сериозни проблеми со болести и штетници, па затоа не се потребни посебни мерки во поглед на заштитата во текот на вегетацијата.
Погодна е за органско производство. Се одгледува исклучиво со директна сеидба. Длабочината на сеидбата е околу 1 см., а никнува за неколку дена. Растојанието меѓу редовите изнесува 25 см. а во редот 3-5 см. при што е потребно количество на семе од 1.5 до 2 кг/ха. Се бере кога добро ќе се формира лисната розета. Обично дава до 2 кг принос по м2, односно приносот по хектар е 20 до 25 т. Исто така, руколата може да се чува во перфорирани кеси во фрижидер и во добро покриен сад 2-3 дена, на температура од 4 до 8°С. но најдобро е да се приготвува веднаш. бидејќи со стоење, дури и на ладно место, губи големи количества витамин Ц. Во поголеми количества, руколата се чува во специјални објекти со ладилници на температура од околу 0°С.

http://agroalternativa.info/deset-prichini-za-odgleduvane-na-rukola/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:40

РУКОЛА – ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ЛИБИДОТО И ЗАШТИТА ОД ДЕГЕНЕРАТИВНИ БОЛЕСТИ

РУКОЛА Rokula
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:40

Руколата (лат. Eruca sativa) е вкусен лиснат зеленчук кој лесно се одгледува, а воедно ја штити градината од разни штетници, па така е повеќекратно корисна. Записите за ова растение, кое води потекло од Средоземјето, можат да се пронајдат во Библијата и Талмудот, каде се фали кулинарската и медицинската употреба на рокулата. Во древниот Рим и Египет се сметало дека семето и листовите на ова растение имале дејство на афродизијак. Во поемата Моретум од Вергилиј, руколата е опишана како растение кое го буди либидото кај заспаните луѓе. Тогаш, руколата била неизбежна состојка на сирупите против кашлица и против скорбут, а денес е исто толку популарна, и тоа во домашните кујни и аптеки ширум светот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:41

Состав и лековитост на руколата

Руколата е корисно растение кое во 100 г содржи само 10 калории, а изобилува со витамините А, Ц, К, рибофлавин и фолна киселина, но и со калциум, магнезиум, бакар, железо, цинк и калиум.

Една порција рукола носи 83% од дневната потреба на човекот за витамин К, но и 38% од препорачаната дневна доза витамин А. Магнезиумот и цинкот се најважните состојки кои и го даваат афродизијачкото дејство на руколата. Не само што овие елементи го штитат организмот од стрес, туку помагаат и во синтезата на половите хормони. Поради ваквото позитивно дејство на либидото и потенцијата, научниците уште ја нарекуваат руколата и љубовна дрога.

Како и поголемиот дел на останатите зелени лиснати зеленчуци, руколата изобилува со антиоксиданти, го чисти џигерот и е идеална за пролетна детоксификација. Руколата создава глукозинолати, кои во системот за варење се претвораат во изотиоцинати. Овие, заедно со големиот број на антиоксиданти во руколата, делуваат на регулирањето на имунолошкиот систем на организмот, спречуваат макуларна дегенерација и остеопороза, но и активно штитат од рак.

Руколата е исто така богата со хлорофил и соединенија на сулфур кои го помагаат чистењето на организмот на клеточно ниво. Погодна е и за келатна терапија, која се припишува за исфрлување на тешките метали од организмот. Сигурно досега видовте дека постојат и повеќе од доволно причини за да ја додадете руколата во вашето секојдневно мени, па затоа започнете да ја користите уште денес.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:41

Руколата во кујната

Во кулинарството, руколата може да се подготвува како салата или да се вари и обарува како и било кој друг зеенчук, што создава големи можности за експериментирање. Таа е одличен додаток за мешани салати, тестенини и пити, а оди добро и како прилог, заедно со компир или ориз. Нејзиниот остар вкус добро се соединува со цитрусните овошја, крушките, оревите, доматите и сирењата со силен мирис и вкус, како пармезанот, козјото или синото сирење. Може да се посипува и врз пица и тестенини, но дури откако ќе ги извадите пиците од рерната, односно кога тестенините ќе бидат веќе сварени.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:41

Одгледување на рукола

Руколата може да се одгледува постојано од март до септември и тоа на било каква земја. Можете да ја берете веќе по 40 до 60 дена. Освен во градината, можете да ја садите и во саксии, па дури и во обични тегли. Обично дава до 2 кг принос по квадратен метар земја. Најдобро е да се чува неизмиена во фрижидер, и тоа во ќесичка од која е изваден воздухот. Се смета дека витамините и минералите од руколата подобро се апсорбираат доколку таа претходно кратко се обари.

http://migusto.mk/rokula-za-jaknenje-na-libidoto/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:43

Салата со рукола и моцарела

РУКОЛА Pizap.com14754490717541-39d2b1-800x600
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:43

Состојки
300 гр шери домати
2 пиперки
300 гр моцарела
1 лимон
1 до 2 китки рукола
по вкус сол и маслиново масло

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:44

Оваа италијанска рецепта за салата, која Ви ја препорачувам за да припремете бидејки руколата дава посебна арома и вкус и доста корисна за исхрана за сите возрасти.

Во колку шерито се појадри се сечат наполу, ако се мали се користат цели. Пиперките, моцарелата и руколата се сецкаат ситно, потоа состојките се промешуваат, се полеваат со сокот од лимон и се додаваат солта и маслото по вкус.

По мој вкус наместо моцарела може да се користи и македонско овчко сирење и мислам дека салатата е многу повкусна со домашното сирење))

https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B0
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:45

Салата со тиквички и рукола

РУКОЛА DSC_5205d-b74d82-632x800
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:45

Состојки
по вкус млади тиквички
по вкус рукола
по вкус топчиња моцарела
1 црвена пиперка
по вкус рендан пармезан
по вкус сол, бибер, маслиново масло, сок од лимон

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:45

Уште една идеја како да ги искористите тиквичките и да си ја направите оваа свежа, витаминска салата.
1. Потребни ви се млади, кревки тиквички со помалку семки. Доволно е да ги измиете, бидејќи кората им е тенка не мора да ги лупите. Со кујнска алатка исечете ги на тенки ленти или на кругови.
2. Руколата исецкајте ја на парчиња и додадете ја кај тиквичките. Оставете неколки цели гранчиња за украс.
3. Пиперката исецкајте ја на коцки и измешајте ја со маслиново масло и лимон во количина колку што вообичаено си зачинувате салата. Додадете сол и бибер. Оставете да одстои 10 мин. и прелијте ги тиквичките и руколата. Измешајте убаво. Пробајте за вкус и доколу е потребно додадете сол и бибер.
4. Сега додадете ги топчињата моцарела, преостанатите гранчиња рукола и нарендајте пармезан.

https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D1%80%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:46

Брускети со рукола

РУКОЛА DSC_0240-5071
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:46

Состојки
1кг. домати
1 китка рукола
3 чешниња лук
1 кг. чијабата леб
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:47

Пред се исечете ја чијабатата на пола во хоризонтала, а потоа двете парчиња исечете ги на помали кришки. Ставете ги кришките во плех посипете ги со 2-3 лажици маслиново масло и ставете ги во релна да заруменат 5-10 минути. За тоа време измијте ја китката рукола и отстранете ги малите дршки, а доматот исечете го на парчиња и ставете го во друг плех посипете го со 2-3 лажици маслиново масло и претходно исечканите чешниња лук. Откако ќе ги извадите лепчињата од рерна прво над лепчињата ќе ги наредите листовите рукола а над руколата ќе ги ставите парчињата домат. Откако ќе завршите со редењето на доматот, по желба можете да изрендате пармезан врз лепчињата.

https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:47

Паста со песто од рукола

РУКОЛА DSCN2178-800x524
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:47

Состојки
За песто
50 гр ореви
3 чешниња лук
150 гр свежи шампињони
20-25 листови рукола
1 лажичка био зачин
по желба бел бибер
1/2 лимон
2 лажици маслиново масло
За додаток
100 гр чадена сува сланина
150 гр свежи шампињони
За паста
400 гр интегрални шпагети лингвини

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Luxor Сре Јан 25 2017, 11:48

Листовите рукола измијте ги и оставете ги да се исцедат убаво од водата. Шампињоните исечкајте ги на ситно и ставете ги малку во тавче да се пропржат за да испари водата од нив, додадете го лукот и пржете уште малку. Оревите истостирајте ги на тефлонско или делимано тавче
(пропржете ги за да ослободат масло и убава арома) Сите три состојки ставете ги во процесор или блендер, додадете сок од половина лимон, маслиново масло, био зачин, сол и зрна бел бибер. Сете тоа блендирајте го додека не добиете мазна смеса како паштета. Сварете ги лингвините. Шампињоните исечкајте ги и испржете ги заедно со исечканата чадена сланина. Сварените и исцедени лингвини посипете ги со песто и врз него ставете го пржените шампињони со сланина, додадете тенко исечени парчиња кашкавал и наросете пармезан.

https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D1%80%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

РУКОЛА Empty Re: РУКОЛА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот