Почина Жељу Желев
+2
Фири
Боко
6 posters
Страна 1 of 1
Почина Жељу Желев
Почина Жељу Желев
Мислам дека заслужува посебна тема.Ако може некој од софорумцита со подолг стаж да отвори тема

Боко- Број на мислења : 66
Join date : 2015-01-27
Re: Почина Жељу Желев
Нека почива во мир...
Почина поранешниот бугарски претседател Жељу Желев
На 79-годишна возраст денеска почина првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев, јави БТА.
Желев е роден на 3 март 1935 година во селото Веселиново кај Шумен. Средно образование завршува во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломира филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, Жељу Желев беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година.
По првите повеќепартиски избори по промените во Бугарија во јуни 1990 година, Желев стана координатор на Пратеничката група на СДС, а веќе на 1 август истата година Народното собрание го избра за претседател на Бугарија. Во јануари 1992 година беше реизбран на функцијата на првите дирекни претседателски избори во Бугарија. Претседателксата должност ја извршуваше до јануари 1997 година.
Во 1993 стана член на Либералната интернационала, а во 1997 година беше избран за почесен претседател на бугарската партија Либерално демократска алтернатива. Тој раководеше и со фондацијата „Д-р Жељу Желев“, а беше и коосновач и претседател на Балканскиот политички клуб.
Желев е носител на највисокото државно одличје на Бугарија, орденот „Стара Планина“ од прв степен, како и на поголем број академски и државни награди.
http://plusinfo.mk/vest/13086/pocina-poraneshniot-bugarski-pretsedatel-zelju-zelev
Гостин- Гостин
Re: Почина Жељу Желев
Чоекот остана един од малкумината чисти морално. Но си беше научник и има голема вина за тоа што така наречениот преход се продолжи и сега Бугариjа не е како Полша или слично. Читал сум книгата му "Фашизмот" и ми се допадна . Не стануваше за председател на држава .Но за мртвите или добро или ништо. Покоj на душата му.
_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири- Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14
В това кратко съобщение няма нищо
за една негова смела постъпка. Без да пита силите той пръв призна независимата Република Македония.luxor напиша:
Почина поранешниот бугарски претседател Жељу Желев
Също така високо ценя и неговата роля за скъсването с комунистическото минало по демократичен път, без убийства и кръв.
Имам и критики, но в такива случаи те просто за збранени.
Та е български политик, не е потомствен, влезна в политиката заради промените, но ролята му в историята на България я оценявам много положително.
sofmak- Број на мислења : 68
Join date : 2015-01-14
Местолокација : Sofia
Re: Почина Жељу Желев
Бог да го прости! Той беше награден от Република Македония с държавно отличие за това, че допринесе България да признае първа Македония, а след това Русия и Турция, което даде шанс на младата държава да напусне Югославия без война.
Наистина направи много за демократизирането на България, но беше изолиран след това от политиката, защото беше добър човек, а в политиката - да си добър - не винаги носи ползи.

Бело конче- Број на мислења : 23
Join date : 2015-01-24
Re: Почина Жељу Желев
RIP...
Почина Жељу Желев, првиот кој ја призна независна Македонија
Првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев, починал денеска на 79-годишна вoзраст.
Желев беше првиот претседател на една земја, кој ја призна независноста на Македонија. Тоа се случи на 15 јануари 1992 година. За претседател на Бугарија на Бугарија беше избран на првите демокртаски избори во земјата на 10 ноември 1989 година.
Тој беше голем пријател на Македонија и добитник на орденот „8-ми Септември“, кој му го врачи претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, Жељу Желев беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година. Желев е и еден од основачите на Социјал Демократскиот Сојуз на Бугарија.
Роден на 3 март 1935 година, во селото Веселинско, во областа Шумен. Завршува филозофија на Софискиот Универзитет во 1958 година, каде и докторирал во 1988 година.
Последната фотографија на Жељу Желев, од пред околу еден месец, на Генералното собрание на Атлантскиот клуб
http://netpress.com.mk/pochina-poraneshniot-bugarski-pretsedatel-zhelju-zhelev/
Гостин- Гостин
Re: Почина Жељу Желев
Веселиново му се нарекува селото не Веселинско.
_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири- Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14
Re: Почина Жељу Желев
Фири напиша:Веселиново му се нарекува селото не Веселинско.
И не е избран за претседател на 10 ноември 1989 година,ама айде
хан Ацо- Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България
Re: Почина Жељу Желев
Ajde, dosta placevte vie dvajcata...
ЖЕЉУ ЖЕЛЕВ: филозофот кој им пркосеше на Милошевиќ и Мицотакис во планот за поделба на Македонија!
Беше претседател на Бугарија од 1990 до 1997 година. Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник. Почина, вчера во 79. година. Голем пријател на Македонија, кој на моменти повеќе од самите нас, сакаше да ја види земјата во ЕУ. Едно е сигурно Македонија загуби искрен пријател, кој им пркосеше на плановите на Слободан Милошевиќ и Костантин Мицотакис за поделба на нашата држава во почетокот на 90-тите.
Кој е Жељу Желев
Роден е на 3 март 1935 година во село Веселиново, област Шумен. Има 3 браќа: Јордан, Христо и Стојан. Средно образование завршува во 2-ра машка гимназија во Шумен, потоа “Филозофија” на Софискиот универзитет “Климент Охридски” во 1958 година. Се вработува како секретар на Градскиот комитет на ДКМС во родното село, каде што во 1960 година е примен за член на БКП(Бугарска комунистичка партија).Тој е доктор на науки, а во јануари 1997 година ја основа фондацијата “Д-р Жељу Желев”. Собира и објавува документарно наследство од најновата политичка историја на Бугарија.
Дисидент
Во 1965 година Желев бил исклучен од Комунистичката партија. Во подготовката на докторската дисертација во некои статии ја критикува марксистичко – ленининистичката теиорија. За оваа активност бил исклучен од партијата, чиј член е од 1960 година, прогласен е за антимарксист кој нема ништо заедночко со идеологијата на партијата.
Подоцна е избркан и од Универзитетот и протеран од Софија. Одземено му било и софиското жителство, по што се преселил во селото на неговата сопруга Грозден, во областа Бургас. Во 1974 година брани дисертација и станува кандидат на науките, а во 1975 година започнува работа како научен соработник во Институтот по култура. Во периодот 1977-1982 година е шеф на рубриката “Култура и личност” во институтот. Брани докторската дисертација во 1988 година. Во 1981 година ја објавил монографијата „Фашизмот“, во која ги анализира механизмите на тоталитарното општество. Оваа книга била забранета од страна на комунистичките власти, а набргу било наредено и отстранување на книгата. Книгата е преведена на 10 јазици.
Политичка кариера
Жељу Желев беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година.
http://faktor.mk/wp-content/uploads/2015/01/0000252961-article2.jpg
По првите повеќепартиски избори по промените во Бугарија во јуни 1990 година, Желев стана координатор на Пратеничката група на СДС, а веќе на 1 август истата година Народното собрание го избра за претседател на Бугарија. Во јануари 1992 година беше реизбран на функцијата на првите дирекни претседателски избори во Бугарија. Претседателксата должност ја извршуваше до јануари 1997 година.
Во 1993 стана член на Либералната интернационала, а во 1997 година беше избран за почесен претседател на бугарската партија Либерално демократска алтернатива. Тој раководеше и со фондацијата „Д-р Жељу Желев“, а беше и коосновач и претседател на Балканскиот политички клуб.
Пријател на Македонија
Во Македонија ќе остане запаметен како голем и докажан пријател, предводник на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.
„Силата на Бугарија е тоа што таа не посака ништо од Македонија за возврат. Тоа покажа дека ние немаме никакви задни мисли, ниту скриени цели, туку дека сакаме да бидеме добри соседи“, велеше Желев.
Во своите настапи постојано потенцираше дека Бугарија секогаш треба да ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции и повикуваше ЕУ и Грција да не признаат под уставното име. Негов познат став беше дека „правото да се избере името на сопствената држава е свето право и никој не може да го прекрши“. Според него, главен виновник за проблемот со името е Европската комисија, а механизмот за носење одлуки со целосен консензус е идиотизам.
Русија и Турција ја признаа Македонија под уставното име благодарение на лобирањето на Желев
Поранешниот бугарски претседател Жељу Желев беше клучниот лобист за признавањето на независноста на Македонија од страна на Русија и Турција. Желев лобираше кај тогашниот премиер на Турција, Сулејман Демирел кој откако ги ислушал аргументите на Желев за една недела ја призна Македонија под уставното име. „При една од заедничките прошетки во резиденцијата „Бојана“ му реков на рускиот претседател Борис Елцин дека се уште не го гледам указот со кој се признава Македонија. Елцин му довикнал на шефот на руската дипломатија Андреј Козирев и му наредил да го напише указот. Се сеќавам во тој момент Козирев почна да објаснува дека Грците многу ќе се налутат за овој чин. Елцин само пресекол: мене Грците не ме интересираат, бугарската позиција е правилна, затоа напиши го декретот“, раскажуваше Желев.
Желев ги отвори границите, за време на грчкото ембарго
Под негово раководство владата на Бугарија ја отвори границата кон Македонија во перидот на двете грчки ембарга кога грците очекуваа дека со тоа комлетно економски и политички ќе ја фрлат Македониа на колена. Отвореноста на Бугарија и помошта за траснпорт на нафта и сè што е потребно од Бугарија кон Македонија тогаш ја спасува Македонија од еконосми колапс, со што успева да ја одржи својата политичка позиција без попуштање.
Пораките кон Грција
„Нелогично и скандалозно е еден сосед да определува име на друга земја во соседството. Цивилизациска придобивка и право на еден народ е да си го определи името на нацијата и на својата држава“, велеше Желев. Според него политиката на Атина кон Скопје е срамна и неприфатлива. Во 2012 година Желев на бугарските власти им порача Бугарија се доближува кон нивото на Грција, која ја блокира Македонија за влез во НАТО и ЕУ поради името. Не значи дека треба да си ги мериме силите доколку во Македонија се зборуваат лаги и измислици за Бугарија. Тоа е друго, членството на Македонија во ЕУ е одговорност на Бугарија, изјави тогаш поранешниот бугарски претседател.
Награда 8-ми сепетмври за Желев
Во 2010 година, поради заложбите за Македонија, претседателот Ѓорге Иванов на Желев му врачи орден за заслуги – 8. Септември, највисоката државна награда.
Жељу Желев има освоено голем број на академски и државни награди. Во неговата биографија се вбројува и највисокото државно одличје на Бугарија „Стара Планина“.
Д-р Желев е удостоен со највисоките државни признанија на Франција, Шпанија, Португалија и Венецуела. Тој е почесен член е на Ротари клуб – Њујорк.
http://grid.mk/read/news/509583285/9572784/zhelju-zhelev-filozofot-koj-im-prkoseshe-na-miloshevik-i-micotakis-vo-planot-za-podelba-na-makedonija

лесна му земја ..почивај во мир .
еве сега оди вест на ТВ дека председателот Иванов ке присуствува на погребот на поранешниот председател на република Бугарија ,Жељу Желев.....
да не го прогласи некој за непријател на државата ?

Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот