Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СО НИВ СЕ САКААТ ДА ПОЧНУВА

Go down

СО НИВ СЕ САКААТ ДА ПОЧНУВА Empty СО НИВ СЕ САКААТ ДА ПОЧНУВА

Пишување by TRAJCHE Чет Aвг 02 2018, 19:16

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ не му беа доволни 4 години локална власт за да го заврши својот приоритетен проект
02.08.18 16:56

Две години се релативно долг период, но не доволно долг за евтино да се извртуваат информациите, со цел да се манипулира со граѓаните и да се доведуваат во заблуда, велат од општинската организација на СДСМ – Охрид, а во врска со реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ околу пуштањето во употреба на новата зграда на автобуската станица во Охрид.

Оттаму додаваат дека претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев бил директно инволвиран во управувањето со поранешната локална самоуправа, најпрво како советник и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и како директор на ЈП Нискоградба и добро знаел што СДСМ критикувала за проектот за новата автобуска станица.

– Најпрво критикувавме дека тогашниот градоначалник Бакрачески лаже во својата предизборна програма, во која како прв, приоритетен проект стоеше изградба на нова, современа автобуска станица. И како што гледате, сме биле во право. На ВМРО-ДПМНЕ не му беа доволни 4 години локална власт за да го заврши својот приоритетен проект, па требаше СДСМ да ја превземе локалната за да се комплетира проектот.

– Следно, обвинувавме дека во монтиран и недовплно транспарентен процес продадовте атрактивна парцела од 12.000 m2, по смешна цена од 3.487мкд за метар квадратен на фирма блиска до тогашната власт.

– И на крај, на пресконференцијата што се одржа пред автобуската станица, сегашниот градоначалник, а тогашен советник и координатпр на советничката група на СДСМ Охрид ви укажуваше, по кој знае кој пат, дека најдобар модел за спроведување на ваков проект е јавно-приватно партнерство, при што локацијата и дел од деловните простории би останале во сопственост на градот и граѓаните. – стои во реакцијата на СДСМ.

Социјалдемократите додаваат дека единствената “заслуга” на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на овој проект било продавањето на околу 12.000 квадратни метри градско земјиште, без да образложи за штпо ги потрошиле земените 41.833.540мкд.

-СДСМ никогаш не беше против изградба на модерна и современа автобуска станица, ами против криминалниот и нетранспарентен пристап за реализацијата на овој проект. – се вели во соопштението на Општинска организација на СДСМ-Охрид.

OhridNews

TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 680
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот