Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

10 ПРИЧИНИ

3 posters

Go down

10 ПРИЧИНИ Empty 10 ПРИЧИНИ

Пишување by osa Пон Aвг 20 2018, 12:20

10 причини зошто вашиот партнер несака да се приврзе емоционално


Луѓето се производ од нивните услови и искуства. Но друго нешто што ги дефинира човечките битија се нивните емоционални и психолошки составни делови. Кога на ова ќе се додаде модерната технологија, комплексноста на културата, игрите за состанување и општествените норми, ќе сфатите дека многу нешта влијаат на приврзувањето и посветеноста во врската.

Мажите и жените различно реагираат на стимулите во врската. Истражувањата покажале дека мажите се посклони кон емоционална неповрзаност во врските за разлика од жените. Ако забележите дека вашиот сопруг или момче избегнува да се приврзе за вас или има проблеми со посветувањето на врската, постојат 10 можни причини за тоа.

1. Тој е играч
Една од најочигледните причини за ова е тоа што тој не е сериозен за вашата врска. Воглавно мажите сакат предизвици, па многу мажи ги третираат жените во нивните животи како забава или за полнење на нивното него. Ако партнерот постојано ви дава измешани сигнали, често исчезнува а потоа се појавува со безначајни подароци, големи се шансите да е играч.

2. Претерано работи
Некои мажи јадат, спијат и работат. За нив кариерата е поважна од сè друго во животот. Немаат време ниту трпение за врските во нивниот живот. За нив работењето е најсветото нешто. Овие мажи воопшто не се интересираат за врски.

3. Тој е перфекционист
Совршеноста може да биде добра, но некои мажи ја бараат премногу. Без разлика колку сте добри, ако вашиот партнер спаѓа во оваа група, тој секогаш ќе наоѓа нешто лошо кај вас. Ќе се обидува да ве промени бидејќи не ги исполнувате неговите критериуми за совршенство. На крајот од денот нема да сака да се поврзе со вас бидејќи смета дека не сте доволно добри за него.

4. Премногу е зависен или независен
Преголемата зависност или независност не е добра. Можеби сте сретнале мажи кои постојано бараат одобрување од другите, или го земаат предвид мислењето на нивните мајки за тоа со која девојка да се гледаат. Од друга страна постојат и многу независни мажи кои не можат ни да си замислат да бидат ранливи пред некој друг, дури и ако другиот е нивната партнерка или сопруга. И двата вида имаат проблеми со посветување на врската. Тие избегнуваат да се приврзат емоционално.

5. Лоши минати врски
Друга очигледна причина за избегнувањето на приврзувањето од страна на мажот е некое токсично искуство од врска во минатото. Можеби претходната партнерка или сопруга навистина го повредила, па тој се сомнева во намерите на секоја жена на светот.

6. Проблематично детство
Човекот е производ на минатите искуства, а овде спаѓаат и искуствата од детството. Нашето детство ни ја оформува иднината. Ако вашиот партнер имал лошо детство, немал родители што го сакале, имал родители што се расправале или бил малтретиран, голема е веројатноста да има проблеми со емоционалното поврзување. Поради сите наведени причини него му е навистина тешко да ги искаже своите мисли и чувства, па до некој степен е емоционално недостапен.

7. Финансиска нестабилност
Повеќето мажи се условени да веруваат дека тие се подобри кога станува збор за финансиите во домот. Без разлика колку се „модерни“, длабоко во себе веруваат дека тие треба да имаат поголема плата. Ако вашиот партнер се соочува со финансии проблеми, голема е веројатноста ова да влијае на неговите мир и самодоверба, како и на вашата врска. Тој ќе се чувствува како да не може да ви го овозможи она што го сакате, па нема да се поврзе со вас.

8. Семејни проблеми
Можно е да постои проблем во неговото семејство што му предизвикува стрес. Или, можно е да му дава преголемо значење на мислењето на членовите на неговото семејство за неговите врски.

9. Несигурности
Можеби вие го имате совршеното работно место со одлична плата. Можеби изгледате како вистински супер модел. Во тој случај, голема е веројатноста партнерот да се чувствува несигурно. Тој смета дека можете да бидете со секого кој е побогат и кој изгледа подобро од него. Неговата несигурност ќе има големо влијание на врската.

10. Разни животни цели
Животните цели се навистина важни. Ако вашите и целите на партнерот значително се разликуваат, тој може да мисли дека вие ќе го спречувате во нивното остварување. Исто така можно е да не ги цени или разбира вашите животни избори. И ова ќе го спречи да се приврзе емоционално со вас.

Мажите можат да бидат малку погруби , но и нив им се потребни љубов и внимание. Секогаш имајте на ум дека ако вашиот партнер е емоционално недостапен, или има некој проблем, или не е заинтересиран за вас. Секогаш бидете свесни за вашата вредност и отстапете од врската ако тој не ви дава знак дека некогаш ќе се приврзе за вас.

Знаете ли зошто чувствителниот маж е најдобриот партнер што можете да го имате?


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by misterija Пон Aвг 20 2018, 13:16

Kolku filozofii draga moja Osa....maz sto nejke emocionalno da se povrze so zenkata znaci deka mu fali daska, ne mu se diga na partnerkata i treba da odi na malo psigolosko testiranje.
Kratko i jasno!

Prasuvas zosto cuvstvitelniot maz e najdobar partner..hmmm..jes da nie zenistava sakame vnimanie, dzentlemeni, no sepak mora da poseduva i nekoja maska grubost, mora da ima dobar humor, mora da bideme nekako intelektualno povrzani...abe toa mu doaga poslozena kombinacija...osven cuvstva treba da ima i alat...hahhahahahhaaa..koj treba da znae da go upotrebi neli...(sala)... Laughing Laughing

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by Delta Пон Aвг 20 2018, 13:18

pa so pravis so takov././:ja koa ti vikav ti zapna decko iamk/??
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by misterija Пон Aвг 20 2018, 13:20

delta напиша:pa so pravis so takov././:ja koa ti vikav ti zapna decko iamk/??
Rolling Eyes
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by osa Пон Aвг 20 2018, 13:21

misterija напиша:Kolku filozofii draga moja Osa....maz sto nejke emocionalno da se povrze so zenkata znaci deka mu fali daska, ne mu se diga na partnerkata i treba da odi na malo psigolosko testiranje.
Kratko i jasno!

Prasuvas zosto cuvstvitelniot maz e najdobar partner..hmmm..jes da nie zenistava sakame vnimanie, dzentlemeni, no sepak mora da poseduva i nekoja maska grubost, mora da ima dobar humor, mora da bideme nekako intelektualno povrzani...abe toa mu doaga poslozena kombinacija...osven cuvstva treba da ima i alat...hahhahahahhaaa..koj treba da znae da go upotrebi neli...(sala)... Laughing Laughing


ova ko so sila da barash BAN misterija ....ova ne e moe pishuvanje ,tuku jas go prezentiram toa shto veke nekoj go napishal ,zatoa nemoze da mi se obrakash DEKA PRASHUVAM ...jas neprashuvam ,tuku avtorot na tekstot ..

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by misterija Пон Aвг 20 2018, 13:22

Mislev deka ti si avtorot Razz

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by osa Пон Aвг 20 2018, 13:23


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by misterija Пон Aвг 20 2018, 13:24

Te taka, sega e dobro.
Kakov e tvojot partner bas me zanima, ako smeam da prasam?

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by Delta Пон Aвг 20 2018, 15:12

glej i dikpik da pobar5as.<>?ke te sminka maz ti doma u palvozeleno.//
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by osa Пон Aвг 20 2018, 15:15

misterija напиша:Te taka, sega e dobro.
Kakov e tvojot partner bas me zanima, ako smeam da prasam?

najdobar ,a tvojot ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by misterija Пон Aвг 20 2018, 15:20

Emotivno otupen e troa...ama pogoden e, zasega butkame dobro.

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by osa Пон Aвг 20 2018, 15:21

pa super znachi ...toa "troa" ke go zanemarish i op lux klasa

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by misterija Пон Aвг 20 2018, 15:23

Pa mora vo zivotot po nesto "troa"da zanemarues za da dobies nekoja 'klasa' Laughing

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

10 ПРИЧИНИ Empty Re: 10 ПРИЧИНИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот