Zimska nega na cvekje vo domashni uslovi
Страна 1 of 1
Zimska nega na cvekje vo domashni uslovi
Зимска нега на цвеќе во домашни услови
Зоран Ордев
Зимата е на прагот, а растенијата бараат посебна нега во текот на зимските месеци. Во тие услови самите растенија имаат недостаток на природна светлина и воздух. Сепак, треба се внимава да не се изложуваат на директна промена на температура, туку како идеална температура се препорачува помеѓу 15 и 20°С. Кога се проветрува просторијата во која се чуваат, цвеќето мора да го заштитите од промаја на тој начин што ќе го преместите на друго место.

Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Zimska nega na cvekje vo domashni uslovi
Како неопходен услов за соодветна грижа за растенијата е потребата од изложеност на светлина и поблиска поставеност до самите прозорци каде може да навлезе светлина. Не се препорачува да се изложуваат блиску до радијатори или други апарати за домашно греење. За да може напролет да цветаат, во текот на зимата не е потребно да се залеваат, освен ако во станот е многу топло.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Zimska nega na cvekje vo domashni uslovi
Во текот на зимата, освен вода и светлина во домашни услови не е задолжително дополнително хранење, освен за оние видови на растенија кои се очекува да цветаат и тоа: циклама, азалеја, кактуси и слично. За да можат растенијата повторно да цветаат и растат, потребно е само да се отстранат сувите лисја. Дополнително пресадување за растенијата во текот на зимата не е потребно, или доколку самите вие настојувате да се изврши пресадување, потребно е да ја промените само земјата и да ги засадите во друга поголема саксија.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Zimska nega na cvekje vo domashni uslovi
Во однос на наводнувањето на самите растенија, не се препорачува големо количество на вода, доволно е залевање за да спречите исушување на почвата. Одредени видови на растенија како циклама, азалеја и други видови кои можат да опстојат во зимски услови треба да се наводнуваат на два или три дена во текот на седмицата. Редовно оросување е потребно за следните видови на растенија како: бенџамин, папрат и љубичици.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот