Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПОРАКИТЕ ОД СТРАНСТВО И ЗЕМЈАТА

2 posters

Go down

ПОРАКИТЕ ОД СТРАНСТВО И ЗЕМЈАТА  Empty ПОРАКИТЕ ОД СТРАНСТВО И ЗЕМЈАТА

Пишување by osa Чет Апр 20 2017, 19:09

Алтхаузер: Неопходно е итно формирање на влада

20.04.2017 | 18:46МакедонијаПрочитано: 659
Задачите се на маса и од нивното остварување зависи почетокот на реформите, смета германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер која запрашана дали постои излез од кризата, испрати идентичен апел како и нејзиниот колега евроамбасадорот Самуел Жбогар и американскиот Стејт Департмент:

„Да, постои излез и постои пат, ќе треба да се формира влада, претходно да се избере спикер во собранието. Инаку, задачите се веќе на маса и со реформи ќе треба да се започне што е можно побрзо“, изјави Алтхаузер.

Пораката на германската амбасадорка следи по реакцијата на американскиот Стејт департмент, од каде ги поттикнуваат македонските лидери да сторат се што можат за формирање на Влада без натамошно одлагање, за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атланското семејство.

„Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“ - реагираат од Стејт департментот.

За сега нема дополнително објаснување како Стејт департментот би ги „охрабрил“ политичарите да престанат со опструкциите и дали станува збор за индиректна најава за санкции во координација со Европската унија. Евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар порача дека дојден моментот кога власта и опозицијата треба да почнат да се слушаат едни со други со една цел, и дека тоа е важно за иднината на земјата и за европската интеграција.

Партиите, пак, и денеска се со поделени ставови: Од ВМРО - ДПМНЕ во врска со пораките од САД и ЕУ сметаат дека „загарантирано право на дискусија согласно Деловникот за работа на Собранието и согласно законите не е, ниту може да се смета за каква било опструкција“. Од СДСМ пак се на став дека овие пораки од меѓународната заедница повеќе се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Ѓорѓе Иванов кои партијата ги опишува како кочничари на процесите во државата.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ПОРАКИТЕ ОД СТРАНСТВО И ЗЕМЈАТА  Empty Re: ПОРАКИТЕ ОД СТРАНСТВО И ЗЕМЈАТА

Пишување by SHARENI Пон Апр 24 2017, 00:59

MA OVIE NE E.AT VISHA SILA SI TERAAT PO SVOE .....
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот