Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Nova Godina

2 posters

Go down

Nova Godina Empty Nova Godina

Пишување by Bosonoga Саб Јан 13 2018, 11:37

Vecer se docekuva stara nova godina Vasilica po julijanski kalendar a po nego slavat uste samo nie, rusite i srbite. A u Vevcani ke bide najinteresno pocnuva karnevalot.


Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

Nova Godina Empty Re: Nova Godina

Пишување by Luxor Саб Јан 13 2018, 12:53

Да утре е Василица, а во Струмица во црквата "Свети Кирил и Методиј" ќе бидат изложени моштите на Св. Василиј.

Моштите на Св.Василиј ќе бидат изложени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица

Nova Godina 133524315-98384-1

Во 16:00 часот во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица ќе започне вечерната богослужба по која во оваа струмичка црква ќе бидат изложени моштите на свети Василиј. Моштите исто така ќе бидат изложени и утре (недела).

– Струмица е привилегирана што ги има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, велат свештениците од струмичката Православна епархија.

Тие ги повикуваат верниците денеска и утре да дојдат на поклонение пред светите мошти.

Утре, на празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, во сите храмови во Струмица, согласно светоотечкото предание, со благослов на Митрополит Струмички г.Наум, ќе бидат поделени лепчиња со паричка, а на тој што ќе му се падне паричката ќе добие благословен подарок од владиката Наум.

Nova Godina 26857122_10216243679906933_877681175_n-1

Житие: Обрезание на Господ Исус Христос
Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковното богослужење овој Господов празник нема ниту претпразненство ниту попразненство).


Житие: Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

Nova Godina Obrezanie14012018

Обрезание, по срце и уши


За полесно да го сфатиме настанот на обрезанието на Богочовекот Христос, најнапред треба да се потсетиме на две работи. Прво, на зборовите Христови: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина ви велам, дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè“ (Матеј 5, 17–18). И второ, сè што Богочовекот во Божјиот Домострој направи, за нас и наше спасение го направи, а не за Самиот Себе.

           Читајќи го денешното евангелие (види: Лука 2, 20–21; 40–52), се потсетив на молитвата што ја изговараме на крајот од Божествената Литургија, пред светиот Путир на жртвеникот: „Христе, Боже наш, Ти Самиот си исполнување на Законот и Пророците; Ти си го исполнил целиот спасителен домострој на Отецот, исполни ги со радост и веселост нашите срца, постојано, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин“.

           Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште не е. Со јазикот на православната теологија овие периоди уште се наречени: ’Сенка‘, ’Икона‘ и ’Вистина‘. Што се однесува до нашиот личен (и соборен) духовен живот, овие периоди одговараат на трите нивоа од духовниот развој: чистење на срцето од страстите, просветлување на умот и обожение на целата личност, и душа и тело. Токму поради поврзаноста со овие три нивоа, би сакал да позборуваме за денешното евангелие.

           Ако сакаме да видиме на кое ниво од духовниот развој се наоѓаме, поточно, дали сме на ниво на очистување или просветлување – односно дали живееме согласно Стариот или Новиот Завет, треба само да провериме чии критериуми исполнуваме. Секако, тука има и многу нијанси во однесувањето, односно дали воопшто се подвизуваме или не, и каква е нашата прва реакција по претрпената повреда на нашата суета и високо мислење за самите себе. Еве што вели Стариот Завет: „На оној кој ќе му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој: прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи. И кој удри човек и умре, да биде умртвен“ (3. Мој. 24, 19–21). А еве што вели Новиот: „Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот“ (Матеј 5, 39). „Сте слушале дека е кажано – ’љуби го својот ближен и мрази го непријателот‘. А Јас, пак, ви велам: ’љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат‘“ (Матеј 5, 43–44). Мислам дека со малку искреност и самокритичност лесно ќе дојдеме до одговорот.

           Секако, постојат и уште појасни критериуми за тоа на кое духовно ниво се наоѓаме, кои вие ги знаете, а тоа е дека на првиот степен од духовниот развој молитвата може да биде само усна и умна, како што на вториот степен молитвата може да биде и аскетска умно-срдечна; на третиот степен молитвата може да биде само непрестајна (благодатна) умно-срдечна. Внатрешно, вистинско обрезание има оној што во Црквата го добил од Богородица барем дарот на аскетската умно-срдечна молитва и просветлувањето на умот.

           За оној што не сака – а не дека не може – да биде самокритичен, важат зборовите на светиот првомаченик Стефан: „Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие“ (Дела 7, 51). Дообјаснети од светиот апостол Павле, овие зборови значат: „не е оној Јудеец, кој е таков по надворешност, ниту по обрезанието, кое е надворешно, врз плотта, туку оној кој е внатрешно таков, и она обрезание што е во срцето, по Дух, а не по буква: него ќе го пофалуваат не луѓето, а Бог“ (Рим. 2, 28–29).

Митрополит Струмички Наум

http://strumicadenes.mk/moshtite-na-sv-vasilij-kje-bidat-izlozeni-vo-crkvata-sv-kiril-i-metodij-vo-strumica/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот