СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Страна 1 of 1
СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
ДЕНЕС Е СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
св.КлиментМакедонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец.
Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Дваесетина години во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија.
св.КлиментКога Свети Кирил и Методиј биле повикани во Рим со нив бил и Свети Климент и тогаш бил ракоположен во духовно звање. По смртта на Свети Кирил во Рим, Свети Климент заедно со Свети Методиј се вратил во Моравија и му останал верен во одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба. По смртта на Свети Методиј кога неговите ученици биле жестоко мачени, а потоа и протерани од Моравија во почетокот на 886 година, со Свети Наум и Свети Ангелариј дошле во Охрид. Овде ја основале познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3500 ученици за црковна богослужба.
Паралелно со црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишуваат опширните житија на Кирил и Методиј познати како „Панонски легенди“, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници , за други празници на апостоли и маченици како и повеќе пофални слова за христијаски светители. Се упокоил во 916 година и бил закопан во гробот што го ископал со сопствени раце во црквата посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник.
Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од страдања.

EVITA- Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25
Similar topics
» Свети Климент Охридски
» СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ Е ДЕНЕС
» Денес се празнува Светата великомаченичка Варвара, Свети Јован Дамаскин и Свети Генадиј, архиепископ Новгородски
» ДЕНЕС Е СВЕТИ ВАЛЕНТАЈН И СВЕТИ ТРИФУН
» Нов Рамковен - или Охридски договор со уставни измени?

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|