Kravata i slobodata
Страна 1 of 1
Kravata i slobodata
I sega se postavuva prashanjeto dali nekoi kravi se popametni od lugjeto...
ВИДЕО: Кравата која ја “одбра слободата”
Не секогаш може да слушнете дека една крава избегала од фарма и избегала за да се придружи на стадо диви бизони. Медиумите во светот се преполни со наслови за кравата која ја “одбра слободата”.
Светот е изненаден од фактот дека стадото диви бизони несебично ја прифатило кравата која уште минатата година избегала од една фарма во Полска. Се претпоставува дека покрај бизоните, кравата нашла засолниште од волци.
После нејзиното бегство за прв пат е забележана во шумите на Бјаловјеза, недалеку од самата граница со Белорусија, а прв кој ја забележал бил орнитологот Адам Зирити, уште во ноември минатата година додека ги набљудувал птиците во оваа област и наишол на стадо диви бизони.
“Не е невообичаено да се види бизон близу до шумата на Бјаловјеза, но едно животно ми го привлече вниманието. Таа имаше сосема поинаква светло – кафеава нијанса, и на тој начин се разликуваше од остатокот од стадото. Бизоните имаат шарени костенливи или темно кафеави крзна”, вели орнитолог Адам Зирити, кој подоцна гледајќи низ двогледот, сфатил дека е крава.
Станува збор за француско лимузин говедо, чие потекло е од Франција, а се одгледува главно во фармите на Полска. Орнитологот Зирити вели дека иако била најмала во стадото со бизони, се чини дека е здрава и ни малку не е исплашена.
Биологот Рафал Ковалцик смета дека кравата најверојатно се приклучила кон стадото, откако бизоните ја спасиле од напад на волци, кои во зима не се ретка појава во оваа област.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот