EDELVAJS ILI RUNOLIST
3 posters
Страна 1 of 1
EDELVAJS ILI RUNOLIST
Рунолист (науч. Leontopodium alpinum или Leontopodium nivale ssp.) — познато и ретко европско планинско цвеќе од фамилијата на штитоцветните (Asteraceae).
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: EDELVAJS ILI RUNOLIST
Јужнословенскиот назив „рунолист“ доаѓа од волнестиот изглед на листовите, како руно на овца.
Научниот назив Leontopodium е латинизација на грчкиот збор леонтоподион (λεοντοπόδιον) = „лавја шепа“.
На романски, растението се нарекува floarea reginei, што значи „краличин цвет“. Персискиот назив му е голејах, што значи „леден цвет“.
Научниот назив Leontopodium е латинизација на грчкиот збор леонтоподион (λεοντοπόδιον) = „лавја шепа“.
На романски, растението се нарекува floarea reginei, што значи „краличин цвет“. Персискиот назив му е голејах, што значи „леден цвет“.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: EDELVAJS ILI RUNOLIST
Листовите и цветовите се прекриени со бели влакненца со волнест изглед. Стаблата растат 3–20 см во висина (а во услови на одгледување и до 40 см). Секој цвет се состои од 5-6 мали жолти главчиња (5 мм) окружени со прицветни ливчиња во ѕвездест состав. Растението цвета помеѓу јули и септември.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: EDELVAJS ILI RUNOLIST
Растението има нерамномерна распределба и претпочита карпести варовници на надморска височина од 2000–2900 м. Традиционално се користело како народен лек за болести во стомакот и дишните патишта. Густите влакна го штитат растението од студот, сувотијата и ултравиолетово зрачење.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: EDELVAJS ILI RUNOLIST
Поради неговата реткост, рунолистот е заштитен во многу земји, вклучувајќи ги Монголија, Бугарија, Хрватска, Швајцарија (од 1878), Франција, Норвешка, Иран, Индија, Италија, Србија, Малезија, Индонезија, Германија, Шпанија, Полска, Словачка и Словенија (во Горица и Градишка од 1896, а во Краина од 1898), Австрија (од 1886) и Романија (од 1933).
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: EDELVAJS ILI RUNOLIST
Рунолистот се одгледува во градини заради неговото интересно соцветие и сребрени листови. Растенијата се краткотрајни, но можат да се ‘ртат од семиња.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: EDELVAJS ILI RUNOLIST
go nema vo Makedonija
OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот