Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БЛАГОВЕЦ И ВЕЛИКА САБОТА ВО ИСТ ДЕН

Go down

БЛАГОВЕЦ И ВЕЛИКА САБОТА ВО ИСТ ДЕН  Empty БЛАГОВЕЦ И ВЕЛИКА САБОТА ВО ИСТ ДЕН

Пишување by osa Саб Апр 07 2018, 10:31

Благовец и Велика Сабота – како да постите за овој ден, што да направите ако имaтe слава?


Велика Сабота е еден од ретките денови кога тој се поклопува со празнувањето на празникот Благовештение на Пресвета Богородица или познат меѓу народот како Благовец.

Со оглед на тоа што Благовец годинава се поклопува со саботата пред Велигден, кога се уште трае велигденскиот пост и кој за овој ден (Велика Сабота) предвидува строг пост на вода, голем број верници бараа одговор како да се пости на Велика Сабота кога е Благовец.

Отец Бобан Митевски, од Скопската Епархија објаснува како за овој ден да се испочитува постот.

-Со оглед на прашањата поврзани со начинот на постење и празнување на овогодишниот празник Благовештение, по опстојни испитувања и консултации, излезе сходно да го соопштиме следното:

– Начинот на пост на празникот Благовештение, кој оваа година се совпаѓа со Велика Сабота, е на масло, или поточно „јадеме вариво со масло“ (скромно) и „една чаша вино“. За ова, во прилог посочуваме и официјални потврди, вели отец Бобан Митевски.

Бидејќи Благовец во Македонија е една од домашните слави кои што ги практикуваат верниците, отец Бобан вели дека најдобро е чествувањето на славата или именденот на Благовец на оваа Велика Сабота да се одложи.

– Во однос на прославувањето на празникот во форма на именден или домашен празник-слава, препорачувам славењето да се одложи, со оглед на тоа што тој чин е поврзан повеќе со некаква традиција отколку со богослужбениот поредок, во некој ден од Светлата седмица, и тоа од следнава причина: да не се засени со нашето лично славење големината и важноста на денот на Пасхата, чие празнување полека почнува да се објавува од Великиот прокимен на Великосаботната служба, вели отец Митевски

– Начинот на богослужение: според постарите типици правилото е дека празникот Благовештение богослужбено не се поместува, па според тоа се комбинира со другите богослужби со деновите со кои ќе се совпадне. Цариградскиот типик (видено во македонското издание), пак, посочува дека ако овој празник се падне на Велики Петок или Велика Сабота, неговото празнување да се премести на самиот ден на Пасха, со соодветно комбинирање на службата. Секако дека овој аспект свештенослужителите треба да го уредат и спроведат согласно архиерејскиот благослов или, пак, ако се остави на нивното расудување, како ќе биде одлучено од самиот парох или братството, посочува свештеникот на МПЦ-ОА, за начинот на Богослужење на денот кога Велика Сабота се поклопува со Благовец.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот